Коментари

Да сме навистина суверена земја, одамна ќе сеевме и жнеевне она што ни е потребно

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва 

„Нè чека најтешката зима по Втората светска војна“ и „во моментов се прави сè за да обезбеди непречено снабдување со електрична енергија и да се обезбедат сите суровини за производство на електрична енергија. Тоа го прават и сите држави од соседството што значи дека едно такво масовно купување суровини за производство на електрична енергија сигурно ќе влијае врз растот на цените.“ – изјави неодамна премиерот Димитар Ковачевски.  

По најавите за тешка зима, недостаток на енергенси и храна, како и нови повисоки цени, премиерот Ковачевски се обиде да ја смири јавноста. Меѓутоа, веќе никој не верува во оваа власт која во изминатиот период се покажа неспособна во менаџирањето со здравствената, енергетската и економската криза. За жал генезата води до минатото кога речиси ништо не е направено од нивните претходници за да денес се избегнат проблемите со недостаток на енергенсите и прехрамбените продукти.

Иако Македонија е позната како „земја каде што сонцето вечно сјае“, како земја која има доволно вода и како земја на чија почва можат да се одгледуваат многу стока и земјоделски  култури, таа денес се соочува со недостаток на струја, масло за јадење, месо и месни производи и др., а за навна набавка пак исплаќа големи пари.

Од осамостојувањето во 1991 г. до денес во земјата не е направено многу за да се зголемат капацитетите за производство на  електрична енергија, а од друга страна многу стратешки култури престанаа да се одгледуваат. Поради повеќедецениската лоша политика, незнаење или лични интереси, од земја со потенцијал за енергетска и прехрамбена независност, станавме зависна. Државата последната година е доведена во ситуација да издвојува милиони евра за увоз на енергенси, месо и на финални производи од индустриски култури и покрај што има услови за домашно производство.

Кусогледоста на власта предводена од СДСМ и ДУИ дојде до израз по воената руска агресија во Украина. Руската блокада на украинсите пристаништа и неможноста да се извезе над 25 милиони тони пшеница како и бојкотот на САД, ЕУ и НАТО на руската нафта и гас, доведоа до енормно зголемување на енергенсите и прехранбените артикли.

Повеќето европски земји членки на ЕУ и НАТО, навремено презедоа мерки. Некои воведуваат точкици за храна, а некој препорачуваат помалки да се тушираат нивните граѓани за да не трошат струја. Иако власта во земјата како што самата вели на време била известена, не само што не превзела доволно мерки за да ги превенира можните последици од војната, туку по се изгледа дека и понатаму продолжува лагодно да се однесува, иако најавува дека „нè чека најтешката зима по Втората светска војна.“ Изгледа дека пак ќе се молиме за помош кај северниот сосед

Сепак мора да се каже дека за жал, без разлика на политичката гарнитура на власт, тие речиси три децении неодговорно се однесуваат кон овие проблеми. Да беше поинаку досега ќе беше реализиран проектот „Вардарска долина“ (целосно или делумно) и потребите за струја ќе беа задоволени.

Проектот „Вардарска долина“ е стратешки проект на Македонија, со кој се опфаќа рационално и интегрирано користење на водните ресурси и ги задоволува потребите на струја. Овој е стар проект кој потекнува уште од 1932 година, кога Кралството Југославија  побарала од тогашната Лига на народите во Женева да ја финансира изградбата на каналот Морава – Вардар – Егејско Море. Овој воден пат преку Дунав би се поврзувал со Рајна и Северното Море, потоа со подунавските земји и Црното Море, а преку вардар со Егејско Море. Овој проект, доколку бил изграден, денес би го скратувал патот за околу 800 км на бродовите кои од Средна Европа пловат по Дунав, Црното Море и Босфорот, до Средоземното Море, а притоа бродовите не би биле изложени на опасности од мини во Црно Море поради Руско-Украинската војна.

Интерес за овој проект, имало и по Втората светска војна. Меѓудругото со проектот се предвидувала реконстрикција на железничката линија и патната мрежа, а биле предвидени две поголеми хидроцентрали на Вардар: кај Башино Село, кај Велес и Градец кај Удово, кои би овозможиле до заезерувањето до желесничката станица „Зелениково“,а Варадар би бил пловен до Велес. Иако овој проект во Југославија се сметал за еден од најперспективните, но сепак не се реализирал.

По осамостојувањето на Македонија во 1991 година идејата за овој проект повторно била актуелна. Од 1994 до 1999 година за проектот биле заинтересирани Французите. Меѓутоа, тие го напуштиле наводно поради неисплатливост, но постои и друга верзија дека причината била болеста од која беледува ова општество, а која некои од власта велат дека е само „перцепција“.

Исто така, во 2011 година и Кина покажала заинтересираност. По извршените истражувања, тие сметаат дека постои оправданост истиот да се изгради и сметале дека истиот може да се заврши за 10 до 15 години. Според овој проект по течението на Вардар било предвидено да се изградат 12 хидроцентрали од кои две поголеми: Башино Село и Градец. Всушност ако проектот „Вардарска долина“ тогаш се започнеше, можеби досега тој би бил завршен и македонскиот народ не би имал проблем оваа зима со скапа струја.

Покрај што нема доволно капацитети за производство на ел. енергија, Македонија се соочува со недостиг на одредени витални прехрамбени производи. Случајно или не, „шеќерната репка, сончогледот, маслодајната репка, афионот и др. индустриски култури се речиси исчезнати од македонскуте ниви. Од друга страна Македонија троши милиони евра за увоз на финални производи иако има услови за домашно производство.“ Па така, додека народот мака мачи да скрпи крај со крај во месецот, да плати струја, храна и т.н.  некој на сметка на народот си ги полни џебовите!?  

Да сме навистина суверена земја, одамна ќе сеевме и жнеевне она што ни е потребно. Одамна амбарите ќе беа полни со пшеница и сончоглед, а полиците со евтин леб и зејтин. Нивите ќе блескаа во полн сјај, а народот немаше да ги напушта родните места и да бара среќа во туѓина работејќи можеби за повеќе пари, но како славјански роб.

Да сме навистина суверена земја досега ќе ја изградевме „Вардарска долина“ и ќе бевме можеби членка на ЕУ, а вака кога струјата и јагленот достигнуваат енормни цени не смееме да размислуваме ни за воведивање на мали модуларни реактори кои се поставуваат на локации кои не се погодни за конвенционални нуклеарни електрани. Едноставно со нив би се решило редовното снабдување со струја, но ние морама да купуваме струја и јаглен.

Тоа се мали модуларни реактори (SMR), напредни нуклеарни реактори кои имаат капацитет на силата до 300 мегавати. Тие имаат предност што се многу помали од стандарните нуклерни реактори, нивните компоненти се склопуваат во фабрика и се транспортираат како целина до местото каде треба да се гради. Тие се поефтини и го смалуваат времето на изградбата и можат постепено да се градат во склад со порастот на потрошувачката. Во споредба со класичните реактори овие системи се поедноставни и побезбедни во случај на несреќи и катастрофи. Тоа значи дека при вакви состојби не е потребна човечка интервенција за да системот се исклучи. Исто така тие имаат намалена потреба на гориво и полнењето е на секои три до седум години,

Овие единици се одлични за транзиција на термоцентралите кои поради загадувањето на средината треба или да се исклучат или да користат друго гориво. Вградувањето на блоковите во термоцентралите само го намалува времето на изградбата и развојот на проектот, а што е најважно би се обезбедило доволно домашна струја за населението.

За да се спроведат ваквите проекти, да се направи земјата енергетски независна, да има доволно сосптвена храна, потребна е способна влада, а секакао таа не е оваа сегашната на СДСМ и зелената ДУИ.

Потребна е влада со визија, способна да ги реализира проектите, како што тоа го правеше ВМРО ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top