Коментари

ВРЕМЕ Е ДА ПОЧНЕ ДА СЕ ГРАДИ НОВО КРИЛО ВО ИДРИЗОВО

Martin Trenevski 1

1martin1

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 176)

1. На политичката сцена во нашата ни Македонија владее вистински хаос: секојдневни и застрашувачки поскапувања, невиден пад на стандардот на граѓаните, цените на горивата скоро да надминат две евра за литар (небаре сме Германија), а деновиве бомбастично се најавува поскапувањето на струјата и парното греење….

   Народецот наш – скромен како што си го знаеме, некако се снаоѓа и живурка од денес до утре, а многумина шансите за преживување ги бараат, или наоѓаат, во контејнерите за отпадоци.

   Но најголем баук за нашето нарушено спокојство без дискусија ни доаѓа од европската престолнина Брисел, поточно со фамозниот француски предлог, што сега постана предлог на ЕУ, за евентуално надминување на бугарското вето за почеток на преговорите на Македонија и Албанија за членство во ЕУ. Во една прилика веќе напишав дека на ЕУ не може да и се верува, а тоа го повторувам и во оваа прилика! Па како да им веруваме кога во соменатиот предлог се вградени сите (ама буквално сите) бугарски барања, без респект на ставовите на заинтересираната кандидатка за членство, конкретно Република Македонија!?

   Зачудува и одлуката на фамозната ЕУ за доделување на кандидатски статус на Украина и Молдавија, но не и на Грузија која вложува толку големи напори да се приближи и приклучи на ЕУ.

   Сосема е извесен хаосот во Брисел, поточно во главите на лидерите на 27те земји-членки на ЕУ, та веќе губат компас и носет ирационални одлуки, но ред е да помислат подолгорочно и за последиците од нивните потези.

   Бугарија доживува катарза што нејзините ставови се вклучени во преговарачката рамка за Македонија,  што премиерот Димитар Ковачевски ја одби, а МНР Бујар Османи во неа гледал “добра основа” за разговори!? Каква какафонија во врвот на државата!!! Но наајмногу ме иритира односот на Макрон кој кога беше најзрела ситуација да ги почнеме тие фамозни пореговори процесот го блокираше, а сега нуди некакви квази-решенија во вид на “платформа”.

   Од двоецот Ковачески-Османи се може многу да се очекува, но доколку се дрзнат нешто да прифатат од данајскиот дар што ни го нуди Брисел, тоа треба да ни биде сигнал сите, ама буквално сите што сме на нога да излеземе пред владата, секој ден, (како што предложи и Ивица Боцевски) додека не свати дека мора конечно да си замионе во историјата!!!

2. Таканаречениот Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) објави генерален штрајк со блокирање на улици, раскрсници, пристапни сообраќајници до центарот на главниот град на земјата. Штрајкот е легитимно средство за изразување на незадоволство на вработените, тоа не е спорно, но во конкретнов случај проблемот е што го иницира  н е л е г а л е н  синдикат.

    Зошто го велам ова? Па сегашното таканаречено раководство на ССМ е  и н с т а л и р а н о  во кафеана, на бел лист хартија од министри во владата на ЗЗ, а не на конгрес како што предвидува Статутот на ССМ. Оваа збирштина на профитери кои изиграваат раководство на ССМ и манипулираат со маките на работниците во нормални држави би требало да се предмет заради злоупотреби во обработка на полицијата, Антикорупциската комисија и слични тела и органи, а не да глумат загриженост за правата и стандардот на вработените. Но Македонија, за жал, не е нормална држава во која владеат паравото и законите!!!

3. Читам деновиве дека владата на Црна Гора одлучила да ја намали цената за таканаречениот црногорски “златен пасош” (станува збор за патна исправа што за пари се издава на бизнисмени или други видни белосветски ѕверки кои сакаат да го променат своето државјанство) и наместо досегашните два и пол милиони евра (!), да ја спушти цената на еден милион евра!

   Тоа што одлучила да го прави црногорската влада е нејзѐина работа – иако трпи критики од Брисел, но одлуката ме мотивира да размислам на темата со 214те пасоши што МВР ги издало и л е г а л н о (!), при тоа за 150 пасоши (спооред медиумите)  в  о о п ш т о  нема евиденција КОМУ се издадени.

   Па сега народе македонски, отворено ве прашувам: ако за златен пасош се плаќало во редовна постапка и пор претпоставка дека си чист пред законот (!!!), колку плаќале за македонски пасош белосветските мафијаши за кои читавме во медиите? Колку, на пример, партиципирал шефот на турската мафија кому за само еден ден му е даден македонски пасош и тоа придружуван со полициско возило со ротационо светло???

   И едно подпрашање: што мислите, колку пари им се понудени и дадени на оние десетина несреќници кои земале отисоци, пополнувале формулари или ги фотографирале мафијашите за да им се изготват македонски пасоши? Па ги знаеме процедурите за барање и добивање пасош – не сме мутави и мислам дека ова е еднаод најголемите афери на оваа власт што ја малтретира цела нација со своите злоупотреби и криминали.

   Mислам дека е време да започнат работите за изградба на ново крило во затворот во Идризово бидејки ваква грандиозна афера не смее да остане нерасветлена и неказнета!

4. Анималното изживување на Тодор-Живковска, пардон Кирил-Петковска Бугарија (силно подржана од Макроновата Франција) веќе ги надминува границите на ЕУ и постанува многу сериозен  б е з б е д н о с е н  проблем! На ова многу сериозно предупредува професорот Едвард Џозеф, одличен ознавач на (не)приликите на Балканот. 

  Според Џозеф, “Бугарското малтретирање на Северна Македонија е веќе и проблем на НАТО и американскиот претседател Џо Бајден не може да се дозволи меѓу сојузничките од НАТО, една земја членка да „и се сили” и да малтретира друга земја членка затоа што е поголема или како што е во случајот со Бугарија и Северна Македонија” 

  Професорот Џозеф нагласува дека НАТО е сојуз и САД не миже да толерира агресија кон идентитетот, од позиција на сила! Со Американската афирмација на македонскиот идентитет, нација и јазик, ќе се испрати порака до Софија: „Вие никогаш нема да победите, никогаш нема да го избришете македонскиот идентитет од позиција на сила, што е против принципите на НАТО, ЕУ и САД”, категоричен е професорот Џозеф.

Тој смета дека тоа е сигналот што им треба во Бугарија и на бугарските лидери, како премиерот Кирил Петков, кои сакаат да го решат ова прашање.

5. Од Бугарија и се е можно! Што се не видовме и не доживеавме од источниот сосед кој громогласно не оптужува, помеѓу останатото, и за “говор на омраза”!? Па добро бре соиседи (неможам да ве наречан мили компии – како во песните), како сакате да ве сакаме после сите зла што ни ги направивте овие стотина и педесет години. Како да ги заборавиме окупациите во Балканските војни, во Втората светска војна, злосторствата над невиното население, испокрадовте се што ви дојде до рака од нашите цркви и манастири, а сега брутално го спречувате нашиот напредок кон членство во ЕУ. Јавно ве прашувам: К а к о???

   Па и погоре набројановото не ви беше доволно, сега отворено манифестирате  и р е д е н т и з а м, т.е. територни претензии!!! А големците во ЕУ филозофски гледаат на работите и упорно молчат!? Да видиш и да не веруваш!

   А да прашам:  Дали некој проверил какви се програми, прилози, емисии и семожни други содржини со антимакедонизам секојдневно се емитуваат во Бугарија? Па тоа е вистинска антимакедонска хистерија, а не говор на омраза!!!

   Брисел упорно не реагора, а за почитување на вредностим, стандарди и критериуми – ни збор. Впрочем грижата за регионот на Балганот се чини е на последното скалило на преокупациите на ЕУ, која е преокупирана сега со Молдавија, Украина и попат уште некоја бивша Советка република, о не за сопственото предворје!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top