Коментари

Александар Џеповски : За кого бијат камбаните, за Москва, Истанбул или Софија?

Dzeposki

1Dzeposki Александар Џеповски

Има ли некој нормален да одговори на ова прашање или ќе продолжиме да го тупиме до даска и да фаќаме страна со или без причина. Одберете еднаш на кој Бог ќе се молиме, кој водач ќе го почитуваме додека е жив а не после смрт па да кукаме колку бил добар човекот и на кого ќе му подадаме рака иако сите не шутират кога сакаат со или без причина.

Математиката е проста и излезот го знаеме сите ама оние што ги дале задниците под кирија отаде западно од пеколот некако упорно не јаваат со Чичко Сем како поголем феномен и моќ од Исус.  Здравиот разум не работи и да доминира туку пустата надеж дека ќе кркаат безец на редовна база за да имаат за сите нивни пороци и имагинации дека се дел од Холивуд.

Кога е Македонија во прашање јас лично би бил и во сојуз со ѓаволот доколку гарантира вечна Обединета Македоја, со Пирин и Егеј па се така до Цариград.

Софија како идеална заедничка појдовна точка е најнепопуларната опција последниве 140 години која е тотално отпишана од народот и има просперитет кај  неколкку корумпирани политичари преку сребреници.

Истанбул преку Вартоломеј  е отскочна даска и нуди отровна љубов од јужните еѓупци кои имаат голема мака со Таип Ердоган. Со украдена наша античка историја ни го наметуваат префиксот Северна и уживаат не барем пешки стигнале до Месечината по најкраток пат.

Останува на крај Москва која ете ја призна МПЦ-ОА и целата Македонска срж но се уште не е популарна кај “светците” наши политичари  поради скржавоста  да не ни дадат 200 милијарди евра за почеток за тие да им го најдат крајот после неколку месеци.

Изборот е на Македонскиот народ кој е составен од многу Јуди кои моментално се маѓепсани од евра и доларите на Јенките иако само 60 милиони долари се видоа како летнаа по лубриканти во двоцевската заедница.

Изборот е и ваш или пак изборот е на Господ КОЈ САМИОТ ЌЕ ОДЛУЧИ И ДА СЕ НАДЕВАМЕ ВО НАША КОРИСТ.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top