Коментари

На Македонија и треба нов Илинден – Четврт Илинден!

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва

По Првиот Илинден во 1903 и Вториот Илинден во 1944 година, на 8 септември 1991 година следуваше Третиот Илинден. Денес на Македонија и треба нов Илинден – Четврт Илинден! Ден кога се каже НЕ на обидите на Бугарија за асимилација на македонскиот народ. Ден кога ќе и се каже НЕ на распродажбата на националните интереси и ден кога ќе се сруши оваа ненародна власт предводена од СДС и ДУИ!

1 Sm 1 1

Во 1990 година беше формирана ВМРО ДПМНЕ (1990), единствена партија која по започнувањето на процесот за разградување на Југославија се залагаше за излегување од федерацијата и за создавање на независна и суверена Македонија. Сето тоа резултираше на 8 септември 1991 година, кога водени од идеалите на двата Илиндени, македонскиот народ го исполни вековниот сон и на референдум се изјасни за самостојна, независна и суверена македонска држава – Република Македонија.

Драган Богдановски, човекот кој претходно лежеше во македонските казамати само заради неговата борба за самостојна Македонија, беше идеологот кој ги обединуваше, ги водеше членовите и симпатизерите на партијата и го трасираше патот за независна Македонија. Тоа резултираше со мирно осамостојување и трновит пат на земјата кон евроатлански интеграции.

Од 1991 година до денес изминаа повеќе од три децении самостојна македонската држава, во кои членовите на ВМРО ДПМНЕ дадоа огромен придонес, Денес тие кои го посветија целиот свој живот и го преживееја тој трнови пат, се ветерани на ВМРО ДПМНЕ со стекнато огромно искуство во градење не само на партијата, туку и на македонската држава.

3061241

Иако искусни, кои сеуште можеа да дадат свој допринос,  во извесен период „белите глави“ беа запоставени. Тоа го препозна лидерот на партијата Христијан Мицкоски и со новиот партиски Статут пред повеќе од една година беше реализирана неговата идеја за формирање Унијата на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ.

По повод оддржувањето на Првата конференција на Унијата на Ветерани на ВМРО ДПМНЕ која се одржа на 8 септември – Денот на неависноста, во историското демирхисарско село Смилево, лидерот на партијата Проф.Др.Христијан Мицкоски на собирот насловен „Чувајќи ја традицијата, создаваме иднина“ ќе рече: „Мудрост е да се имаат овие луѓе до себе и да се користи нивното животно и политичко искуство. Јас секогаш ќе се инспирирам од нивната несмалена енергија и желба за борба за нашата заедничка мајка Македонија. Би рекол татковска, искрена и пламенита љубов за светите букви ВМРО.“

Дека лидерот Христијан Мицкоски беше во право покажаа и активностите на Ветераните кои започнаа со работа пред повеќе од година и пол, а за кои на оваа прва Годишна Конференција Претседавачот на Унија на Ветерани на ВМРО ДПМНЕ Мане Јаковлевски. Тој во својот говор ќе истакне: 

1 Sm 1 1

„Претседателството на УВ на ВМРО ДПМНЕ започна со работа пред 20 месеци и веднаш одпочна со формирање на општински комитети. Активно учествувавме во сите активности на партијата во изминатиот период и остваривме стотици средби, активно учествувавме на изборни активности и на сите протести и митинзи. За само неколку месеци беа формирани 83 УВ во општинските комитети. До денес формиравме 9 УВ во Европа, Америка и Австралија. Организиравме два протести во Штип и Прилеп за ослободување на нашите браќа кои се бесправно осудени од 27 Април.“

Денес кога нашата држава Македонија повторно преживува  големо премрежие, кога некој повторно се обидува да не разнебитни, кога пак се негира македонскиот идентитет, јазик и историја, Мане Јаковлевски во името на УВ на ВМРО ДПМНЕ, кои целиот свој живот го посветиле на идеите на ВМРО и Македонија, од славното Смилево, ќе го испрати следниот АПЕЛ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД:

„ДОЈДЕТЕ БРАЌА И СЕСТРИ ПОД БАЈРАКОТ НА ВМРО,  ДОЈДЕТЕ ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ , БИДЕЈЌИ КОГА СМЕ ОБЕДИНЕТИ НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА И НАШТЕТИ НА НАШАТА МАКЕДОНИЈА.

Ги повикуваме сите граѓани на нашава Македонија да застанат зад браникот на нашата Татковина, да застанат зад ВМРО-ДПМНЕ на чело со Претседателот и иден Премиер  Христијан Мицкоски.

Само сплотени можеме да ја одбраниме нашата Македонија и да им ја обезбедиме иднината на нашите деца и внуци!

Само сплотени ќе покажеме дека Македонија раѓала, раѓа и ќе раѓа синови кои знаат и можат да ја одбранат! Да се обединиме против злото наречено СДС!

Браќа и сестри. Денес одново сме соочени со нова борба. Тоа е борбата да го искажеме нашиот став за договорот со Бугарија кој е изворот на проблемите и асимилацијата кон Македонија.

Мора да се обединиме и масовно да излеземе на Референдум и да гласаме за поништување на договорот со Бугарија.“

Македонија денес е соочена со тешки искушенија, кога Софија со закана на вето за членство во ЕУ бара да се откажеме од нашиот идентитет, јазик и историја. „народот треба на референдум да одлучува дали е за или против Договорот со Бугарија, бидејќи истиот е базата врз кој бугарската држава ја гради својата негаторска политика кон нашата Македонија.

За сите досегашни активности, прво сакам да му се заблагодарам на мојот предходник Драган Демишков-Попето и на сите од претседателството на УВ и раководствата на УВ во Општинските Комитети на ВМРО-ДПМНЕ истакна во својот говор Претседавачот на УВ на ВМРО-ДПМНЕ Јаковлески.

Ветераните на ВМРО ДПМНЕ, како во 1991 година, кога се одлучуваше за осамостојување на Република Македонија, повторно ќе застанат во првите редови и заедно со младите ќе го поведат отпорот против оваа ненародна власт. Едноставно, мора да им се застане на патот на распродажбата на националните интереси, а тоа можеме само ако се држиме до традицијата и ако сме обединети. Оттука Мицковски од Смилево ќе порача:

„ Традицијата е систем на вредности кои ги издржале најсилните удари врз темелите. А, дел од тие темели е славното Смилево, местото колевка на еден од најсилните македонски синови, еден од основачите на ВМРО и прв генерален секретар Дамјан Груев. Борбата за вредностите, слободата, сувереноста и татковината е еден синџир кој поврзува периоди, времиња, порази и победи, луѓе обединети, алка една во друга кои заедно формираат силен синџир кој ако опстои значи дека каузата била исправна и праведна.“

На Македонија и треба нов Илинден – Четврт Илинден! Ден кога се каже НЕ на обидите на Бугарија за асимилација на македонскиот народ. Ден кога ќе и се каже НЕ на распродажбата на националните интереси и ден кога ќе сруши оваа ненародна власт!

Предвремени избори час поскоро се спасот да ја сочуваме нашата заедничка Македонија!

1 Sm 1 61

1 Sm 1 10

1 Sm 1 7

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

To top