Коментари

МОНСТРУОЗНО СЦЕНАРИО ЗА БРИШЕЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА

Martin Trenevski 1

1martin1

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ 175)

1. Монструозното сценарио за бришење на македонската нација од лицето на планетата земја, на кое може да му позавиди и самиот Адолф Хитлер, како да го доживува својот климакс!?

Франција, осведочен спонзор на грчките и бугарските фашизоидни настојувања да ги асимилираат македонците што по Балканските војни (1912-1913) останаa во нивните границии, сега повторно – по кој знае кој пат – се истакна како главна перјаница на антимакедонизмот со таканаречениот француски предлог за надминување на ветото што го наметна Бугарија за почетокот на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ.

    Франција, неможејки да се ослободи од комплексот на некогашна величина (!?) на колонијална сила лансира некаков си предлог во којшто бесрамно и бескруполозно ги вгради бугарските фашизоидни ставови, негирања и похлепа кон се што е македонско (што ни го крадат континуирано, особено последниве век и половина) и го понуди на разгледување на останатите 26 членки на ЕЅ на разгледување, иако француските дипломати во Брисел ниту потврдувааат, а ниту негираат дека сепак се работи за официјален француски предлог! Врв на француската ароганција секако преставува и сознанието дека во францускиот предлог за преговарачката рамка со Македонија се инкорпорирани дури записниците на проблематичната меѓувладина “историска комисија” (кои не се ни усвоени ниту од самите комисии од двете страни!!!) што е ми се чини без преседан во светската дипломатија!? Со други зборови, званичен Париз со комплекс на голема колонијална сила од 19от век (небаре се работи за Судан или други земји што ги окупираа и каде извршија невидени злосторства над локалното население) злоупотребувајки ја својата влијателна позиција во ЕУ, многу дирекно им се намета на останатите членки во Унијата со диктат за којшто и владата на Илинденска б.б. треба да се изјасни во стилот “земи или остави” (take it, or leave it).

   И сега на што сме? Факт е дека со потенцијалите со коишто располагаме, но – за жал и со поданичката влада во Скoпjе – спремна да прифати се што ни наметнуваат странците само за да опстане на власт и да може да краде на тендери, да граба пари од Буџетот на сите можни начини, се соочуваме со два крупни проблема – грчкото анимално спорење на самото постоење на македонската нација и на бугарските кражби и присвојувања на нашено минато, сегашност, па дури и иднина!

   Од времето уште на римјаните позната е стратегијата дека е невозможно истовремено успешно да се бориш на два  фронта: “Ниту Херкул не може истовремено против двајца” (Nic Hercules contra duo).  А ако цениме дека Бугарија е сепак послаб противник во споредба со Грција, тогај предлагам прво да се сконцентрираме на проблемот што го создаде источниот сосед. Конкретно, предлагам веднаш да го одбиеме таканаречениот француски предлог и тоа со сериозни – научно поткрепени аргументи за неприфаливоста на тезите пласирани во него! А можеби не е лошо да примениме и малку “шок терапија” (за да ги размрдаме духовите во Брисел и во европските метрополи), со тоа што ке ги прогласиме фашизоидните екстремисти – европратениците Ковачев, Џамбаски и оној Каракачанов, за непожелни личности (persona non grata) за влез во Македонија!? Meрката секако нема да биде популарна, тоа го знам, но барем ќе предизвика реакција во Брисел и дополнителен мотив многу посериозно и поодговорно да му се пријде на проблемот што го создаде и создава и нам, но и ним (на ЕУ) – Бугарија, но и тие што стојат зад неа!

    Иако некои провладини медиуми во Македонија упорно наметнуваат теза дека бугарската блокада е резултат на некакво, наводно, руското влијание и интереси, што не исклучувам како можност (но сепак немам некои опипливи докази), сепак упорно тврдам (а тоа и го имам напишано повеке пати до сега во моите колумни) дека зад овие случувања се грчките интереси и нивната опсесија да присвојуваат се што има бренд “Македонија”, “македонска”, или “македонско”!!! Но грците се вешти византијци (што би рекол нашиот Глигор Прличев “Лицем светци, срцем влци”): пред нас и пред меѓународната јавност глумат доброчинители, а зад грб ни копаат г..б.  Тоа многу јасно го покажа и нивниот министер за надворешни работи Никос Коѕиас при неодамнешната посета на Скопје кога изјави дека Македонија треба да ги почне преговорите за членство во ЕУ. Но истиот тој Коѕиас при превземањето на функцијата министер за надворешни работи многу јасно се легитимира на кои позиции е со изјавата: “Ќе ги примораме скопјаните да се откажат од македонизмот низ процесот на преговорите за членство во ЕУ”. Појасно од ова – здравје!

   До моментот кога го пишувам овој прилог реакциите на членките на ЕУ на францускиот предлог не се јавно искажани. Но енигма е и реакцијата на македонската влада, иако протекуваат и поединечни ставови за можно отфрлање на француската иницијатива.

   На владата на Илинденска б.б. не може да и се верува и доколку сепак се одлучи да го подржи француското сценарио – катастрофално за македонските интереси, тоа треба да биде сигнал за сите нас кои и мислиме добро на оваа земја и народ, да излеземе на улиците на протести, се до нејзиното конечно паѓање и организирање на предвремени избори на кои народот ќе го каже своето, а не некоја корумпирана врхушка на власт.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор  

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top