Коментари

ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ОД ВРЕМЕТО НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ И ДЕНЕС

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

 „Оставив род и татковина… за светите отци“ е интимно духовно сведоштво за родољубието на словенските македонски браќа од Солун, Кирил и Методиј. Овој став запишан во Службата на Св. Методиј е искрена одбрана на црковното просветителство со кое тој и неговиот брат Кирил ќе спроведуваат и обезбедат величествен историски легитимитет на сесловенската црковна писменост и словено-македонското јазично единство преку Библијата. Нивното христијанско мисионерство се одвива во непријателска средина на тогашна Римо-католичка Европа, каде била дозволена црковна проповед само преку латинскиот, еврејскиот и грчкиот јазик. По неполни 7 века, 1492, и Кристофер Колумбо е испратен од Шпанија да води кампања на христијанизација во двете Америки, но методите на тие мисии вклучувале крвави пресметки со домородното население и негов, непризнаен, геноцид.  

За разлика од инквизицијата во Шпанија, и претходните грчки, бугарски и српски средновековни територијални промени и црковни доминации и дискриминации, Христијанското мисионерство на браќата Кирил и Методиј и нивните ученици, останува да биде единствен пример на врвни Христијански доблести и човекољубие во Европа. Македонските просветители Кирил и Методиј ја промовираат Православното учење меѓу словенските народи и Источното Римско царство, Византија (основано 11 мај 330 година и укинато 1453 година, со падот на Константинопол под Османлиска власт).

Мисијата на православните просветители Кирил и Методиј за словенските народи и Европа од 9-ти век, може да се одреди и како интелектуално движење еднакво значајна со црковно идеолошкото и културолошко движење на Ренесансата наречено хуманизам. Со разлика што Источното Православно Христијанство останува похумано и побогоцентрично од Западното Римо-католичко, тогаш и особено денес. 

„Хуманистичките“ теологии на ренесансната култура, во Италија и Западна Европа, во 14-ти век ќе постанат хибриди на римски и грчки пагански идеали мутирани во христијански доктрини на западната црковна филозофија. Во 9-ти век, кога северната територија на Европа војува и со продорот на паганските Викинзи од денешна Шведска, Норвешка и Данска, а Балканот привидно се смирува по агресијата на бугарските и другите племиња од Азиските степи, границите и демографијата на средна и источна Европа трпат сеуште диви промени.

Во таквата сеуште нецивилизирана Европа, просветителската мисија на браќата Кирил и Методиј успева да се докаже како прво обединувачко движење во духовната култура на словенските народи и генијот на Руската интелектуална величина. За да ги претстават вредностите на Христијанското учење пред Папската црква, Германите и Франките, за да добијат право да ги проповедаат светите книги меѓу словенските народи од Европа, светите браќа Кирил и Методиј постапиле по примерот на Исус и апостолите. Го оставаат својот род, својот македонски народ, својот роден град Солун, и се впуштаат по неодени и непријателски патишта низ сеуште варварска Европа. Осум века по првата христијанска црква во Македонија основана од библискиот просветител Св. Павле, словенските браќа ја носат свеста за својот патриотски идентитет на словенски македонци кои ја шират светата и светла дејност: спознавање на вистината за светот и животот преку божествено инспирираната историја преку библиски настани, ликови и вредности.  

Браќата Кирил и Методиј постанале Новозаветна корекција на стереотипот на Старозаветните Каин и Авел. Еден со друг – заедно, посветени на словенските народи и нивните права на изучување, толкување, преведување, ширење и праведно спроведување на духовните, моралните и световните закони за човекољубие, соработка, развој и слобода на мислење и изразување. Величествените Македонски браќа, денес прифатени за заштитници на Европа, постанаа херои-мисионери кои воделе духовна борба за признавање на словенската вероисповест на постоечкиот старомакедонски јазик, дотогаш неприфатен од црквата, а денес неприфаќан од Европската заедница на народи.  

Иако никогаш не стапнале на територијата на тогашна Бугарија, словенските македонски браќа ги христијанизирале и хуманизирале и Бугарите. Но, Кирил и Методиј не сонувале тогаш дека денес Бугарската државна и црковна политика ќе биде еден од неколкуте најбескрупулозни негатори и фалсификатори на вистината за световната и црковната историја на Македонскиот народ. Сепак, денес постојат милијарди податоци во прилог на одбраната на Македонија. Ниту античкото македонско наследство е исклучително право на Грција, ниту бугарските хегемонистички и денационализаторски конструкти имаат одржливо право да ја негираат и отфрлаат Македонија, како што пред 11 века Римската Католичка Европа го оспорувала старо словенскиот јазик и Православната вера. Кирил и Методиј нив им ги носеле на дар од Македонија како културни, црковни, јазични, книжевни, материјални и духовни содржини од европска Македонија во минатото, како што тоа и’ го даваат на европска Македонија денес.

И во 9-ти како и во 21-ви век, Кирил и Методиј се слават за промотори на легитимниот јазик на Македонците, и за симболи на солидарност и единство со Словенските и Западно европските цркви. Кирил и Методиј и денес се современо значајни и потребни во одбрана на Европските вредности. Од Православното Христијанство (1-ви век, 54-та година, со мисиите на Св. Павле во Македонија), до Римо-Католичкото христијанство од 4-ти век, и потоа, Западна Европа знаела да диктира и да ги подвојува и геополитички ригидно да ги конфронтира народите, кралствата и државите, за жал како и денес. Останува верата. Верувањето дека постојаните промени во световните и верските борби за превласт, преку вето, анатема, блокада, современа инквизиција – нема да оживеат како анахронични атавизми или бустер дози на недобрососедски игри со мирот и менаџирањето на геополитички агенди за и против одредени народи, јазици, култури и културни наследства, како Македонските. 

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top