Коментари

ЖЕШКА МАКЕДОНСКА ПОЛИТИЧКА ПРОЛЕТ СРЕДЕ ПЕКОЛНО ЛЕТО

Martin Trenevski 1

1martin1

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 177)

   1 На Македонија сосема извесно и претстои многу жешко политичко лето! Не само заради високите температури кои, според најавите, ќе се качуваат дури и над 40от Целзиусови степени, туку заради прометејските маки и исусовските икушенија со коишто се соочуваме како држава и нација.

     Од саботата (18ти јуни) пред владата секојдневно се собира многуилјаден народ од целата земја за да го искаже својот гнев и револт за најновото садистичко подметнување што настојува да ни го направи Европската Унија со таканаречениот Француски предлог, а со цел да се презентираат бугарските налудничави барања и севозможни отстапки што се бараат од Реблика Македонија како услов – демек за да сме можеле да почнеме да преговараме за членство во ЕУ. А тие преговори (ако воопшто и почнат еден ден), уште сега се знае, ќе бидат прикаска без крај (neverending story).

    Главниот проблем сепак не го гледам во Брисел, туку – за жал, овде, дома, бидејки на сите нивоа на власта владее таков хаос што човек тешко може да следи кој на која позиција е и кој што подржува или не подржува од таканаречениот француски предлог. Лицето Пендаровски (демек шефот на државата) се пофали дека зборел со францускиот претседател Макрон (на самитот на НАТО неодамна во Мадрид) кој, наводно му рекол, дека неговата дипломатија понудила “модифициран” предлог којшто – според него – бил прифатлив за Македонија. Лицето Бујар Османи, на функција министер за надворешни работи, во негов стил, ултимативно, демек контроверзниот предлог можела да го прифати владата, без да консултира ниту Собранието на РМ, ниту научната или широката јавност!? Па дури во “шарпланински” (УЧК) манир се закани дека ако не се прифати предлогот може да дојде до дестабилизација на Македонија!? А пак лицето Димитар Ковачевски, кој како престолонаслегник го замени лицето ЗЗ на позицијата премиер, е погалантен во понудата, вети дека ќе овозможел “широка распра за да се чуело мислењето на сите заинтересирани страни”.

    Работите во Македонија се случуваат и се менуваат со филмска брзина и многу неизвесно е што ќе биде епилогот од ова зло што ни се случува, но што НЕ Е СЛУЧАЈНО! Тврдам дека сите овие дешавки се само сегменти или епизоди од големото сценарио чија цел е разнебитување на Македонската нација и нејзиното елиминирање од списокот на нации на планетата земја!!! Сценариото е обмислувано до најситен детал од длабоката држава и од оваа, но и од онаа страна на Атлантикот, на порачка од нашите соседи и со помош дури и на некои наши “стратегиски” партнери!? Сите зла, неправди, омаловажувања, негирања, и “Шарената револуција” и таканаречената Тиранска платформа, и промената на името на земјата и уставот, лажираниот попис минатата година, како и овие негации на јазикот, идентитетот, историјата, што ни се случуваа изминативе десетина и повеќе години, а кулуминација е контроверзниот и над се штетниот француски предлог, тоа се  детали од сценариото на длабоката држава чија крајна цел е елиминирање на македонците како нација. Некои наши соседи едноставно не можат да се помират со фактот дека на планетата земја постои нација што се нарекува  М А К Е Д О Н Ц И!!! А процесот на ништење на таа нација го остваруваат во фази, со помош на измеќари како Франција, ЕУ и длабоката држава од обете страни на Атлантикот.

   Но народот го свати ова подло сценарио кое ни се случува и благодарејки на домашните слуги на ѓаволот и платеници и веќе четири вечери масовно излегува на протести пред зградата на владата. Ѕвезда на протестот во понеделникот (4 јули) секако беше Ламбе Алабаковски (тој го запали таканаречениот бугарски културен центар Иван Михајлов во Битола) кој откога ја испеа македонската химна јавно го запали пред илјадниот народ таканаречениот француски предлог. Револтираниот народ ги проби бариккадите, фрлаа јајца и тоалетна хатија, но – на среќа, до инцидент со полицијата не дојде.

    Во вторникот во Скопје допатува шефот на Советот на ЕУ Шарл Мишел да ги убедува скептиците (!) од помалите партии во владината коалиција, но тој најсериозна шанса гледа во Собранието на РМ каде владеачкото мнозинство ги има потребните 61 гласови и се надева дека на тој начин ќе може да го протне за нас неприфатливиот франсуцки предлог.

    А спикерот Талат Џафери (наче дезертер од поранешната ЈНА со чин мајор и еден од командантите на злосторничката УЧК) веќе најави седница на парламентот до крајот на оваа недела играјки на картата на мнозинството пратенички гласови за подршка на иницијативата.

   Но, како и да е, ни Собранието не е помоќно од гласот на народот којшто деновиве покажа одлучност да се спротивстави на обидот за бугаизација на Македонија и ништење на македонската нација, јазик, историја и култура.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР И АМБАСАДОР

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top