Коментари

Ламбе Арнаудов: ЧУВСТВОТО ЗА СЛОБОДА НА ВМРО-ВЕЦОТ Е СТРАДАЊЕ И ВЕЧНА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА

1 Sm 1 24

1 Sm 1 24

Ламбе Арнаудов

Луѓето, вљубеници во СЛОБОДАТА, колку повеќе сакаш да ги пуштиш и ослободиш, толку повеќе сакаат да ти се вратат за да ти се заблагодарат!

Господине ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ на најсветлиот ден 8-ми септември од поновата историја на МАКЕДОНИЈА, одржавте говор во кој беше содржана сета смисла и безвременост на вредностите кои се негуваат, почитуваат, доградуваат и ставаат печат на вечниот опстој на ВМРО-ДПМНЕ и со НЕГО НЕГОВАТА верна содружничка МАКЕДОНИЈА.

Беше тоа говор и обраќање на човек задоен со космичка љубов и енергија кон своите сопартијци МАКЕДОНЦИ и честити граѓани, но и со многу голема димензија која ги опфаќа сите онеправдани народи кои за жал, и после помината повеќе од една петтина од 21 век, најавен во почетокот како
век на СЛОБОДАТА на сите луѓе на планетава ЗЕМЈА, не се ни близу до истата.

Го излажаа човештвото!

Го излажаа, и најтешко ни паѓа што таа лага и неправда доаѓа од истите структури и нивните традиционални вазални послушници кои затскриени зад искривената франкејшајновска демократија, сурово брутално и крајно нецивилизациски се нафрлуваат на помалите народи и држави, утврдени според нивните квази праведни критериуми.

За жал, без ни трошка вина и со ништо предизвикани низ целиот историски период на борбата на нашите предци до денешен ден или испровоцирани, друг народ, друга држава или меѓународна заедница, бесно, безобразно и дрско се нафрливте врз мојот народ и мојата татковина МАКЕДОНИЈА.

НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ!

Ниту на вас ниту на термитите (замена за срамното име вошки) ама вошки си се вошки насадени од отровната рака на нечестивиот натема го.

Нема да ви помине! Знаете и зошто и зарад КОГО.

Го знаете тоа од порано, но таа блескава ноќ ви се потврдија вашите сомнежи, јанѕа и стравови што ќе ве збришат и разнесат како меури од сапуница. Кусо е траењето на меурите, доаѓа вечноста на љубовта, чесноста и патриотизмот.

Доаѓа ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ со никогаш посилно, поединствено и порешително од било кога ВМРО-ДПМНЕ, вистинскиот бедем од кого ќе се одбијат вашите непринципиелни, ниски, предавнички удари упатени врз сопствениот народ и татковината.

ГОСПОДИНЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ! Ни направивте голема чест и признание нам ВЕТЕРАНИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш, но таа вечер, чувството да се биде ВЕТЕРАН ВМРО-ВЕЦ беше неспоредливо со било каков друг ВОЗНЕС.

Нашата и ВАША Унија на ветерани ја почестивте со тоа што Првата годишна конференција на Унија на Ветерани ја прославивме, благодарение ВАМ, заедно со Празникот на НЕЗАВИСНОСТА и потврдивте колку е значајна нашата улога и влог во удирањето на темелите на НЕЗАВИСНА САМОСТОЈНА СУВЕРЕНА ДЕМОКРАТСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Неизмерно ВИ благодариме за тоа но уште повеќе сме среќни што во вашата спремност за беспоштедна борба до крај за зачувување на МАКЕДОНИЈА, рековте дословно дека во прв ред ќе се потпрете на несебичната решителност и искреното родољубие на ВЕТЕРАНИТЕ.

Ние ВЕТЕРАНИТЕ ВИ потврдуваме: ТАКА БИЛО, ТАКА Е И ТАКА ЌЕ БИДЕ.

На крај уште една порака од нас ВЕТЕРАНИТЕ. Искусни сме и послушајте нé сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, послушајте бели глави и бели бради.

Препознавме во говорот на нашиот ЛИДЕР тек тук дека се појавиле тиквари, предавници зелени, минорни на број кои се придружиле на општите напади врз нашиот ЛИДЕР ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, истиот вокабулар како традиционалните непријатели и предавници на македонскиот род и
МАКЕДОНИЈА.

ЌЕ ВЕ ЗГАЗИМЕ И ПРЕГАЗИМЕ. Немој да помислувате, а не да почнете. Ние, ВЕТЕРАНИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ви порачуваме: “САМО ПРЕКУ НАС МРТВИ“

До тука е дојдено, ќе го чуваме и сочуваме ХРИСТИЈАН, ВМРО-ДПМНЕ и со тоа и МАКЕДОНИЈА.Тоа ние е обврска, завет од нашето ЗАКОЛНУВАЊЕ пред ОЛТАРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ И МАКЕДОНИЈА.

ЛИДЕР НАШ! И другпат сум ВИ КАЖАЛ: Ако тргнеш да си одиш дома и застанам на секое куче што ќе залае никогаш дома нема да стигнам.
Твојот пат е трнлив и полн со сопки, од сите страни ТЕ демнат кучишта, којоти, хиени, а од над ТЕБЕ птици мршојадци.

Ние што те следиме гледаме јасно чист и поплочен пат кон иднината што ТИ пред нас си го исчистил. Чист пат за гордо исправена, среќна, бериќетна и вечна МАКЕДОНИЈА, топол и среќен дом за сите, полн со здравје, радост, среќа и бериќет.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top