Коментари

Киро Кипроски : од надворешниот непријател лесно може да се одбраниме, а од домашниот тешко и штетата секогаш е голема

2 Kire

  2 Kire

 „Македонија е извор, почеток и лулка на просветата и културата на балканските и европските простори. Наш чесен и свет патриотски долг е достојно и целосно со умот и душата предано да ѝ припаѓаме, да живееме и да говориме за Македонија и за нашата самостојна света Македонска православна црква, за тие вечно да живеат и творат за нас и со нас“, беше пораката што висок црковен великодостојник ја упати пред некое време.

Денес, кога државата се соочува со многубројни предизвици на својот пат кон ЕУ, ваквите зборови добиваат уште повеќе на тежина

Жешко лето, пеколни јулски горештини, метеоролозите прогнозираат дека високите температури ќе потраат, можеби се и најава дека нѐ очекува жешка политичка есен.

Се очекува и денот кога треба да почне разврската на политичкиот јазол што самите си го заплеткавме со избрзаните и непромислени политички потези и направените отстапки на штета на македонските национални интереси, за, божем, некаква замислена и нејасна европска иднина.

Институциите не функционираат, се спроведуваат желбите на неколкумина политички и владини моќници. Расплет нема ниту на незаконски дејанија и злоупотреби на државни функционери. Наместо државните институции да се фатат со работа во интерес на граѓаните, се добива впечаток дека тие само ги засилуваат методите на антидемократијата, на притисоци, на казни за искажано слободно мислење, појави што беа актуелни за еден друг режим и друго време.

Со протоколот што го потпишавме со Бугарија сега над глава ни виси сатарот и за секој изречен збор што можеби нема да му се допадне некому во Софија. Стануваме заробеници во сопствената држава, а веќе почнаа да се изрекуваат казни и суспензии за искажани ставови што не им се допаѓаат на одредени влијателни кругови во државата. Дали овие мерки се само заплашување на вработените во државните институции сами да се дисциплинираат или во наредните месеци тоа ќе биде и редовна практика на нашиот трнлив пат кон ЕУ? Затоа во едни вакви околности на немање политичка визија и стратегија, повеќе политички и економски аналитичари сметаат дека темелите на самостојна, независна и суверена Македонија почнуваат да се разградуваат и раскопуваат.

Постои стара македонска поговорка што вели дека од надворешниот непријател лесно може да се одбраниме, а од домашниот тешко и штетата секогаш е голема.

За жал, токму тоа ѝ се случува и на Македонија.

Има редица показатели за тоа дека токму македонски политичари со своите недржавнички потези, кој помалку, кој повеќе, влијаеле во разнебитувањето на Македонија. Но овој процес како да добива на интензитет последните години со штетните договори што државата ги потпиша со соседите, со цел расчистување на патот кон ЕУ, но со кои, всушност, зацапавме уште подлабоко во живиот песок од кој сега тешко ќе се извлечеме.

А причините за тоа, меѓу другото, се и немање чувство на државност, на македонски патриотизам, непочитување на Уставот и на другите законски прописи, високо ниво на корупција и криминал, владеење со лаги и измами, неслушање на волјата и гласот на народот, голем број политички манипулации итн.

Иако пред јавноста беше претставувано дека со прифаќањето на францускиот предлог и на протоколот со Бугарија широко ќе биде отворена вратата кон ЕУ, се гледа дека тоа воопшто не е така. Отворена е само вратата за понатамошно македонско разнебитување и омаловажување.

Токму поради тоа и изминатиот период беа одржани најмасовни десетдневни протести на Македонците во главниот град Скопје и во другите градови на македонската држава, каде што народот го искажаа својот револт против обидите за разградување на македонскиот национален супстрат.

Секој чесен, одговорен Македонец и жител на Македонија треба да го стави прстот на чело и да се праша кој им дал право на неколкумина политичари да ја распродаваат државата, да нѐ тераат да се откажеме од македонскиот идентитет и македонскиот јазик создавани со векови и кој им дал право, спротивно на Уставот и законите, да посегнат по најсветото на македонскиот народ.

Македонците се чудат и никако не можат да прифатат како одредени политичари на кои македонскиот народ им доверил задача да ја градат државата, да ги бранат македонските државни интереси од туѓи пропаганди и од присвојувањата на македонските вредности, да го зачуваат македонското народно богатство создавано со векови, се учесници во нејзина распродажба.

Еден од позначајните преродбеници на Македонија во 19 век, револуционерот Ѓорѓи Пулевски, е првиот македонист што писмено се искажал дека сме Македонци и дека нашето отечество (држава) се вика Македонија. Иако се самообразовал, тоа не му пречело со огромен труд да постигне многу успеси во научната работа, а се истакнал како учебникар, лингвист, лексикограф, поет и публикувач на македонските народни умотворби.

Во западните краишта на Македонија бил првиот историчар, доследен борец за националното будење, за зачувување на македонскиот идентитет и на македонскиот јазик.

На Балканот, на сите јасно и гласно ќе им каже дека Македонците се посебен народ со свој јазик и идентитет, кој се разликува од сите други. Во своите дела ја искажал големата визија за иднината на Македонија, особено во вториот речник, „Речник от три језика“, објавен во 1875 година.

„Народ се велит људи који се од еден/Род и који зборувајет еднаков збор и који Живувајет и се другарат еден со други и/ Који имајет еднакви обичаји и песни и весеља,/ Тије људите ги викајет народ, а местото во Које живуват народ се велит отечство од /Тој народ./Така и Македонциве се народ и местото/ нивно е Македонија“.

Пред две години, во 2020 година, Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“ го прослави големиот јубилеј, 1.000 години од основањето.

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во словото за 1.000-годишнината на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“ рече:

„Свештената историја на Црквата е преисполнета со светли примери, како на одделни личности така и на духовни центри, кои со својот живот и со својата дејност оставиле особен белег на еден временски период, па дури и на една цела епоха. А овде, во Бигорски, и храмот и конаците, и иконите и фреските, и бигор-каменот и резбите во дрвото, и шумот на недотекливите чешми, чиниш сè е славословие на ист глас и со иста порака! Овој илјадагодишен славеник, кому му оддаваме чест, благодарност и особено внимание, е токму тоа: збир од место и од личности. Бигорски постоел, постои и ќе постои за верниот народ, како што и верниот народ постоел, постои и ќе постои за ова богоблагословено место. Бигорски, сам по себе, е нераскинливо ткиво на дела и делатели, на посветени богољупци коишто твореле и творат свештена историја – историја на спасението.“

  Затоа сите вакви пораки, сите вековни артефакти за постоењето, вековниот континуитет и за посебноста на македонскиот народ и македонскиот јазик треба да бидат и наше упориште и јасен патоказ за во иднина. Македонија има длабоки корени и таа историска вистина никој не смее да ја премолчи

На 8 ноември 2003 година, на православниот празник Митровден беше одбележана 1.000-годишнината од востанувањето на манастирот „Свети Јован Осоговски-Чудотворец“, во близината на Крива Паланка. Во оваа пригода, надлежниот архијереј на Полошко-кумановската епархија на МПЦ, митрополитот г. Кирил, во беседата истакна:

„Македонија е извор, почеток и лулка на просветата и културата на балканските и европските простори. Наш чесен и свет патриотски долг е достојно и целосно со умот и душата предано да ѝ припаѓаме, да живееме и да говориме за Македонија и за нашата самостојна света Македонска православна црква, за тие вечно да живеат и творат за нас и со нас“.

Затоа сите овие пораки, овие вековни артефакти за постоењето, вековниот континуитет, посебност на македонскиот народ и македонскиот јазик треба да бидат и наше упориште и јасен патоказ за во иднината. Македонија има длабоки корени и таа историска вистина никој не може да ја премолчи. Македонија има огромен број историски белези, докази, во сите области што ги потврдуваат и докажуваат посебноста, културата, традициите на македонскиот народ. Така било со векови така ќе биде и понатаму.

Македонските историски, духовни, јазични, идентитетски светилишта припаѓаат на минатото, на сегашноста и на иднината и затоа никој нема право и не може да си земе слобода да ги отуѓува, да ги уништува, бидејќи нашите предци создатели нѐ задолжиле да ги чуваме како зеница во окото, да ги одржувавме, надградуваме и да не ги заборавиме нашите длабоки корени на постоењето.

Автор : Киро Кипроски

Превземено од Нова Македонија

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top