Коментари

БЕЗ РАЗЛИКА НА ВЕРСКА ИЛИ НАЦИОНАЛНА ОСНОВА, СИТЕ СМЕ ДЕЦА НА МАЈКА МАКЕДОНИЈА

Dzeposki

1Dzeposki Александар Џеповски

Честитки од Унијата на ветерани на ВМРО ДПМНЕ од Сиднеј Австралија за резултатите на советници во Тетово.

Многу Не израдуваа сите Нас Македонците во Австралија, посебно ветераните на ВМРО ДПМНЕ од Сиднеј и околијата, за победата на вонредните избори за советници во советот на град Тетово.

Голема е радоста и чуството за голема победа во сите понатамошни избори што доаѓаат но уште поголема е радоста кај сите поединци, групи и заедници кои едноставно сакаат да ги испратат во заборав коалицијата СДС – ДУИ.

Најповеќе импонира свесната улога кај Албанците кои сакаат Македонија да ја видат во нова и подобра светлина и се борат против темницата од догашната власт полна со криминал и корупциски афери.

1uv1

Унијата на ветерани на ВМРО ДПМНЕ од Сиднеј Австралија им испраќа апел на сите граѓани и држави околу Македонија а тоа се Грција, Бугарија, Србија и Албанија дека сите сме ЕДНО ИСТО – АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ, во која кај сите подеднакво тече крв од Александар Македонски и сите славни Цареви и Империјата Македонија, која од Македонски Полуостов последниве стотици години ја разделија на неколку делови.

Унијата на ветерани на ВМРО ДПМНЕ од Сиднеј Австралија исраќа порака : Да не ги заборавиме Македонците муслимани во Македонија, Истанбул и Измир кои исто така се  наша крв Македонска.

Затоа предлагаме да се воспостави УНИЈА НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ која ќе ги опфати сите овие земји од Македонија, Турција до Црна Гора, со многу лабави граници и без меѓусебни даноци и да ја вратиме силата и славата на Александар Македонски како апсолутен наш водач и идол.

Уште еднаш, големи честитки за победата на вонредните избори за советници во советот на градот Тетово и нека ова биде голема појдовна точка по бесконечна нагорна линија.

Време а за предвремени парламентарни избори, доста беше од оваа предавнича и антимакедонска Влада на СДС и ДУИ.

ГОСПОД ГЛЕДА И ВЕ БЛАГОСЛОВУВА СИТЕ БЕЗ РАЗЛИКА НА ВЕРСКА ИЛИ НАЦИОНАЛНА ОСНОВА, СИТЕ ДЕЦА СМЕ НА МАЈКА МАКЕДОНИЈА.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top