Коментари

Александар Џеповски : Уставот на Македонија е пазар или клозет па кој стигне да се празни?

Dzeposki

1Dzeposki

Тоа го наметнува СДС и го спроведува толку доследно и со голем кеиф така да на крај останува само да се види колку другата страна што се насладува и празни така мераклиски … колку ќе плати ? Колку да не е без ич а воедно евроатланските жигола и мецени да не тапнат по рамо.

Колку народи треба да влезат во уставот кога само нели со едно име може сите сите да се опфатат, како граѓани или други. Што ако Ескимите, Патагонците и сите Африканци, Азијати, Латиноамериканци пројават желба ? Мора тогаш и на нив да им се ислонат желбите. Дали може тогаш ние да бараме Макчу Пикчу да се вика Северен Макчу Пикчу, Мадагаскар во Северен Мадагаскар или Мекдоналд кој исто така има име со почеток на М а воедно црвено жолти бои на логото да се вика СЕВЕРЕН МЕКДОНАЛД !?!?

Целата работа се сведува на тоа кој како сака и кој како ќе стигне прави со нас што сака и може да влегуваат кој каде сака, како Бејли интимно кога влегуваше во Собрание и диктираше а  Македончето се крстеше да не му текне да не јоктиса и ничкоса како шлепер жаба. Кога даруваа Преспански, Охридски и добрососедски договори т.е. отрови сите големи мажи кои парадираат гордо со фустани доаѓаа како стројници и сватови да му омажат на Црпко ” неговата ” Македонија за Европа и  воедно закажуваа погреб од големи размери.

Сите да ми простите на изразот што на Уставот на Македонија ставив име клозет и споредба пазар, ама да ставиш Бугари како народ во устав не остава подобра споредба да се опише со гневот мој а се разбира и Ваш. Тие што го убија Гоце Делчев од грб – Бугарите а не Турците кои патем испукаа неколку куршуми и не убија ни една кокошка во Баница, тие истите што ги убија Ѓорче, Александров и илјадници други Македонци а го оставија вампирот Михајлов да живее поради касапските злодела … тие ги направија Нив и Нас Бугари. Ова е да пукнеш од мака и да земеш сто нуклеарни бомби и да ставиш крај на светот за да не се слушаат вакви глупости и да живееш со нив.

НЕКА ПРОДОЛЖАТ ПРОТЕСТИТЕ И НЕКА БИДЕ ОНА ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ. ОСВЕТЛИ ГО И ПОКАЖИ НИ ГО ПАТОТ МИЛИ БОЖЕ, ОВОЈ ПАТ КОЈ ПРОЛЕА КРВ НЕ САМО ЗА МАКЕДОНИЈА ТУКУ ЌЕ БИДЕ И ЗА ТЕБЕ МИЛИ БОЖЕ.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

To top