Коментари

Албанците му забија нож на Македонски народ

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва

По одобрувањето на францускиот предлог во Собранието, а потоа од Владата, во текот на викендот  министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска во Софија го потпишаа билатералниот протокол.

Албанец и Бугарка потпишаа документ, со кој наводно треба да започнат преговорите за влез на Македонија во ЕУ. Меѓутоа, за многумина со прифаќањето на францускиот предлог и потпишувањето на билатералниот договор, „Албанците му забија нож на мнозинскиот македонски народ“, а   според експертите „направен е опасен преседан кој ќе продуцира долгорочно криза“.

Македонскиот народ и неговиот идентитет, јазик, историја и култура се факт. Меѓутоа, сеуште има сили во меѓународната заедница кои упорно го негираат тој факт. Истовремено постојат Македонци кои се воспитани, платени или уценети од нив и кои станаа поголеми Грци и Бугари. Овие луѓе, вметнати во власта со надворешна поддршка, кои работат за туѓи интереси, не го послушаа сопствениот македонски народ, го прифатија францускиот предлог и потпишаа билатерална спогодба која значи посмртно слово за македонскиот народ.

При очи слепи, при уши глуви, овие изроди на македонската нација не сакаа да го послушат мнозинскиот македонски народ и дозволија други да ни ја пишуваат историјата, други да го искорнат јазикот на Македонецот. Ако немаш јазик и неможеш сам да ја раскажеш сопствената историја, ако неможеш да му ја соопштиш вистината на светот, тогаш си никој и ништо, скитница без земја, без тапија на сопствениот дом, кои соседите, слуги на моќни сили, едвај чекаат да ја присвојат. Имено во глобалниот судир на големите сили, важно е кој ќе ја контролира комуникација која оди долж Моравско- вардарската долина.

Македонскиот народ, некогаш моќен и правичен народ, кој секогаш бил на вистинската страна, е страшниот дух кој во во деведесетите повторно излезе од чаробната ламба. Овој дух ги потсети соседите на злосторсвата кои ги извршиле врз него во минатото, на убиените невини цивили (жени, деца и старци) во текот на Балканските, Првата и Втората светска војна, на украдената земја, на украдените подвижни и неподвижни материјална блага, на украдената историја, Стравот дека ќе дојде денот да ја платат сметката ги натера да се обидат да го вратат македонскиот дух во чаробната ламба.

Признавањето на постоење на македонска држава, народ, јазик, историја, за соседите едноставно стана најголем ерес. Истото се обидоа да и го наметнат на ОН, САД, ЕУ и НАТО. Оттука, уште во 1992 година Економскиот совет на ЕЗ, донесе т.н.  Лисабонската декларација со која ни кажа дека можат да не признаат само под име што не го содржи поимот Македонија. Сето друго што и се случуваше на Македонија потоа, од тогаш до денес, е само фарса која треба да го затвори македонското прашање во ламбата скроена во Букурешт во 1913 г.

Како поинаку да се толкува, барањето на Грција за промена на името, која потоа се спроведе, и сега со францускиот предлог во кои се прифатени барањата на Бугарија да влезат во рамката за преговори. ЕУ прави опасен преседан кој ќе предизвика долгорочна криза.

Имено, иако над 70 проценти или мнозинството македонскиот народ беа против францускиот предлог, албанските партии предводени од ДУИ ги предадоа македонските национални интереси и направија пакт со Бугарите за да помине предлогот кој треба да овозможи бугаризација и асимилација на македонскиот народ.

Македонскиот народ долго памети и оваа постапка нема да ја заборави, што набргу може да донесе тензии во земјата.

Од друга страна, обидот Софија Бугарите да влезат во Уставот на Македонија, да ни ја пишува историјата, заедно со неколку политички, продадени души за грст долари или евра, избрани и инструирани историчари, кои ќе занемарат огромен број трудови на историчари од Македонија, а кои немаа да се сложат со понудените дефиниции, како и контролата на говорот на омраза – се што е напишано спротивно на интересите на Бугарија да биде процесуирано – не води во конфронтација со соседите, како од времето на Втората светска војна.

Македонците не се резултат на некакво чудо, ниту на некакви „шпекулативни политички калкулации“. Тоа ЕУ, САД и НАТО добро го знаат. Но, една од бројните причини зошто ова го дозволуваат, води кон претпоставката дека покрај затварањето на македонското прашање, ним им е потребен меѓуетнички судир за потоа да направи од Македонија протекторат, во кој ќе стационира НАТО војска како во Косово и БиХ, за да ја контролира Вардарската долина.

1pro1

Видливо е дека ЕУ и балканските соседи се зачудени и исплашени од македонскиот народ, дека може да им ги поремети сметките.

Тие се прашуваат од каде излезе толку многу народ на протестите, иако со помош на домашните предавници  во минатото направија толку многу за да ги осудат на долгогодишните робии македонските патриоти. Всушност, тие се плашат од правичниот македонски дух кој излезе од ламбата и кој може да им ги смени плановите на Балканот, а кој видливо неможат да го вратат.

Но најмногу се плашат од духот на Александар Македонски или Искендер. Тие добро знаат дека еден ден заради ваквото однесување може многу лесно духот на Искендер да се врати на балканот, да долета до Софија, Тирана, Атина и секое друго место кој чепнал во Македонија, во папокот на светот, во папчаната врска на Славјаните.

Оставете го намира македонски народ и неговата држава, за да не создадете пекол на земјата!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top