Коментари

Што е силата на ВМРО?

1vmrovmr

1vmrovmr

Каква дизел машина го придвижува ВМРО, наизглед гломазна и масивна но кога ќе тргне горат шините и сама прави нови патишта.

Сите траектории зацртани од белосветските, а богами и многу домашни мешетари и агенции се колажот кој го користат службите кои порано имаа звучно име. Додека поминуваа годините онаа непосредната комуникација беше лајт-мотивот и водечката сила на ВМРО.

Се случувале превирања и тензии но секогаш се наоѓало адекватно решение.

Никогаш не завршиле местенките кои како локална анестезија на 4 години земале данок по еден прст, ама секогаш на истото место никнувале два. Да, чудно е, и чудесно, дури и фантастично, но тоа е ВМРО, она кое создава ИСТОРИЈА.

Ние три децении сме на маргините на општествените крајности и три децении сме сведоци на обиди за систематско уништување на ВМРО – Организацијата од сили однадвор и домашни. За жал (нивни) ВМРО секогаш како Феникс воскреснува од пепелта на нашите претци.

Кажете ми една единка која се спротивставила на организацијата а останала во ВМРО?

Дали тие биле секретари, бивш лидер, бивши министри, хармоникаши, самонаречени идеолози и создавачи на нови партии по урнекот или со името на ВМРО, тие се дамките и дупките!

Кои од овие останаа под политичкото небо?

Ќе ви одговорам. Никој, ама баш никој!

Стотици локални и државни фактори или самозамислени фактори тргнувале против Организацијата.

Дали знаете каде се сега?, ТАКА ЌЕ БИДЕ И СЕГА И ВО ИДНИНА!!

Секој просечен познавач на политичките состојби во државата знае што значи ова и каква голема бројка е тоа на луѓе кои биле ПРОТИВ ВМРО, а сега се или згазени или конвертирани, сите тие се на буниште.

Трето нема.

Да живее Републиката!

Да живее ВМРО!

1goce markov  Гоце Марков

Најново од: Коментари

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Најнови вести

To top