Коментари

OДА ЗА ДВАТА МИНИСТРИ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Martin Trenevski 1
1martin1
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
                                (Цртички и отровни стрелички 179)
   Неодамна почина поранешната министерка за надворешни работи Проф. д-р Илинка Митрева. Изминативе години не напушти уште еден министер за надворешни работи Слободан Чашуле.
   Традицијата вели: за мртвите се најдобро! Ќе се  обидам да ја почитувам оваа традиција, но сепак ќе ја искористам приликата да презентирам и понекој детал за обајцата бидејки со нив имав прилика да работам и во новинарството и во дипломатијата. Истовремено сакам да предупредам и за некорекниот однос на некои македонски медиуми кога станува збор за личности од овој висок ранг и на фактот дека не знаеме да ги вреднуваме сопствените кадри.
   Поранешната МНР Д-р Митрева беше претставена по смртта во најпозитивно светло, со врвни комплименти за нејзините заслуги, додека екс-министерот Чашуле (1945-2015) по починувањето беше претставен од провладини портали со зборовите:”Едно г…о помалку”. Жално и крајно нечовечки!!!
   Д-р Митрева ми беше шефица кога престојував во Скандинавија како вонреден и ополномоштен амбасадор на РМ во Шведска и нерезидентен амбасадор во Финска, Норвешка и Естонија. Неколку сеќавања за нејзината посета на регионот од мојот дипломатски бележник /за авторите на нејзината биографија/. Дојде во звнична посета на Финска со делегација од дури 16 члена (дипломати, новинари, камермани…) Домаќинот, МНР на Финска Ерки Туомиоја официјалната средба на двете делегации ја закажа во приватната резиденција на руските цареви што финците сега ја користат за офцијални средби на високо ниво. Кон средината на разговорите нашата министерка одеднаш напросто експлодира (!?) нервозно извикувајки:”Јас не можам да издржам веќе! Мораме да направиме пауза”! Финецот, ладен како глечер само ја погледна и реагираше:”Колешке не ви е добро?”. “Не, не, само морам да запалам цигара”, реплицираше министерката.
“Во ваш интерес е да не информирате што повеќе за да знаеме како стојат работите во вашата земја и регионот. Предлагам да не губиме време”, рече министерот Туомиоја и им даде знак на неговите помошници да донесат пепелници, со што се надмина проблемот.
   Некаде кон средината на 2005та година ми истекуваше мандатот и од МНР стигна депеша за моето враќање. Терминот за повраок се совпадна со концертот на пок. Есма Реџепова во прочуената сала Финландија, во Хелсинки што го подготвувавме подолго време. Од кабинетот на финската претседателка Тарја Халонен ми стигна известување дека доколку на концертот присуствува и амбасадорот на РМ, дека и таа (претседателката) ке присуствува. Веднаш пратив известување до нашата МНР за новонастанатата ситуација со барање моето враќање да се одложи за недела-две. Но од Скопје стигна реакција од тогашниот генерален секретар во МНР во стилот:”Министерката ве моли да се вратите според планот”. И така и би. Подоцна разбрав дека концертот на пок. Есма поминал незаборавно, а претседателката Халонен и испратила на сега пок. Есма огромен букет рози.
    Турнејата на министерката Д-р Митрева продолжи во Шведска. На ручекот што го приредија во нејзина чест главно се расправаше за состојбите во регионот при што ја презентирав мојата идеја да се разгледа опцијата како можно решение за Косовското прашање да се земе примерот со архипелагот Оланд во Балтичкото море (станува збор за 25.000 мали острови со околу 25.000 жители, од кои 90% се швеѓани. Таму се е на шведски, а архипелагот историски секогаш припаѓал на Шведска, но заради нејзината подршка на Германија во Првата светска војна, Велика Британија наметнала во Лигата на народите тој да и припадне на Финска).
   Мојата идеја не помина бидејки големите светски центри на моќ очигледно имале други идеи на ум. Но идејата очигледно предизвика интерес во Македонија. Делегација на ДУИ, предводена од Муса Џафери /одработувајки за Косово/ го посети архипелагот, а и Хелсинки за подробно да се информира за оваа опција.
   Со Слободан Чашуле работев многу години во редакцијата на Танјуг за Македонија во Скопје. Тој, со пок. Зоран Дограмаџиев беа првите македонски новинари кои заминаа за дописници на Танјуг (Слободан известуваше од Бразил), од кога се разби српско-црногорската блокада за македонски новинари во Танјуг. Важеше за вонсериски новинар (подоцна беше дописник и од Мексико), амбасадор во Мадрид,а беше и полиглот.
   Неговото познавање на странски јазици и новинарски талент ќе биде забележено во новинарските антологии осбено по настапот на Седмата конфееренција на неврзаните што се одржа 1983 година во Њу Делхи. Имено, на шефот на делегацијата на новинари на Танјуг му починала мајката а го именува Слободан за шеф на тимот известувачи. А Слободан, во негов енергичен стил, кога го слушал говорот на Фидел Кастро, на шпански, веднаш правел извештај на срско-хрватски, па кратка верзија и на англиски, португалски ….. Слично било и со говорниците кој настапувале на англиски, португалски, француски јазик. Останатите известувачи бргу ги увиделе капацитетите на Слободан и набргу стекнал углед на човек-агенција и мноштвото новинари буквално ги чекале неговите извештаи.
   Ете само неколку детали од моите искуства со двата сега покојни министри за надворешни работи Д-р Илинка Митрева и Слободан Чашуле.
   Нека почиваат во мир!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top