Коментари

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА – НОВ МАЈДАН ЗА КОРУПЦИЈА

Martin Trenevski 1

1martin1 

М-р Мартин ТТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 186)

Сегашнава власт на коалицијата на СДСМ и ДУИ што ја узурпира и тормози Македонија, и нивните сателити (коалициони партнери) се чини е ненадмашна кога станува збор за инвентивноста да се крадат пари од Буџетот, институционално – преку министерствата и други државни органи и институции! Конкретен пример, на којшто ретко кој (а особено не – опозицијата) обрнува внимание, а тоа е набавките и опремувањето на Министерството за одбрана.

   Како пример ке ги наведам набавките на воена опрема. Не видов реакции за купувњето на оклопни возила од САД во вреност од 210 милиони долари!? Се сеќавам дури кога беше МНО Зоран Јолевски најави дека ке набавувал тенкови од САД за  дури 250 милиони долари!? На негово жалење, таа зделка не се реализира бидејки набргу по таа најава беше сменет. Велам на негово ќалење бидејки за купување оружје се дава провизија од 20%, што би се рекло: Јолевски и не само тој пропуштија можност да се “омрсат” за 50 милиони долари! Но, како и да е, зделката со набавка на тенкови во вредност од 210 милиони долари сепак е реализирана, што значи провизијата изнесува над цетириесет милиони долари!? Кој и како ја делеше таа провизија оставам на истразувачкото новинарство да истражува, а како можен сигнал би им посочил купубање на оргомен стан и уште три куќи на ул. Оорце Никовол во скопско Дебар Маало од поранешен МО!

   Не помалку коруптивна набавка и по многу нешта до апсурд несекојдневна е купувањето на системи за противвоздушна одбрана од Франција за 66 милиони долари. Ниту некој чул дека за таква набавка се преговара, ниту видел, но што е најсомнително: се поставува неминовно прашањето ЗОШТО ВООПШТО НИ Е СИСТЕМОТ ЗА ПРОТИВОЗДУШНА ОДБРАНА??? И, од кого ќе не брани тој систем??? Па ние сме членка на НАТО, а за нашиот воздушен простор се грижи токму НАТО (air policеing). A што е најсимпнотамитчно, министерката за одбрана Славјанка Петровска соопшти дека исплатата на тие 66 милиони долари ќе се изврши во четири рати, а првата рата ќе се плати веќе следниот месец (октомври)!!! Па чекајте бре луѓе!? Кога се договори зделката и дали во Буџетот има ставка за таа набавка??? Згора на тоа, 20% провизија се 13,2 милиони долари. Па каде заврши таа провизија? Во нечии приватни џебови, или во касите на партиите на власт за да им се најдат за избори?

   Македонија се покажа како лојална членка на НАТО и доследно ги следи политиките на Алијансата за помош на Украина во оружје. Така, веке подаривме 11 тенкови Т72 на Украина, што ги купивме токму од Украина во готово, а некако мистериозно “одлетаа” и четирите Сухои што ги купивме од истата таа Украина и кои спасија многу животи на нашите бранители во борбите против балистичките банди кај Радуша и Арачиново во 2001!

   И други членки на НАТО донираа обилна помош во оружје и опрема на Украина. Но, за разлика од нашиве “хуманитарци” кои даруваа оружје и опрема што ние сме го платиле во готово (!), некои земји практично профитираа, и тоа многу, од своите донации. Полска, на пример, буквално се отараси од старите тенкови од советско време дарувајќи ги на Украина, но за возврат претходно договорија Американците да им ги надокнадат то тенкови од најнова генерација, според стандардите на НАТО! Словенија исто така донира тенкови од советско време на Украина, но претходно се осигура таа донација германците да им ја надокнадат со камиони и други превозни средства.

   За љубов на вистината, американците ни најавија финансиска помош од 78 милиони долари за опремување на АРМ (не знам дали и за оваат донација има провизија???), дали како компензација за тенковите и Сухоите (кои патем можат да служат за резервни делови, а не и да летаат во борбени мисии), но како и да е – важно е дека некаква компензација сепак пристигна.

   Дека не не бива за трговија од овој вид мислам дека е на сите јасно. Често пати ми доаѓа на памет помислата, на пример: што ќе беше ако во 1999 година, за време на НАТО интервенцијата го условивме НАТО со прием веднаш, или по кратка постапка? Тие немаа друг избор освем транспортот на оружје и опрема да го изведат преку Македонија, бидејки тогаш немаше патна врска помеѓу Албанија и Косово. Тврдам дека нашето членство ќе беше и многу побргу и побезболно, бидејки најверојатно ќе беше извршене голем притисок на Грција да не не блокира и не ќе моравме да го менувамне името на државата и уставот на РМ. Но, тоа се само претпоставки и дел од нашето не така далечното минато.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top