Коментари

Димче треба да се справи со економската и енергетската криза предозвикана од актулениот воен конфликт помеѓу Русија и Украина

1 rubin jovanoski

1 rubin jovanoski

Актуелниот премиер на Република Македонија Димитар Ковачески не може глава да крене од кога го превзеде диригентското стапче од аболицираната личност со иницијали З.З. од село Муртино.

Димче треба да се справи со економската и енергетската криза предозвикана од актулениот воен конфликт помеѓу Русија и Украина.

Ковачески го плаши своето домицилно население дека ќе имаме најлоша енергетска криза.

Ковачевски треба да ја превземе вината од причини што ЕЛЕМ и МЕПСО кои се под државна капа се фирми во кои се вработуваат партиски членови од редовите на плавите момчиња на чело со Димче Могилчето. Иронијата да биде уште поголема се примаат вработени без да се согледа нивната стручност, а клатантен пример за тоа е вработување по вокација фризерка во МЕПСО но, Ковачевски кој има куп проблеми издвои време и заедно со Ахмети и Џафери беше на првенствениот фудбалски натпревар помеѓу екипите на Шкупи и Академија Пандев за да ја прослави шампионската победа на Шкупи.

Колоритна беше паролата на навивачката група на Шкупи под името шверцери.

Сигурно и собранискиот спикер Џафери слушаше на стадионот пцоски и навреди и за жал , тој истиот ги примени во законодавниот дом кога на своите собраниски службеници ги навредуваше со погрдни зборови.

Ваков вокабулар не личи на собраниски спикер.

Многу се плашам Ковачевски да не ја примени на дело паролата на чаирчани, мислам на домашните навивачи шверцери. Нема да биде чудно од причини што неговиот претходник Зајчето бараше јавно само евро за него и неговото братче Вицето.

Дипл. ЕКК. Рубинчо ВИдое Јованоски

Новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top