Коментари

КАДЕ БЕШЕ НАТО ДЕНОВИВЕ? НА ЛЕТЕН РАСПУСТ ИЛИ ПОБЕГНА ОД ОДГОВОРНОСТ???

Martin Trenevski 1

1martin1

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ 178)

Златното правило во НАТО – ЕДЕН ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА ЕДЕН, беше најбрутално погазено деновиве кога нејзината 30та членка – Република Македонија, беше најгруbo понижена и доведена до безизлез да мора да го прифати француско-бугарското подметнување обвиено во обланда како предлог на ЕУ како услов за симнување на бугарското вето за прием на Македонија во Алијансата.

   Популарниот “Артикл фајв”, т.е. членот пет (5) од “Вашингтонската декларација”  (Основачкиот документ на НАТО од 1949), беше тотално игнориран, што неспорно го доведува во пршање кредибилитетот на самата Алијанса.

Ќе прашате зошто!?

Па бугарското вето за почеток на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ, во суштина беше блокада од членка на НАТО (Бугарија) кон две членки на Алијансата (Македонија и Албанија). Па зарем НАТО не го согледа тоа, за воопшто да не реагира? Осем поединечни изјави на лидери и дипломати од неколку земји членки на НАТО, но исклучиво во функција на претставнци на сопствените земји или нивни министерства, званична реакција во името на Алијансата – не чувме!!!

    Дали господинот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг веќе ужива во летниот распуст некаде далеку на новрешките идилични фјордови на северот, или на Малдивите или било каде на планетава, не е важно, но тој има и заменик генерален секретар и дузини соработници околу него кои биле должни да му скренат внимание дека меѓу три сојузнички земји во алијансата има сериозен проблем за којшто НАТО е  о б в р з а н  да реагира за проблемите меѓу тие три сојузници да не ескалираат во лоша насока, особено не кога е во тек најкрвавата војна на европско тло по Втората светска војна – војната во Украина (со која НАТО е преокупирана) и растечките тензии на бројни жаришта на планетава.

    Има многу слични ситуации на кризи помеѓу членки и нечленки на НАТО кои во минатото се заканувале дури и со војна, а НАТО бил приморан да интервенира! Како најеклатантен пример ќе ја наведеме кризата помеѓу Турција и Грција во 1952 година заради територијални и други проблеми меѓу двете земји што се закануваше со војна,  но тогај НАТО стапи на сцена и го реши пороблемот на многу едноставен и практичен начин: без да има било какви предуслови ги покани и двете земји (Турција и Грција) во членство за да ја смири ситуацијата, но и за да може да ги контролира. Тоа беше во далечната 1952 година, но од тогаш многу работи се видоизменија! Пред седумдесетина години НАТО се соочуваше со заканата на сепоагресивниот сталинизам и ги држеше членките под строга контрола и мобилност, но денес ситуацијата е драстично променета!

Некои членки на Алијансата – најдобар пример е Турција, не прифаќаат НАТО структури да им подготвуваат државен удар за смена на тамошната легално избрана влада, или да ги приморуваат да купуваат оружје исклучиво од една земја производител, наводно заради “зачувувањето на НАТО стандардите”!?

    Бугарското вето кон НАТО-членката Македонија воедно значеше и вето за НАТО-членката Албанија на што некој во она грамадно здание на седиштето на Алијансата во Брисел, чија изградба чинеше една и половина милијарди евра требаше да се загрижи.

    Бугарското вето отвори и многу сериозен безбедносен проблем во регионот на западен Балкан на што НАТО  м о р а ш е  енергично да реагира бидејки реалноста од воен евентуален конфликт беше многу голема. Само за потсетување: бивш министер за одбрана на НАТО членка се закаи дека ке прател тенковски полк во Македонија – исто така членка на НАТО, за да решел некои нивни (бугарски) проблеми. Хипотетичко прашање: дали во таква ситуација НАТО ќе го активираше членот 5 за одбрана на својата членка од евентуалниот напад од друга членка на Алијансата? Звучи идиотски, признавам, ама до тој степен се доведени работите што укажув недвосмислено на конфузијата што постои и во НАТО, а не само во ЕУ поради конфликтот во Украина. А за причините што доведоа до тие состојби можеме на долго и на широко да дебатираме. Нема невини и во двата случаја.

   Не можам а да не го споменам негативниот до степен на непријателски став на Франција, земја сновач на НАТО, кон Република Македонија, исто така членка и  с о ј у з н и к  на Франција во НАТО. Од контроверзната Лисабонска декларација што ја наметна Митеран во 1992 година, до неколкуте брутални сопки што ни ги подметна Емануел Макрон, франција се покажа и се докажа како најголем кончничар на напредокот на Македонија во нејзиниот напредок кон членство во ЕУ, каде и физички и културно-цивилизациски припаѓа. Ангела Меркел пред две години лично отпатува во Париз да го убедува Макрон да не го кочи напредокот на Македонија и Албанија кон членство во ЕУ, но тој измисли некакви си кластери (?) и сепак опстои на оределбата на француската дипломатија да измеќарува (одработува) за интересоире на Грција и Бугарија.

   Најнов бисер на француската антимакедонска политичко-дипломатска кујна секако е таканмаречениот француски предлог за надминување на бугарското вето којшто Париз го наметна како предлог на ЕУ а пратениците на коалицијата СДС-ДУИ во Собранието го изгласаа во саботата (иако на тоа немаа право бидејки тој документ е исклучиво во надлежност на владата) и врз база на тоа во вторникот во Брисел се одржа фото=сесија (фотографирање) пред бројните камери, што во македонската јавност беше напироко промовирана како наводен почеток на преговорите за членство.

   Се прашувам каде е сега Уставниот суд на на Република Македонија да реагира и да ја оспори одлуката за прифаќање на францускиот предлог во македонскиот парламент. Свесен сум: Такво нешто нема да се случи!!!

   A што да се рече за политиката и однесувањето на Франција кон Македонија   во изминативе триесетина години? Таа сеуште очигледно не се отрезнила од сонот за некогашната империја.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен Министер и амбасадор во НАТО

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top