Коментари

Тодор ПЕТРОВ : МАКЕДОНИЈА ВО ВЕЧЕН СКРИНИНГ НА БРИСЕЛ

1odor

1odor Тодор ПЕТРОВ

Откако, како и многупати порано, Македонија беше жедна пренесена преку вода без датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија во 2018 година, Брисел најави скрининг. Да маткаат, дека се тука… И, медиумите на 27 септември 2018 година објавија вест дека Македонија го започнува скрининг процесот за пристапување во Европската унија.

На 27 септември 2018 година во Европската комисија во Брисел замина 40-члена делегација составена од претставници на повеќе министерства и институции, предводена од вицепремиерот Бујар Османи, која го започна скринингот за поглавјето 23 – правосудство и фундаментални права. Во делегацијата беа и министерката за правда Рената Дескоска.

Вицепремиерот Бујар Османи на прес-конференција рече дека “почетокот на т.н. објаснувачки скрининг е пресвртната точка со која Македонија и формално го почнува последниот дел од патот кон ЕУ.“

Медиумите коментираа дека отворањето на првото од 33-те поглавја од првата фаза значи, дека ќе има 33 посети на Брисел или над 1.000 луѓе кои ќе учествуваат во овој објаснувачки скрининг. Потоа ќе се подготвувала втората фаза или т.н билатерален скрининг што ќе бил уште покомплексен и пообемен. Крајно, скрининг процесот се очекувало да заврши до јуни 2019 година по што треба да започнат и преговорите за членство во ЕУ. Кои повторно тогаш не се случија, останаа само сликите и лагите.

Ова беа вестите во 2018 година. Бидејќи не почнаа преговорите за членство на Македонија со Европската Унија, утешно беше објаснувачкиот скрининг.

Секретаријатот за европски прашања при Владата на Македонија на својата веб-страница на 31 мај 2019 година објави информација дека скринингот е формална и техничка операција што ја врши Европската комисија, со цел да се подготват преговорите за членство и претставува аналитичка презентација на правото на ЕУ и состојбата во земјата кандидат во однос на него.

Поспецифично, како процес, тој има за цел, од една страна – да ги запознае земјите кандидати со правното наследство на Европската Унија и на тој начин да ги подготви за преговорите.

Од друга страна, целта е да се овозможи Комисијата и земјите-членки да го оценат степенот на подготвеност на земјите кандидати, да бидат информирани за нивните идни планови и да добијат прелиминарни насоки за прашањата што ќе бидат најактуелни во преговорите.

Скринингот се спроведува по поглавја, освен за поглавјата: 34 “Институции“ и 35 “Други прашања“, кои се предмет на преговори во последната фаза од процесот на пристапување.

Најпрво се одржуваат објаснувачки состаноци на кои претставници на Комисијата детално го презентираат правото на ЕУ, а потоа билатерални состаноци со секоја држава. По завршувањето на овие две фази, Комисијата подготвува извештај за скринингот и го презентира на Советот.

По извршениот скрининг на соодветното поглавје, Советот одлучува за започнување на преговорите, по препорака на Комисијата. Секретаријатот за европски прашања на 31 мај 2019 година информира, дека “по одлуката на Европскиот совет од јуни 2018 година и обезбедувањето на јасна перспектива за почеток на пристапните преговори во јуни 2019 година, Република ……. Македонија на 27 септември 2018 година започна со фазата на објаснувачки состаноци.“

На 19 јули 2022 година се одржа Политички состанок ЕУ-Македонија на кој се поздрави Протоколот за спроведување на Договорот помеѓу Македонија и Бугарија склучен на 17 јули 2022 година и се препорача впишување на бугарите во Уставот на Македонија, како услов (кој не може да се исполни) за одржување на првата Меѓувладина конференција ЕУ-Македонија на која треба да се утврди Преговарачката рамка за членство на Македонија во Европската Унија.

Најинтересната лага од оваа папазјанија со Европската Унија е: Македонија од 27 септември 2018 година заклучно со 31 мај 2019 година веќе спроведе еден скрининг со Европската Унија.

Арно ама, на 21 јули 2022 година, вицепремиерот Бојан Маричиќ извести дека од септември 2022 година, Македонија повторно ќе спроведе скрининг со Европската Унија кој ќе трае 16 месеци, заклучно со ноември 2023 година, како анализа на состојбата во земјата во однос на усогласеноста на домашното со законодавството на Унијата.

И повторно истата реторика како и во 2018 година: “Овој процес се состои од две фази. Објаснувачки скрининг, кога ЕУ ги презентира клучните правни акти, и билатерален скрининг, кога ние го презентираме степенот на усогласеност на националното законодавство, но и институционалните капацитети и спроведувањето на законите!“

Скринингот, според Маричиќ, иако претставува техничка операција, “мора да се гледа како суштински елемент на пристапните преговори, бидејќи ја дава сликата за сѐ што треба да направи земјата во годините што следат со цел да ги спроведе реформите од ЕУ-агендата и да ги отвори, да напредува и да ги затвори поглавјата и кластерите.“

Скринингот од септември 2022 заклучно со ноември 2023 ќе се одвива на ниво на шест кластери. Според Маричиќ, Македонија има усогласено најмалку 45 отсто од локалното законодавство со она на ЕУ.

Бојан Маричиќ изјави дека процедурата за уставните измени ќе започне по летните одмори. Земјата има обврска за впишување на бугарите во Уставот, пред да се одржи следната Прва Меѓувладина конференција на која ќе се утврди Преговарачката рамка. Маричиќ претпоставува дека таа процедура може да трае повеќе од четири месеци како и уставните измени за Преспанскиот договор, но таа обврска треба да се заврши најдоцна до крајот на скринингот, односно ноември 2023 година.

ВМРО-ДПМНЕ веќе најави дека неговите пратеници нема да гласаат за впишување на бугарите во Уставот на Македонија… Дали Македонија ќе остане во вечен скрининг на Брисел?!

Никогаш северна, само Македонија вечна од искона до бескрајот!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

To top