Коментари

Александар Бичиклиски : Господине Јакимовски, ако сте киднапирани трепнете …

2bic1
1bicikliski Александар Бичиклиски
Да бидам искрен , очекував поинаков одговор и наратив од господинот Стевчо Јакимовски .Очекував искрено дека ќе подаде рака , дека суетата ќе ја остави зад себе , дека ќе ја критикува власта , дека ќе даде иницијативи и предлози како тоа да се направи и слично…. Но за жал можам слободно да констатирам дека овој сегашниот Јакимовски е бледа сенка на оној Јакимовски што кој што го паметев како извонредно храбар и решителен човек , човек од акција , изграден карактер со свои ставови ….
Трансформацијата делува страшно и очајно. Денес сме сведоци на оркестрирани договорени тв настапи и интервјуа , на кои лидерот на ГРОМ очајно пласира невистини со кои пробува да го деградира ВМРО и Христијан Мицкоски. Се настапува на медиуми блиски до власта во ударни термини со предходно договорени прашања и одговори.Кога сме кај овие медиуми доволно е да влезете во нивните архиви и ќе приметите дека до пред неколку месеци беа најголемите антагонисти на ликот и делото на Стевчо Јакимовски.
Повеќе од јасно е дека дилемата , дали Стевчо одработува за власта притиснат од кривичен прогон или пак пробува да одкине дел од гласачкото тело на ВМРО со кое би си ја зголемил политичката моќ на македонскиот политички простор , за која пишував во предходната колумна е разјаснета. Очигледно некој е под силен притисок и личните интереси ,тоест својата кожичка е побитна , одколку спротиставувањето на националното предавство кое го направи СДСМ и ДУИ.
Тука нема повеќе простор за размислувања од типот дека се работи за суета, лични релации со Христијан или дека се работи за чесни предлози кои се во полза на македонската кауза.
Ќе се задржам на две работи кажана на последното гостување на господинот Јакимовски на ТВ 24 .
“Прво за мене власта не прави фарса . Власта е јасна како денот.Таа е спремна да предаде .И власта си кажува , ние сме за прифаќање на договорот со Бугарија , ние сме за уставни промени,ние сме за внесување на бугарите во уставот. Значи СДСМ ни е јасна како ден .Фарсата е кај опозицијата и
Христијан Мицковски. Проблемот е што овој му асистира на СДСМ во правењето на предавство а ваму пред народот изиграва дека е тој што ја брани Македонија . Еве пример.”
Господине Јакимовски , дури 94 % од македонците и 72 % од целото население во Македонија е против овој договор , кој сам по себе е фарса и ако по нешто е препознатлив е токму по тоа што не е јасен , со многу скриени протоколи и замки . Очигледно само на вас , Таче и Бујар ви е јасно ко ден а ние останатите слепци појма немаме што ни се случува бидејќи така ни кажува Мицкоски.
Кога сме кај став , сеуште македонската јавност чека од вас како опозиционер , јавно јасно и гласно да ги осудите СДСМ и ДУИ за ова национално предавство а не да ни раскажувате колку СДСМ и власта е јасна како ден .
“Ќе одговори ли на прашањето Мицковски зошто месец и пол направи протест кој беше 10 дена пред објавувањето на бугарскиот предлог .За кулминацијата да се достигне 10 дена пред и после тие протести беа само фарса . Мојот предлог беше да се направи еден голем протест што ќе има најмалку 60 000 до 70 000 луѓе , најмалку 700 – 800 автобуси да донесе ме , и замислете ја глетката од фонтана во парк до стоковна куќа Мост.”
Еееее друже Стевче , ВМРО направи партиски митинг со над 70 000 луѓе на кои беа скоро сите опозиционерски партии со чест на исклучоците како ГРОМ , Интегра и итн .Можеби немавте престава за бројноста бидејќи митингот се одржуваше во периодот кога бевте сликани со службено возило и капетанска капа како одмарате на плажа.Знам желбата на секој лидер на помала политичка партија е еден ден да збори пред 70 000 луѓе.
Кога сме кај фарсата , зар не е фарса да се појавите еднаш или два пати на протест итоа не повеќе од 15 мин , а од друга страна уште незавршен истиот преку одредени медиуми кои директно или индиректно ги плаќате да ја напаѓате ВМРО , притоа кажувајки приказни за тоа колку сте видовит и знаете се што се случува во власта?
Зар не е фарса ниту еднаш организирано да дојдете на протестите како политичка партија ,како што направија Левица , Родина ,Социјалиситичка партија, Демократската партија на Србите и итн?
Зар не е фарса еден пакет со вода , барем симболично вие или ГРОМ да испратевте на оние луѓе кои секојдневно дехидрираа на плус 40 пред Влада?
Зарем не е фарса да од позиција на 1 према 10 000 во број на членство ГРОМ-ВМРО да нудите непристојни предлози предложени преку нарачани текстови на купени и заробени медимуми?
Господине Јакимовски , сеуште не е доцна да се преиспитате и со полн капацитет да се придружите на здружената опозиција во борбата за иднината на овој народ и држава.Ставете го националниот пред личниот интерес .Нашите предци на кои не сме им ни до колена , за многу помали нешта гниеле по затвори и умирале за подобро утре на идните генерации.
ПС организатор на митингот беше ВМРО ДПМНЕ а на протестите на кои даде подршка ВМРО и се вклучи со својот капацитет ги органзираше граѓанската иницијатива ” УЛТИМАТУМ НЕ БЛАГОДАРАМ “

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top