Коментари

Тодор Петров : МАКЕДОНЦИТЕ СИ ЈА ВОЗОБНОВИЈА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА, НА ПОДАРОК ОД НИКОГО НЕ ЈА ДОБИЈА!

1odor

1odor Пишува Тодор ПЕТРОВ

Колку да не биде матно: Југославија не ја создаде државата Македонија!

Комунистичката Партија на Југославија (КПЈ), Јосип Броз Тито и Комунистичката Интернационала (КОМИНТЕРНАТА) не го измислија Македонскиот народ!

Македонија била држава и пред Југославија и пред Комунистичката Интернационала и пред САД и пред Царска Русија и пред Велика Британија и пред Франција и пред Германија и пред Австро-Унгарија и пред Отоманската Империја!

Македонците не се креација на Белград, на Цвијиќ и Новаковиќ!

Македонците постоеле и пред комунистите и пред фашистите!

Македонците не се Албанци, Бугари, Грци или Срби!

Македонците постоеле и пред Албанците и пред Бугарите и пред Грците и пред Србите, како политички нации, заедно!

Македонците и во Втората Светска Војна, како и повеќепати порано, воделе национално-ослободителна војна за државност и за ослободување на сите делови на етно-историските граници на Македонија окупирани од Албанија, Бугарија, Грција и Србија, во Балканските војни 1912-1913 година, Македонците во Втората Светска Војна се бореа за ослободување и обединување на Македонија! И го озаконија своето право на самоопределување и самоидентификација како универзално, неотстапно и неприкосновено право на Македонскиот народ на сопствена Македонска држава – Државата Македонија!

Во Првата и Втората Балканска Војна 1912-1913 година, Бугарија, Грција и Србија извршија окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ кој се’ уште трае! Се разбира, ментори им беа големите сили.

Во Втората Светска Војна, Македонците се бореа во сите делови на Македонија заедно со српските, бугарските, грчките и албанските партизани за ослободување на Србија, Бугарија, Грција и Албанија од фашистичките окупатори! Во Втората Светска Војна, Македонците се бореа за ослободување и обединување на Македонија во нејзините етно-историски граници! Во Втората Светска Војна, Македонците ја ослободија и ја возобновија својата држава Македонија само во Вардарскиот дел од етно-историските граници на Македонија, во актуелните гео-политички граници на Републиката Македонија.

Македонија, заедно со Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, во Анти-фашистичката коалиција во Втората Светска Војна се ослободија од фашизмот и ја создадоа Југославија како федерација на шест рамноправни држави и шест рамноправни народи, пренесувајќи дел од својот суверенитет на Југословенската федерација по прашањата за одбраната, економијата и надворешните работи.

Југославија не беше унитарна држава, туку федерација на шест рамноправни држави како републики! Затоа, кога се растури во 1992 година, републиките не извршија сецесија од Србија, туку сукцесија на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), како нејзини рамноправни правни наследници.

Со пренесувањето на дел од својот суверенитет на Југословенската федерација, во 1947 година (тогаш е донесен и првиот Устав на Државата Македонија) републиките не ја елиминираа својата државност! Напротив, покрај југословенското државјанство, сите републики имаа и републичко државјанство, освен Србија, затоа што за српските хегемонисти, цела Југославија беше Голема Србија. Покрај надворешните влијанија, српскиот хегемонизам беше една од главните причини зошто Југославија и се растури. Во рекомпонирањето на федерацијата, Слободан Милошевиќ бараше за сојузното Собрание да се гласа во цела Југославија како една изборна единица, по принципот еден човек еден глас, а не по републики. На ова барање, жестотко се спротиставија Хрватска и Словенија.

Јосип Броз Тито не го исполни ветувањето на Македонската делегацијата на чело со првиот претседател на Президиумот на Анти-фашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија (АСНОМ) како законодавен парламент, Методија Андонов Ченто, Емануел Чучков и Кирил Петрушев од средбата на Островот Вис на 24 јуни 1944 година, за обединување на Македонија! На барањето на Македонската делегација за обединување на Македонија, Тито начелно се согласил, но сметал дека тоа треба да биде подоцна, во некои “подобри“ времиња и односи со големите сили.

Набргу, после Вис, про-српското крило на Комунистичката Партија на Македонија (КПМ), белградските врховисти во Македонија, го ликвидираа Матодија Андонов Ченто и се пресметаа со сите Македонци кои посакуваа суверена и самостојна држава Македонија. Тие чистки траеја се’ до сукцесијата на поранешна СФР Југославија до крајот на 1990 година.

Македонските партизани од Втората Светска Војна не беа комунисти, туку националисти, патриоти и родољуби, се бореа за ослободувањето и обединувањето на Македонија! Колку за потсетување, и Манифестот на Првото заседание на АСНОМ од 2 август 1944 година повикуваше на ослободување и обединување на Македонија, делегатите на АСНОМ беа Македонци од сите делови на етно-историските граници на Македонија, од Пиринскиот и од Егејскиот дел на Македонија! Оваа историја, од КПМ и од белградските врховисти во Македонија беше ретуширана, а фалсификатот генериран во МАНУ. Епилогот беше: Македонското прашање повторно се затвори, во согласност со договорот помеѓу Белград и Атина од Балканските Војни, дека на север од Гевгелија “сите се Срби“, а на југ од Гевгелија “сите се Грци“. Резултат на тоа, за Методија Андинов Ченто се проговори дури откако се растури СФР Југославија, во суверена и самостојна држава Македонија. Македонската Влада на проф.д-р Никола Кљусев го рехабилитира. Децата во Македонија повеќе учеа за српските востанија, отколку за интегралната историја и географија на Македонија.

Време е за повторно семакедонско обединување под слоганот “Македонија на Македонците“, во која сите граѓани, независно од етничкото потекло, верското уверување, социјалниот статус, општествената положба и партиската определба, ќе бидат еднакви во правата и слободите и пред Уставот и пред законите!

Потребно е семакедонско помирување и обединување за раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година година, за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ, за продолжување на членството на Македонија во Обединетите Нации под единственото државно име Македонија!

Македонија вечна од исконот до бескрајот! Сите Македонци еден за друг!

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top