Коментари

Македонија купува оружје или гас во ЕУ против уценувањата на Софија!

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва

Во време на економска, енергетска, здраствена и безбедносна криза, во време кога поради војната во Украина ЕУ се наоѓа на судбоносна раскрсница за нејзиниот опстанок, во време кога Австралија го раскина договорот со Франција за купување на подморници, нашата земја се реши да  подарува оружје на Украина. а да купува противвоздушен систем од Франција за 66 милиони евра. Сето тоа ќе го платат даночните обврзници во Македонија.

Додека други земји членки на ЕУ и НАТО одбиваат да испратат оружје во Украина, заради заштита на својата држава и заради спречување на продолжување на војната во која гинат невини цивили, нашата земја на барање на Украина, а во договор со Брисел му испрати на Киев тенкови Т-72, друго оружје и 4 авиони СУ 25, бидејќи грчки авиони ни го чуваат небото.

И додека земјата се моли да набави поевтин гас, поевтина струја, храна, лекови и вакцини, во пресрет на независноста на земјата 8 септември, Министерството за одбрана најави дека ќе купи противвоздушен систем од Франција за 66 милиони евра, кои треба да се исплатат во рок од четири години.

Купувањето се прави во период, кога според мистерката за одбрана Славјанка Петровска нема закана за напад врз нашата држава, но тоа се прави врз основа за стратегијата и долгорочните планирања.

Но зошто тогаш токму сега се купува овој противвоздушен систем ако нема закана за напад врз нашата држава? Зошто токму сега кога е празна касата, кога државата е пред банкрот и има многу поголеми приоритети за справување со разни прогласени кризи да се издвојуваат пари за Париз? Зошто Франција не го донира тој систем на Киев, туку ни го продава нас?

Одговорот може да биде еден и едноставен. Сите си ги гледаат своите интереси. Сите уценуваат, а Македонија изгледа сака да си купи карта за влез во ЕУ, каде гласот на Франција може да одлучи за анулирање на уценувачкото вето на Софија.

Меѓутоа, војната во Украина, каде во суштина се судираат САД и Русија, ги покажа сите слабости на ЕУ. Додека едни донираат оружје на Киев, други одбиваат тоа да го направат. Додека едни спроведуваат санкции кон Русија, други ги прекршуваат и купуваат енергенси од Москва. Се покажа дека ЕУ е збир на земји кои гледаат само за своите интереси и дека во секој момент можат да му зададат удар на својот конкурент од кој тешко се опоравува. 

Целокупната ситуација, Бугарија пак ја користи да ја уценува Македонија.

Таа бара за влез во ЕУ Македонија да и ја препише целата историја од средниот век до 1944 г. и да признае дека Македонците имаат бугарски корени, а јазикот дека е западнобугарски дијалект.

Во услови кога Берлин и Париз, двете водечки земји на ЕУ, незнаат во кој правец ќе се движи Европската унија, во услови кога Германија и Франција преставувуваат економски џинови клекнати на колена и никој од нив, како и останатите европски земји незнаат како ќе ја поминат зимата и во услови кога сите земји членки гледаат како ЕУ се движи во непознат правец, прашањето е зошто Македонија трча да ги прифати уцените на Софија.

По неодамнешното невреме кое го зафати Скопје, кое беше пропратено со силен ветер, дожд и град,меѓудругото можеше да се видат, не само искршени гранки, билборди и кровови, туку и многу искорнати дрвја од корен. Но сите тие имаа плиток корен и не можеа да ја издржат бурата. Тоа може да биде добар пример за нашите политичари, ако веќе незнаат историја.

Всушност, како поука, секој народ кој има плитки историски корени, било која посилна бура може да го искорне и да го избрише од картата на Европа. Односно ако македонските политичари го прифатат барањето на Софија дека македонскиот народ постои од 1944 година, тогаш македонските дрва при првата наредна бура ќе бидат искорнати од земја, а „Паркови и зеленило- Брисел“, ќе испрати екипа која ќе ги исецкаат на парчиња и ќе ги искористат како огрев за да се справи со енергетската криза, бидејќи Македонците не постојат.

Ако сме независна и суверена држава, Македонија не смее да се откаже ниту од името, ниту од ЕУ, но ниту треба својата иднина единствено да ја гради на несигурната иднина на ЕУ. Исто така Македонија не смее да се откаже од својата историја од антиката до денес, не смее да се откаже од своето многубројно културно наследство, бидејќи Македонија ќе се врати во своето не баш убаво минато кога народот робуваше, а низ земјата царуваше вооружената пропаганда (бугарска, грчка, српска, романска).

Македонија не смее да им верува ни на денешните пропаганди кои доаѓаат од Софија, Атина, Софија, Тирана и Белград, како што не треба да им верува ни на пропагандите од меѓународната заедница. Едноставно Македонија мора да ги следи своите нацинални интереси, треба да се следи патот трасиран на трите Илиндени, на Крушевската Република 1903, АСНОМ 1944 и 8 септември 1991 г. – Денот на независноста.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top