Коментари

Александар Џеповски : Рани куче или кучка да те лае!

Dzeposki

1Dzeposki Александар Џеповски

До кога ќе се случуваат вакви работи на штета на Македонија и ВМРО ДПМНЕ?

Сефтето го направи Љубчо, од тогаш до денес нема избори  а да нема некој скандал каде некојси самонаречен патриот за пусти пари да оди на спротивната страна.

Проклетсво ли е ова, мода или начин за заработка некој долар или евро? 

Дојде време да се стави печат прво во ВМРО-ДПМНЕ, И ДЕБЕЛО ДА СЕ РАЗМИСЛИ, кој ќе ја заслужи довербата од оваа наша најголема Македонска национална партија.

Доста беа, независни, онакви, вакви, такви…треба просто и едноставно, луѓе со почит и што е најважно чесни, луѓе што се спремни ако треба да го дадат и сопствениот живот за Македонија, и уште поважно, луѓе што ќе бидат имуни на секоја банкарска инекција за подобро сопствено салдо, на штета на нашата Македонија.

Сите ветувања на Данела Арсовска пред изборите беа фарса, и се’ доаѓа до констатација дека, вакви луѓе со лажни ветувања мора да се тргнат од ВМРО- ДПМНЕ.

Но лично мене и на сите нормални и прави Македонци едноставно ни смета кога некој од позадина ги подржува овие колебливи среброљупци, политичари гладни за пари, без разлика од која политичка партија доаѓаат или припаѓаат, политичари кои чекаат шанса да грабнат некоја народна пара, па што ќе биде, нека биде.

danela-dimitar-mile

Редно е, а воедно и алармантно, СДС да прекине да поткупува политичари и да им дава шанса на било кој самобендисан “патриот” кој на крај си ја продава и сопствената мајка и држава за некое евро.

Време е сите партии, без разлика леви или десни, да престанат да подржуваат маргиналци кои со минорни проценти на популарност кај народот, на кои истиот тој народ или гласачи им поверувале и го дале гласот за нив, кога ќе седнат на тие проклети раскошни фотељи да профитираат-крадат од  “преголемата” љубов кон Македонија.

ОВА МОРА ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ ДА ЗАВРШИ, А ВАКВИТЕ КАКО ДАНЕЛА ДА ОДГОВАРААТ ПРЕД НАРОДОТ ВО МАКЕДОНИЈА И ПРЕД ПРАВОСУДНИТЕ ОРГАНИ.

Народот рекол рани куче да те лае, НО ГОСПОД РЕКОЛ, ТИЕ ШТО НЕ ЈА ЦЕНАТ РОДНАТА ЗЕМЈА И СВОЈОТ РОД, КАКО ДА ОЧЕУВА НЕГО ЛИЧНО ДА ГО САКААТ И ПОЧИТУВААТ ? 

КАЗНАТА ОД ГОСПОД ДОАЃА ТОГАШ КОГА ТОЈ ЌЕ ПОСАКА, А СЕ РАЗБИРА НАПЛАТАТА ЌЕ БИДЕ ЧЕТИРИ ПАТИ ПОГОЛЕМАТА ОД ШТЕТАТА.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Најнови вести

To top