Коментари

ЕУ ја изгуби довербата на Македонскиот народ

doom
????????????????????????????????????

doom Македонска нација

Европската Унија ја изгуби довербата на македонскиот граѓанин, а евроскептицизмот постојано се зголемува.

Ако пред некоја година подршката за членство на Македонија во ЕУ достигнуваше дури до 90%, таа денес е смалена за половина.

Ваквиот голем пад на расположението на македонските граѓанин се должи на начинот на кој таа финкционира.  Триесетгодишниот однос на ЕУ кон Македонија е најсилниот фактор за евроскептицизмот на граѓаните на Македонија.

Се започна на 8 септември 1991 година, со осамостојувањето на Македонија. Уште тогаш Европска Заедница (ЕЗ), се држеше резервирано кон Македонија, иако таа  беше заедно со Словенија единствени ЈУ република кои добија позитивна оцена од францускиот правен експерт Робер Бадингтер. Македонија не беше призната од ЕЗ во 1992 г. заедно со Словенија и Хрватска, нити кога беше призната Босна и Херцеговина, иако последните две немаа контрола на својата територија поради војната која беснееше на просторот на поранешната СФРЈ.

Пред самитот во Лисабон во 1992 година, Грците извршија страшен притисок, организирајќи масовни протести во Атина и Солун, каде насобраната огромна маса Грци хистерично извикуваа „Македонија е грчка“. Тогаш Грците ја ребрендираа Северна Грција со името Македонија и ја поставија звездата на Вергина, ликот на Александар.

Со донесувањето на Декларацијата на ЕЗ на самитот во Лисабон на 27 јуни 1992 година, со која директно беше побарано од Македонија да си го промени уставното име, доколку сака да добие меѓународно признавање од страна на земјите членки на Европската заедница, тие директно застанаа на страната на Грција и ја најавија голготата на македонскиот народ.

Изгласувањето на Декларацијата во периодот кога сеуште не беше склучен договорот од Мастрих за заедничка надворешна политика,  а со која се забранува име што ќе го содржи зборот Македонија или било каква придавка што ќе го содржи тој збор, значеше пораз на тогашната македонска дипломатија и победа на Грција и нејзините поддржувачи. Тие тогаш ги поставија темелите на грчката стратегија со која се предвидува бришење на Македонија од мапата на светот.

По Лисабонскиот самиот во Скопје престојува англискиот министер Даглас Херд, Пред даѓањето тој испраќа сигнали дека Македонија во согласност со Декларацијата мора да изнајде сили да си определи друго име. Тој тогаш ладнокрво на македонскиот претседател му порачува: „Викајте се како сакате, но ние ќе ве признаеме само ако го смените името“

Во почетокот на 1993 година тогашниот претседател на Меѓународната конференција за поранешна Југославија, Сајрус Венс, во обид да ги испегла разликите, предложува Македонија да се нарекува Нова Македонија. Атина и Скопје ги одбиваат предлозите , како што подоцна ги одбиваат и компромисните решенија Република Македонија (Скопје). Ваквиот однос ќе доведе Македонија да биде приморана да прифати решение со кое е примена на 8 април 1993 година во ОН под името Поранешна југословенска република Македонија. Ова решение, според тогашното македонско раководство, требаше да трае само два месеци!

По промената на власта во Грција и најавата на САД дека отвараат канцеларија за врски во Скопје, новиот грчки премиер А. Папандреу на 14 февруари 1994 г. воведе економско ембарго кон Македонија. Најавеното двомесечно ембарго за дисциплинирање на Македонија се претвори во 18 месечно целосно ембарго, кое Македонија ќе ја кошта две милијарди евра. На министерскиот состанок во Јанина, поради кршење на правилата на ЕУ, со кои не се дозволува земја членка самоинцијативно да спроведува ембарго,  беше донесена одлука Грција да оди на суд.

Меѓутоа, Грција никогаш не се појави на суд, можеби поради тоа што во меѓувреме беше потпишана привремената спогодба со која се релаксираа односите меѓу двете држави. Привремената спогодба беше потпишана под притисок на американските дипломати на 13 септември 1995 година од тогашниот министри за надворешни работи Стево Црвенковски и Каролос Папуљас. Со спогодбата се предвидуваше пријателски односи, градење доверба и взаемно почитување на територијалниот интегритет и суверенитет. Набргу потоа, два дена по атентатот врз претседателот Глогоров, Собранието на Македонија ја ратификува спогодбата, го промени државното знаме и Уставот, по што дојде до прекин на едностраното ембарго.

Атентатот на Глигоров никогаш не доби своја разрешница. Никогаш не се дозна кои се атентаторите, и која е позадината на овој атентат? Следствено на тоа, и ден денес сеуште постојат дилеми што навистина се случи во 2001 година, како и сомнежи за трагичната несреќа на претседателот Борис Трајковски во 2004 година.

Речиси три децении Македонија го чека моментот кога ќе започне преговори за членство со ЕУ. Меѓутоа, прво Грција постави вето заради името и откако Македонија го смени за кратко време рампата беше крената. Но набрзо, Бугарија ни постави вето и ја спушта рампата, уценувајќи го македонскиот народ да прифати дека има бугарски корени, дека јазикот му бил западнобугарски дијалект и да влезе бугарското малцинство во земјата во Уставот.

Меѓутоа и покрај сите настани, македонскиот народ веруваше во чесните намери на поголемиот дел  земји членки на ЕУ. Веруваше во демократијата, хуманоста и европските вредности. Цели Три децении македонскиот народ се жртвуваше, се подготвуваше за влез во ЕУ.  Три децении на транзиција и реформи.

Триесет години не лажевте ЕУ!

Народот е уморен од ветувања и лажење од страна на ЕУ.

Македонија треба да бара друга опција, доста беше!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top