Коментари

Ламбе Арнаудов: Дволичната обвинителка Рускоска

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Целата своја работна кариера во правниот систем на Република Македонија ја имаш поминато како инвалидско помагало во служба на СДСМ. Партиски војник без пардон.

Читам денес и не можам да се изначудам. Бараш помош од САД и ЕУ да ти ја завршат твојата работа за која земаш плата и уживаш низа други погодности и комодитети.

Зошто токму сега кажуваш дека Владата се мешала и вршела притисок врз тебе и другите јавни обвинители, судии и поротници.

Седум (7) години молчиш кога без судење или со фиктивни импровизирани процеси бараше, а твоите другарки од АФЖ-то во судството изрекувавте пресуди заради кои комплетното правосудство црвенееше од срам.

Зошто не побара асистенција кога судските пресуди ги носеа и тебе ти нарачуваа да ги спроведеш максимално исполнително кога тоа од тебе го бараше Заев, Ковачески, Маричиќ и останатите самопрогласени КАДИИ во Македонија?.

Да се разбереме: Не застанувам на страна на никого, најмалку зад раководните структури во финансиска полиција. Знам како работат, го имам почувствувано на свој грб, ама и вашата селективна правда за која нема споредба дури ни во најнедемократските земји во светот кога е во прашање нејзиното практикување е за секаква осуда.

Целиот демократски свет, вклучувајќи ги земјите членки на НАТО, ЕУ и САД, кога ви укажуваше дека пресудите од 211 години за случајот 27 април е срамно потопување на правдата и праведноста, молчевте, а сега веројатно обидувајќи се да скриеш нешто за себе бараш помош. ДВОЛИЧНО И НЕДОЛИЧНО од тебе НЕСПОСОБНА.

Неспособна и нечесна во професијата која ја обавуваш.

Зошто не го уапсиш тој кој што ти врши притисок тебе и на останатите?.

Измешани ви се картите во партијата покер што ја играте сите заедно измамници од прва категорија, а влогот, чипот, сурот и ресурот, сé заедно е народот и граѓанинот поединец обесправен, онеправдан, оштетен од вашите гнасни и подземни игри.

Зошто не примениш правда и правдина кога е во прашање ВМРО-ДПМНЕ, институција со 500.000 гласови капитал, туку со крајни сили се напрегаш да ја елиминираш од политичката сцена само заради што во блиска иднина можеш да одговараш исправена пред твој колега, и ти и Јовески и Кацарска и другите, ама чесен и верен на заклетвата што ја дал пред народот за еднаквост на сите пред законот.

На крај што се криеш зад честа, храброста и патриотизмот на твоите родители пред кои се поклонувам и изразувам длабока почит, кога и самата газиш на нивната чест и достоинство.

Биле измачувани во бугарските фашистички затвори, а твојот почитуван родител (БОГ ДА ГО ПРОСТИ) бил погребан со бугарски куршум во него.

Од почит требаше да го кренеш својот глас, да ги спречиш овие предавства и антидржавни и антинародни дејствија на предавниците во Владата и да постапиш според своите компетенции и задолженија кои што произлегуваат од УСТАВОТ и Законите на Република МАКЕДОНИЈА.

Се прогласуваш ненадлежна, и сега како и во времето на Заев со Преспанскиот договор, а фактички правиш класична злоупотреба на функцијата што ја обавуваш. Каква лицемерност и мимикрија, зборуваш со жесток јазик кој што е преполн со говор на омраза према бугарските фашисти, а од друга страна обвинуваш, нарачуваш пресуди и казнуваш по член од законот со кој што се предвидува затворска казна за говор на омраза. Веројатно боли само кога се работи за свои блиски, во конкретниов случај твоите родители.

Знаев за твоите родители дека се честити, мислев и се прелагав за тебе кога во едно време ме прашаа за твојта чесност и стручност, изразив највисоко мислење.

Не треба да ги повикуваш САД, НАТО и ЕУ, нели судството е независно. Вака и нив ги вовлекуваш заради твојата неспособност и страв да интервенираш и да се исправиш пред предизвикот дека и тие се мешаат и нарачуваат селективно пресуди.

Доволно и по желба на народот е да си заминете и ти и Јовески и Кацарска и сета ваша разбојничка дружина која ја малтретира и уништува правдата во Македонија а со тоа го загрозува Уставниот поредок и правниот систем што во превод значи исчезнување на Република МАКЕДОНИЈА.

Што знам, можеби и тоа ви е крајната цел и на вас и на вашите нарачатели и интервенционисти од оваа ненародна власт.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top