Коментари

Сите бараат некакви промени во Уставот како тоа да е алваџиски тефтер, а не библија на македонскиот народ

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва                                                                                            

Власта повеќе се грижи да ги сочува позициите отколку за сигурноста на населението.

По пандемијата со корона вирусот, во овие денови светот се соочува со серизни закани по иднината на човештвото. Покрај војната во Украина, во светот постојат повеќе кризни жаришта кои во секој момент можат да ескалираат. По Кубанската криза во 1962 година, денес повторно се слушаат предупредувања дека е можна употреба на вакво оружје во војната во Украина.

Следејќи ги случувањата во светот некои американски компании околу 2017 година започна со продажба на атомско-биолошки засолништа. Така стравот од Путин, Северна Кореја, Иран, како и др., доведе да продажбата на засолништа да стане моќен бизнис.

Имено, војната во Украина ја најави  уште во 2015 година тогашниот американски државен секретар Џон Кери. Тој тогаш изјави дека: „Ние се обидуваме да ги убедиме луѓето дека ние не се бориме да ја поразиме Русија“, а „Кога станува збор за Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и други – Грузија, Молдавија, Придњестровје – тие се на линијата на огнот“.

Војаната во Украина лесно може да се прошири во државите кои се на линија на огнот. Но и покрај оваа најава, засолништата кај нас и по толку години сеуште се во незавидна положба. Некои се запоставени, некои се издаваат, а пак во зградите каде ги има недостасува најголем дел од опремата. Сегашната  власт, како и за време на пандемијата не реагира превентивно и повеќе се грижи како да ги задржи фотељите отколку да обезбеди некаква заштита за населението при евентуален конвенционален конфликт. 

Имено, набрзо по најавата дека земјата се наоѓа на линија на огнот, Македонија се соочи со ултиматуми и закани од соседите, кои имаат за цел да се изврши ревизија на македонската историја и култура, односно да да урнат темелите на македонската држава. Се бара промени во учебниците, а пак еден екс министер за одбрана на Бугарија се закани дека ќе испрати инжинериски полк за да ги острани плочите на кои пишува дека се фашистички окупатор. 

Власта во земјата предводена од СДС и ДУИ, под притисок на меѓународната заедница, како и на Бугарија која се однесува како Русија кон Украина, со леснотија прифаќаат речиси се што ќе се побара од нив, надевајќи се дека ќе станат члека на ЕУ до 2030 година. Дури се подготвени повторно да го сменат Уставот и да ги вметнат Бугарите, иако според пописот ги има само 3500.  

Исто така, од албанските партии во земјата пак се бара да се избрише условот од 20 проценти застапеност на етничката заедница чиј јазик ќе биде во равноправна употреба со македонскиот.  

Сите бараат некакви промени во Уставот како тоа да е алваџиски тефтер, а не библија на македонскиот народ.

Македонскиот народ нема резервна држава. Ако се продолжи со пиши, бриши на Уставот, ќе ја изгуби државата која ја стекна војувајќи со фашистичкиот окупатор за време на Втората светска војна. Било каква понатамошна промена во Уставот направена врз изнесените барања, како и низа други претходно направени активности, носи предуслови државата да исчезне.  

Ако денес Русија интервенира во Украина, за да ги заштити тамошните Руси и нивните ускратени права, тогаш кој ќе го спречи соседот утре да испрати полк за да ги отстрани плочите за нивното фашистичко минато и да ги заштити правата на нивното „огромно“ малцинство.

Дел од оружјето на армијата е донирано, а засолништата посебна приказна. НАТО пак ќе се активира исто толку колку што го спречи конфликтот на Турција и Грција на Кипар и поделбата на островот.

Македонија мора да има Устав кој ќе ги штити интересите на македонскиот народ, но и на сите останати заедници цо земјата. Исто така и своја одбрана која ќе го штити од злонамерници, зошто веќе не е истиот свет кој го знаевме до интерванцијата на Русија во Украина.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

To top