Коментари

Македонци а не Северномакедонци- НИКОГАШ СЕВЕРНА, САМО МАКЕДОНИЈА !

doom
????????????????????????????????????

1doom1 Македонска нација

Името Македонија било длабоко врежано во свеста на македонското население

Македонците каде и да оделе, секогаш со себе го носеле своето име. Така името Македонија можело да се сретне низ целиот Балкан и пошироко (пример: тема Македонија во Тракија и територија во Бесарабија во 9 век, село во Романија во 14 век, Украина 18 век и .т.н.).

Самото име Македонија одсекогаш будело гордост и желба за слобода и самостојност кај македонскиот народ. Поради тоа името Македонија не било посакувано од нејзините поробувачи. Оттука, како што пишува американски весник “The sun” (16.06.1903), Турските цензори протестирале против зборот Македонија од Новиот Завет на Библијата. Едноставно не го сакале зборот кој потсетувал дека Македонија не била нивна земја, туку земја на македонскиот народ, кој некогаш бил така славен и “господар на светот“.

Повторното појавување на името Македонија на географски карти кон крајот на 20 век, име кое одамна беше избришано од светската политичка сцена, предизвика загриженост кај сите оние држави кои во Балканските војни 1912 и 1913 година анектираа делови од територијата на Македонија. Стравот од обединување на поделената Македонија, ги натера овие држави и нивните поддржувачи да продолжат со притисоци и закани, со присвојување на македонското културно наследство и негирање на името и идентитетот, јазикот и црквата на Македонците.

Соседите на Македонците чии држави биле формирани во текот на 19 и 20 век со помош на големите европски сили (Русија, Австри-Унгарија, Обединетото кралство, Италија) и кои со нивна помош ја поделија територијата на Македонија во Букурешт 1913 година, за разлика од Македонците, ниту една од нив немале држава пред Христа.

Свесни за својот хендикеп, тие денес му го негираат името, идентитетот, јазикот на македонскиот народ.

Сите тие како да го заборавиле проклеството што ги следи оние кои се обиделе да чепнат во Македонија и во заоставштината на македонското културно наследство, кое впрочем му припаѓа на македонскиот народ. Нашите соседи како да заборавија на цената која ја платија во Балканските војни, во Првата и Втората светска војна, како и во граѓанската војна во Грција.

Мекедонецот никогаш нема да го заборави геноцидот кој бил извршен врз него како што нема ни да се откаже од името Македонија (НИКОГАШ СЕВЕРНА, САМО МАКЕДОНИЈА).

Едноставно Македонците со векови го носеле тешкото бреме да се зачува гордото и величанствено историско име Македонија. Тие успеале да го сочуваат со векови додека биле под туѓо ропство.

Меѓутоа, додека нашите претци и покрај сите тешкотии кои во минатото ги минувале под разни ропства не се откажале од македонското име, денес во слободна македонска држава предавничката влада на чело со СДСМ си дозволува во име на целиот македонски народ бесрамно и противуставно да се откажува од името, јазикот и идентитето.

Тоа се луѓе со слаб карактер, со мал умствен капацитет, кои заради личниот комодитет, не можат  да го издржат големиот товар на македонското име. Тоа се непромислени луѓе кои не можат да сфатат какво драгоцено богаство распродаваат, а кое впрочем не е нивна лична своина, туку им припаѓа на генерациии пред нас и на генерации по нас. Тоа што тие денес го даваат нема цена и не може да биде замането со ништо.

Еден ден ќе одговараат и тоа дебело, ќе лежат во зандани за Велепредавството кое и го нанесуваат на Македонскиот народ.

Тој што полагал заклетва дека нешто ќе штити и брани по Устав и закон, а поради интерес, ја погазил заклетвата и прешол на другата страна. Степенот на одговорност го квалификува делото на предавство или велепредавство. Таквите функционери се судат по редовна постапка, а понекогаш им се пресудува смртна казна, во редовна или итна постапка.

 Велепредавство е кога владин функционер, за време на своето владеење работи или пропагира против својот народ и држава. Тој што Ве предал поради материја, на пример пари или власт, или и едното и другото.

Гоце Арнаудов има испеано многу убава песна за предавниците кои го продале сопствениот народ. Оваа песна ќе им се пее утре на сите оние кои денес ставаат потпис за редифинирање на македонската држава.

Линк од песната: https://www.youtube.com/watch?v=ppkZCN87hk8

Најново од: Коментари

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Најнови вести

To top