Коментари

Ламбе Арнаудов: Ковачевски, трајно неспособен ДЕЗЕРТЕР, КУКАВИЦА, ПАТОЛОШКИ ЛАЖГО

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Има една стара народна мудрост која гласи: “ПОДОБРО СЕДИ МИРНО И МОЛЧИ СИТЕ ДА МИСЛАТ ДЕКА СИ ГЛУП, ОТКОЛКУ ДА СТАНЕШ, ДА ПРОГОВОРИШ И ДА ПОТВРДИШ ДЕКА НАВИСТИНА СИ ГЛУП.“

Денес го направи токму тоа, проговори и потврди дека навистина си е глуп, трајно неспособен дезертер, патолошки лажго и кукавица.

Дека си трајно неспособен и без медицински наод и потврда се гледа со голо око од ШАР ПЛАНИНА.

Тоа не е согледано од само тие кои ги обвинуваш дека биле нечесни луѓе, туку од целиот македонски народ, освен неколкумината со иста дијагноза како твојата.

Со оглед на тоа како ја практицираш узурпираната целокупна власт со твојата дијагноза и го тероризираш сопствениот народ и држава и со твоите глупости ги носиш во бездна, служејќи ревносно на сите внатрешни и надворешни непријатели, се самопрогласи за добротвор и лидер јунак, ама си тежок предавник. За тебе чест, за народот резил, краста и гробар на МАКЕДОНИЈА.

Те гледам и си велам: Подобро овој кој го прогласиле за трајно неспособен дезертер, зошто според оваа мизерија што ни ја приредуваш денес со твоето апсолутистичко владеење сигурен сум дека, ако те примеа во МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА ќе пукаше во НАШИТЕ.

Како што денес изјави, дека си имал некаков “здравствен предизвик“ поточно речено болест, ти посакувам искрено долго, добро здравје и тебе и на твоето семејство, но ако тоа било од лесно минлива здравствена тешкотија, твојата постапка, со која сам си дозволил да се затскриеш зад тоа, и подоцна да не се пријавиш како секој достоен МАЖ, напоменувам, во подоцна доста помирни денови, да ја извршиш својата првостепена света должност кон МАКЕДОНИЈА, те прави вистинска КУКАВИЦА.

Е, сега, неупатените, малу на број, се прашуваат: Што си ти трајно неспособен дезертер или трајно определен КУКАВИЦА. Според мнозинството граѓани ти си и дезертер и кукавица, поточно дезертира затоа што си кукавица и како таков се определи да летуваш, шеташ, флертуваш а не да се ставиш во одбрана на загрозената независност и слобода на твојата татковина МАКЕДОНИЈА  која како и тогаш така и денес не ја чувствуваш за своја.

Природно е секој човек да не мора да биде херој. Но апсолутно е неприфатливо твоето кукавичко однесување од младоста како “атрибут главен“ на твојот карактер да го пренесеш и на функцијата премиер на држава, врвна државничка функција која во прв ред се заснова на храброст, решителност и праведност, и од друга, е срам голем и нема никаква допирна точка со кукавичлук.

Премиер, ниту до сега сум чул и прочитал, а не верувам и дека во иднина ќе сретнам, да е истовремено дезертер, кукавица и лажго.

Може исклучително ретко да се појави нешто слично само во МАКЕДОНИЈА кога на власт се СДС што искрено се надевам дека уште една ваква сотона нема да има прилика да дочекаме.

Зошто си патолошки ЛАЖГО?

Го криеше ова од јавноста како змија нозете надевајќи се дека никогаш нема да се дознае и мудро молчеше и лажеше.

Лажеше за да не одиш војска, а не признаваш дека си дезертер.

Кога си дезертер и да лажеш и вистина да не кажуваш си КУКАВИЦА затоа што, што и да кажеш за да се оправдаш е ЛАГА.

Е, МАКЕДОНИЈО НАША. ГОСПОДЕ, каде да те побараме да ни помогнеш? Премиер ДЕЗЕРТЕР, ЛАЖГО И КУКАВИЦА и плус тоа мецена на претседател на држава бетер од него!

Овие тешки фалинки не се стекнати, овие се наследни.

ГОСПОДЕ ЗЛАТЕН, опамети ги или отвори им ги очите на заслепените.

МАКЕДОНИЈА од ТЕБЕ, ГОСПОДИ ЗЛАТЕН, тоа го заслужува затоа што народот со ништо не се огрешил ни кон ТЕБЕ ГОСПОДИ, ниту кон друг народ или поединец.

П.С. Таче! Билбордите се за лаги, клевети, измислици и приземна пропаганда а ВИСТИНАТА се докази, факти од кои ти треба да се засрамиш.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top