Коментари

СЕУШТЕ НЕЗРЕЛИ И ВО ФАЗА НА ФЕРМЕНТИРАЊЕ???

Martin Trenevski 1

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и екс амбасадор

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 185)

Иако се подготвувам за одмор во Анталија (а каде впрочем на друго место?), не можев да се соземам од изненадувањето што ми се случи утрово (20.09.2022), а да не напишам некој збор за да го овековечам настанот што го доживеав и да го споделам со пошироката јавност.

Еве што ми се случи: Кога го отворив поштенското сандаче најдов писмо адресирано на мое име, а испраќачот со двојазичен печат на самото плико јасно се претставил како Собрание на …….Македонија. Пликото уредно залепено – и ме копкаше што има внатре бидејки и на самиот печат јасно – на кирилица стоеше дека е некаква Покана! На печатот стоеше датум 1.09.2022, очигледно напишан од некој канцелариски службеник.

Ме зајаде јанѕа, како што би рекол народецот наш: што покана ќе да е ова и за кој настан, бидејки имам впечаток дека одамна сум заборавен за вакви активности но сепак мислите ми одеа кон Референдумот за независност и Денот на независноста 8-ми септември!?

Нејсе, се најдов со сопругата и некои пријатели во поранешното “Фуфо”, сега “Пелистер”, и театрално го отворив пред нив фамозното писмо. Се покажа дека јанѕата што ме јадеше  била на место бидејки поканата била за прием што Претседателот на Собранието г. Талат Џафери ќе го приредел на 7-ми септември во Кристалната сала на Собранието, а по повод 8-ми септември Денот на независноста на Република Македонија.

И се ќе беше во ред доколку не се случеше изненадувањето до степен на шок, бидејки поканата ми стигна дури на 20-ти септември, со други зборови 12 дена од празничниот 8-ми септември и 13 дена од закажаниот прием на во Кристалната сала на Собранието. Не знам дали да се лутам на Македонски пошти заради нивнта неажурност бидејки писмо испратено од Скопје да патува до адреса во самото Скопје дури 12 дена е тешко за верување!

Повеќе сум склон да верувам дека станува збор за свесно обмислена операција во стилот: “Те канам за да не ми дојдиш”! Кој би можел тоа да го стори – не знам и не намеравам да се оптеретувам. Но едно е сигурно, очигледни се настојувањата со години наназад да се миниимизира, а со тенденција и да се анулира учинокот на првата влада на независна Македонија, популарно наречена Експертската влада што ја предводеше Академик д-р Никола КЉУСЕВ која го организираше и го спроведе Референдумот за независност на 8-ми септември 1991 година.

Ова е историски факт што никој, ама баш никој не може да го оспори, игнорира или пак избрише. Особено не лицето Стојан Андов (бил присутен на споменатиот прием) којшто воопшто и не гласаше на 8-ми септември бидејки како некој дезертер – по совет на генерали на КОС (тоа го тврдат тогашните државни секретари во МВР) се криел по селата помеѓу Богданци и Гевгелија.

Но проблемот има и една друга димензија којашто укажува дека сме сеуште незрели и во фаза на ферментирање и како народ и како држава!

Па можеме ли барем малку да смогнеме сили и да се надминеме себеси кога се во прашање националните и државните интереси и да бидеме единствени, без разлика кој на која партија припаѓа или идеолошки е ориентиран???

Колку време ќе ни треба да дојдеме до тој степен на толеранција и меѓусебно уважување и почитување? Децении, векови или…?

Па можевме ли барем малку да научиме од протоколите што беа приредени и почитувани на пример деновиве во Лондон за време на сахраната на покојната кралица Елизабета II?

Ниту екс-премиерот Тони Блер, ниту пак неговиот колега екс-премиерот Борис Џонсон не беа во љубов со кралицата, но сепак застанаа во првите редови да и одадат почит на церемонијата на нејзиното испраќање до вечното почивалиште.

Можеме ли коалицио на власт – оваа актуелната и било која друга?

Не само што можеме, туку и мораме, сватете го тоа ако сакаме други да не ценат како народ што поседува и споделува цивилизациски вредности и традиции!

Најново од: Коментари

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Најнови вести

To top