Коментари

Ламбе Арнаудов: Секој е КОВАЧ на својата среќа, само ти КОВАЧевски си КОВАЧ на МАКЕДОНСКАТА несреќа

lambe-arnaudov

1 Lambe

Сум го живеел својот сега можам да кажам долг живот во една прекрасна голема земја, мојата татковина МАКЕДОНИЈА и уште во четири мали држави САД, Канада, Австралија и Франција и никогаш не сум доживеал да бидам инфериорен спрема некого или супериорен кон останатите околу мене. Можам да кажам дека е тоа блажено чувство што ни со едно друго духовно задоволство не може да се спореди, знак на РАВЕНСТВО помеѓу сите луѓе.

За жал, тоа траеше до пред неколку години, односно до појавата во македонската политика на ЦРНИОТ ВДОВЕЦ кој ја отепа МАКЕДОНИЈА и на својот еднојајчан брат близнак Таче КОВАЧОТ, на македонска несреќа, му остави во аманет да ја дотолчи, разурне и срамни со земја. Овој недоветниот се прави луд, се смее како недугав, ама е крајно опасен, и ако на време не го спречиме, глумејќи дворска будала (што за право и не е далеку од вистината) може да го направи тоа што не им успеало на цареви, кралеви, алијанси, заговорници, да ја избрише МАКЕДОНИЈА пропратено со неподносливо национално понижување.

И, ова не е наивно и за потценување. Затоа што е наоружан со најмоќното оружје во историјата ПРЕДАВСТВОТО.

Оваа година на 24 октомври се навршуваат 77 години од погубувањето на ВИДКУН КВИСЛИНГ кој со своите предавства и злосторства спрема својот народ го даде своето име и удри печат на еден црн термин од кој денешниот демократски свет се згрозува.

Да бидам искрен, до ден денешен, од неговото погубување, не се појавила политичка фигура од таков формат и суштина во Европа, а за жал кај нас двајца одеднаш. И тоа зборува колку е силна и непобедлива МАКЕДОНИЈА, па затоа порачуваме и 2 милиони да сте ќе ве ЗБРИШЕМЕ.

Сличностите се тука на виделина.

Видкун формира петта колона и се стави на чело, и овие двајца истото го направија во Македонија.

Тој, Видкун, тврдеше дека Норвешка е подзаборавена западна провинција на Алеманија – Германија, а овој овдешниов, штетников со хистерично смеење се радува дека МАКЕДОНИЈА е западна Бугарија.

Истиот кај норвешките граѓани упорно се трудеше да го наметне германскиот јазик, овие двајца шутраци го избришаа македонскиот јазик.

Квислинг, не победи на избори, не доби мандат ниту од Кралот на Норвешка, а стана премиер добивајќи го мандатот од Хитлер што е исто и со овие двајца, едниот изгуби на избори и беше збришан со Референдум, другиов ни на крај памет не му паѓа воопшто да излезе на избори.

Ќе ме извинете, ама кој им даде мандат на овие двајца не знам, но знам дека тој кој им ги дал мандатите не и мислел добро на МАКЕДОНИЈА и не и е пријател.

И озлогласениот Норвежанец ги ставал во логори тие кои го бранеле Уставот, поредокот и биле легалисти и приврзаници на Кралот и легалната власт. Исто и овие двајца, нашите УСТАВОБРАНИТЕЛИ и нивните семејства ги фрлија во очај, одмазднички ги втурнуваат во безнадежност, но ги направија посилни и многу почитувани движечки СВЕТЦИ на слободата и честа кај МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Групата командоси кои ја уништија фабриката за тешка вода и спречија Хитлер да направи атомска бомба, Квислинг, од кога ја ликвидира му се пофалил дека го направил за неговиот мецена.

Истото се случи и со палењето на “културниот центар“ во Битола, двајцата се јавија и се пофалија на туѓинци за затворањето на свој сограѓанин.

Најважно од сé, зошто треба да го спречиме Таче е тоа што со ваквиот однос, вазален и непринципиелен, проектот „Отворен Балкан“ може да се претвори во продолжение на несреќниот за нас Букурешки договор и наше целосно исчезнување.

Почитувани граѓани на МАКЕДОНИЈА

Одамна е отворен голем фронт против МАКЕДОНИЈА и од надвор и од соседите, но најмачно и од внатре накотени петтоколонаши, луѓе со тешки кривични дела, тендераши рекетари, мајстори за маркици, свиркачи, кодоши криминалци и сиот друг џган од пеколниот казан македонски, јуришаат на сé што е македонско за да се спасат себе си и да не си го нарушуваат својот комодитет. Ова се тие.

Од другата страна, онаа правата, вистинската на овој фронт сте ВИЕ МНОЗИНСТВОТО надоени со исконското македонско домашно и општо воспитание каде што доминираат ЧЕСТА, ПРАВЕДНОСТА, ОТВОРЕНОСТА И ВОЗДРЖАНОСТА.

Овие свети атрибути човечки се гаранција за ПОБЕДА.

 1prot213

Дојдете сите, кои да сте, од каде и да сте, што и да сте. На 18-6-2022 во Скопје.

Дојдете да го пробиеме МАКЕДОНСКИОТ ФРОНТ, да ја ослободиме МАКЕДОНИЈА од МИКРОБИте кои го јадат, уништуваат македонското ткиво за нивни нечесни цели.

За првпат одиме на фронт за СЕБЕ. Не е ова Солунски ниту Сремски фронт каде гиневме за туѓи интереси. Ова е наш ФРОНТ и мора да го освоиме. Ретка, можеби и последна прилика со фуриозна офанзива да ги протераме предавниците и расипи-државничките елементи во вечна заборав и се избориме за светла слобода за сите нас во МАКЕДОНИЈА, секако без МИКРОБИТЕ.

Господине ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ!

ПОВЕДИ НÉ! Поведи нé затоа што заслужуваш да бидеш наш водач. ТИ веруваме. Твојот незапирлив Од од победа во победа не запира. ВМРО-ДПМНЕ постојано е во предност 2:1 и 3:1, рејтингот ТВОЈ порасна 1500%.

И досега спречи катастрофи, катаклизми и апокалиптични сценарија против МАКЕДОНИЈА. ТИ веруваме безгранично. Заслужуваш. Нема причина да не се радуваме, тоа што го направи со ВМРО-ДПМНЕ уште поревносно и поуспешно ќе го направиш за својот македонски народ и татковината Македонија, кои безгранично ги сакаш.

Таче ковачот на македонската несреќа од 18 јуни ќе те снема како што ја збришавме првата петорка со капитенот Зоран Заев, кои облечени во дресови со македонски симболи играа лажирани натпревари и попуштаа и продаваа на многу послаби петорки од МАКЕДОНИЈА!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top