Коментари

ИВАН ТРПОСКИ НА БРАНИКОТ НА МАКЕДОНШТИНАТА

Martin Trenevski 1

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор 

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ 182)

1. Македонското иселеништво, или дијаспора – како што преферираат да ја нарекуваат некоои, е непресушен извор и потенцијал на вредности, творештво, но во прв план браник на македонштината којшто нема сила на светов што може да го сруши! Тоа е сосема природно бидејки македонците ширум светот се слободни луѓе, рамноправни граѓани во демократиите каде што живеат и творат и можат слободно да ги искажат и презентираат своите неограничени патриотски и творечки потенцијали што ги носат во себе инспирирани  од стариот крај и традиции што ги наследиле од генерациите од свои претци.

1ivan

 Дијаспората е бедем и за негување на мајчиниот јазик, без разлика на кој континент нашинците ги однела  судбината, а ќе ги споменам бројните асоцијации, во прв план Литературното друштво “Глигор Прличев” од Сиднеј и “Браќа Миладиновци” од Торонто, Македонскиот просветно-школски одбор од Сиднеј и многу други.

  Најнов пример за изблик на богатото творештво на мајчин македонски јазик секако е монографијата, или според мене автобиографијата на големиот творец на поезија и проза на македонски јазик Иван Трпоски,  еден од челниците на браникот на македонштината во Австралија, член и еден од основачите, и најактивните и најплодни творци (заедно со претседателот Душан Ристевски и многу други) во Македонското литературно друштво “Глигор Прличев”. Иван деновиве го збогати творештвото на македонски јазик со делото:”OВA Е МОЈОТ ЖИВОТ”. Книгата е објавена двојазично, покрај мајчиниот македонски и на англиски јазик.

  Соодушевува сознанието со каква прецизност и фактографија Иван го прикажива својот живот – од најранто детство, преселбата во Австралија, доживувањата и активностите на петтиот континент, но и за неговата љубов и посветеност кон пишаниот збор, во прв план кон поезијата за што сведочат објавените десетици книги песни.

  Ќе ни треба многу, многу простор за да го прикажеме целокупното творештво на Иван Трпоски, но да се задржиме во оваа прилика на најновото дело на братот Иван, кој физички е во далечна Австралија, но со срцето и душата во родна Македонија. Книгата “OВА Е МОЈОТ ЖИВОТ” /THIS IS MY LIFE/ содржи текстови и бројни фотографии на 533 страници, со кои на многу пластичен и лесно разбирлив јазик и стил се доловени неговото детство и живот во родното село Волино, Охридско, семејниот и социјалниот живот во Австралија, но во голем дел и активностите како член и еден од основачите на Литературното друштво “Глигор Прличев” во Сиднеј.

  Многубројни се наградите, признанијата и ордените што мајка Македонија му ги даде сосема заслужено на Иван, а уште побројни се насловите на делата што тој ги створи со неговото плодно перо.

  Силно ја препорачувам книгата “ОВА Е МОЈОТ ЖИВОТ” на проучувачите на македонската дијаспора, а особено на помладите генерации DOWN UNDER, како што популарно ја нарекуваат Австралија, да ја простудираат, бидејки тоа дело е пребогат извор на искуства, идеи, но и пораки и поуки како се сака  и брани татковината.

  На Иван Трпоски му посакувам добро здравје и долг живот и уште многу, многу книги поезија и богато литературно творештво!!!

2. Данајски подарок ни пристигна од Москва. Светиот Синод на Руската православна црква (РПЦ) донесе одлука со која се признава афтокефалноста на сестринската Македонска православна црква – Охридска Архиеписпопија. Во известиеето што беше објавено по тој повод е наведено дека РПЦ ја поздравува одлуката на Српската православна црква за давање томос на МПЦ-Охридска Архиепископија, која московјаните ја третираат како “најмлада православна црква”. Со ваквиот став (Данајски подарок) многу јасно се дава на знаење дека Руската православна црква НЕ ГО ПРИЗНАВА правото на МПЦ-ОА на наследство на древната Охридска Архиепископија која, за љубов на вистината, пред повеќе од еден милениум ги пренесе во православие русите и им даде писменост и православие.

   За жал, се покажа и на дело дека и во црквените работи преовладува политиката, а не канините на коишто толку многу инсистираат црковните великани – секогаш кога тоа им е изговор или оправдание за некои “прагматични” решенија на актуелни црковни проблеми!!!

3. Следнава рубрика слободно може да се помести во оние од категоријата “Верувале, или не!?” и на најгрд начин ја илустрира сервилноста на сегашнава власт кон соседите Грција и Бугарија – по секоја цена и в о секоја прилика да не се спомене македонското име, а истовремено да не се споменваат ни настани и ликови коишто ги илустрираат злосторствата и патолошките заложби на обете соседни држави и нивните режими за бришење на сешто и секого кој е заслужен за Македонија.

   Звучи просто неверојатно, но вистинито е. Ниту една македонска телевизија со национална концесија не сака да ја емитува серијата од 10 епизоди за животот на македонскиот поет и револуционер Коста Солев Рацин снимена пред пет години.  Снимањето е завршено во септември 2017 година, еден месец по потпишувањето на таканаречениот Договор за пријателство со Бугарија. Причина за неемитувањето: во серијата имало сцени на измачувањата на Рацин од бугарски фашистички иследник за време на Втората светска војна, но и сцени за Првото заседание на АСНОМ, за Панко Брашнаров и сл. И на Македонската телевизија неколку пати ѝ била понудена серијата под наслов “Црвениот поет”, но засега без одговор од нивна страна! Наводно, МТВ во 2018 година прифатила серијата да се емитува, арно ама поради финансиски проблеми тоа не било реализирано!?

   До кога? Прашувам до кога ќе се однесуваме вака полтронски кон соседите за да не ни се замериле и игнорантски кон се што е македонско?

4. Неодамна беше објавено дека фамозните комисии за историски прашања на Македонија и Бугарија се договориле да не расправаат и да не носат никакви заклучоци за ликот на Св. Апостол Павле!? Ај јасно ми е зошто бугариве предложиле таков став. Па во Библијата, во посланијата на Св. Апостол Павле, се споменува  М А К Е Д О Н И Ј А (кога Бугарија воопшто и не постоела) што е милениумска планетарна афирмација на името на нашата татковина.

   Бугарија со тоа никако не може да се помири!!! Дури се пласираат и шпекулации (никој нормален и сериозен не би можел ни да помисли, а камо ли да предложи) дека Бугарија размислувала за корекции во Библијата и таму каде што во неја се споменува Македонија, да стоело Бугарија!?

   Стара мудрост е дека глупоста нема гранци, за што потврда е и гореспоменатиот пример!!!

5. Во вторникот (30 август) сите излези од Скопје беа блокирани еден час и половина зареди – замислите: ги менувале семафорите!? Можеме и да претпоставиме каков хаос се создаде бидејки илјадници граѓани брзаа да стигнат, или да појдат на закажани обврски и во и вон градот!!!

   Една порака кон власта и органите задолжжени за вакви “комунални” интервенции: Ало, примитивци од кумановските и подшарпланинските села на власт, смена на семафори, асфалтирање на улици и слични интервенции во цивилизираниот свет се прават во  н о ќ н и т е  часови за да не се ремети нормалното функционирање на државата и нејзините граѓани, а не кога е шпицот на активностите на граѓаните!!! Можете ли  к о н е ч н о  да го сватите и соодветно да постапувате на тоа???

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top