Коментари

ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА – ПРИВАТНА ЗАБАВА

Martin Trenevski 1

1martin1

M-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и екс-амбасадор

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 184?)

1. Не можам да одолеам а да не коментирам неколку детали од годинешнава таканаречена прослава на 8-ми септември – Денот на независноста на Република Македонија.

Иако власта глумеше да прикаже дека тој ден е национален празник за сите граѓани на државата (!?), недвојбен е впечатокот дека сепак таа (актуелната власт) си направи приватна забава од која најбескрупулозно и што е наjжално свесно и планирано беше исклучен поголемиот дел од народот, конкретно припадниците и симапизерите на опозицијата! А оние несреќи Пендаровски и Ковачевски не пропуштаа во секоја прилика во своите беседи да повикуваат на потреба за единство, заедништво, сплотеност, неопходна “сега, како никогаш”!?

   Сценаристите и организаторите на таканаречената прослава на Денот на независноста првото промашување го направија на 7 септември, кога на приемот што го приреди спикерот на Собранието Талат Џафери, алијас командант Флорина, еден од командантите на терористичката ОНА – бивш мајор на ЈНА кој дезертирал од касарната во Врање, каде женаму била благајничка и наводно (според тврдењето на еден генерал во емисијата “Во центар” на Васко Ефтов) при бегството си ги понела сите пари од благајната во касарната, биле поканети и двајца поранешни претседатели на Собранието, Стојан Андов (С.А.) и Тито Петковски (Т.П.)! Сметам дека на овие двајцата не им беше место на приемот!!! Па Стојан Андов д е з е р т и р а ш е  на денот кога го реализиравме Референдумот на 8-ми септември 1991! Тој воопшто не се појави на гласачко место тој ден (иако последователно глумеше во монтирано студио дека го прави токму тоа) да се изјасни дали е за суверена Македонија, туку по совет на генерали на КОС се криел во селата помеѓу Богданци и Гевгелија!!! А сега се шепури небаре тој е најзаслужен за успехот на Референдумот. Но историјата ја забележа оваа негова постапка и секако нема да му прости.

    А и лицето Тито Петковски не беше голем ентузијаст за чинот што  го правевме тој 8-ми септември 1991, а беше наклонет повеке кон вториот дел од референдумското прашање:”…со право да се здружи со другите држави од бивша Југославија”. Но тој (Т.П.) е еден од основачите на СДСМ (демек трансформираните поранешни комунисти) и затоа им се вклопуваше да биде поканет на сценаристите на приемот на командантот Флорина во македонското Собрание.

   Вистински скандал е што на контроверзниот прием не беше поканет член на семејството на пок. премиер на п р в а т а  (Експертската) влада на независна Македонија Акад. д-р Никола Кљусев, ниту пак било кој член на таа влада (половината веќе се починати) бидејки токму таа влада, го подготви и го реализираше историскиот референдум за независност, а не Стојан Андов и нему слични.

   Следното големо промашување се случи веќе претпладнето, на 8-ми септември во вила Водно, каде Стево Пендаровски додели ордени на четири заслужни добитници на олимписки медали, кому и јас од срце им честитам. Ама и таков чин во типично македонски стил и манир не може а да не помине без скандал. Јавно го прашувам Стевота: Aлo, Претседателе, зошто орден не му додели и на Аце Русевски, освојувач на бронзен медал во бокс на олимпијадата во Монтреал 1976? Дали ти пречеше што тој и приѓа на опозицијата, или…? И Претседателе, ако на Крсте Црвенковски неодамна посмртно му додели орден, зошто не го одликува посмртно и легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур, учесник на две олимпијади, 1992 во Минхен и 1996 во Монтреал, каде во колективен спорт, кошарка, освои сребрен медал???

   Па може ли оваа ненародна и антимакедонска номенклатура конечно да се ослободи од идеолошките стеги и  гротескната пракса на ретуширање на историјата наследена од комунизмот и да ги гледа и да ги вреднува луѓето според нивните заслуги за татковината, а не според тоа во што веруваат или каде (политички) припаѓаат? Па како сакате и очекувате единство и сплотување со ваквиот одбивен и некараден однос, со игнорирање и понижување на неистомислениците  – вие, узурпатори на власта што ја распродадовте Македонија и се што е македонско???

   Врв на партизацијата на Денот на независноста секако беше одавањето почит на двата поранешни претседатели на Републиката – Киро Глигоров и Борис Трајковски, според соопштението од Кабинетот на Претседателот: “Во Алејата на великаните на градсите гробишта Бутел во Скопје”. Колку за потсетување, пок. Претседател Борис Трајковски НЕ Е сахранет во Алејата на великаните!!! Зошто? Не знам! Дали некој сметаше дека пок. Борис не е достоен да почива до Лазар Колишевски, Видое Смилевски и сличните, или?  Неговото вечно почивалиште е стотина метри подалеку, а недалеку од неговиот гроб почива и првиот премиер на независна Македонија Акад. д-р Никола Кљусев чија влада го спроведе монетарното осамостојување на  независна Македонија, ја формира Армијата на Република Македонија, Македонската дипломатија, со еден збор ги постави темелите на современата македонска држава!

   Колку и да настојуваат идеолошките фундаменталисти (фанатици) од власта да ја игнорираат и избришат од историјата Првата влада на независна Македонија со приватни забави каква што приредија на овој 8-ми септември (слично беше и претходните неколку години), не ќе можат бидејки фактите се неспорни, а и сведоци има сеуште многу.

   А што се однесува до единството и обединувањето, со ваков однос тоа само се разнебитува што, впрочем, можеби е цел на нашите непријатели во стилот на oнаа латинска “раздели па владеј” (divide et impera).

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top