Коментари

Александар Џеповски: Уште колку бугарски клубови со фашистички имиња ќе се отворат, за еден пријател прашувам

Dzeposki

1Dzeposki Александар Џеповски

Дали има крај на отворањето бугарски клубови во Македонија или ова е само почеток?

Со отворање на бугарска телевизија во Македонија како и зелка порталот Трибуна со татарски акцент со право имаме едно контра продуктивно прашање за милион евра награда – Кога ќе се отвори Македонски клуб во Бугарија ете само и со една буква  – М да се вика?.

Дали Бугарите се толку паметни а ние ептен глупи или пак Европа со западните земји пушат трева и рамно им е се до Хималаите? Си почнаа сега Ганчовци да бараат и ископуваат од нафталин Грчки Бугари, Албански Бугари,  Српски Бугари, Бугарски Роми, Бугарски Турци со капак на тенџере Македонски Бугари … ама затоа  се е чисто со ариевска бугарска плава крв во самата им Бугарија.

За историјата да не се закачиш со нив затоа што че те убедат и дека мајмуните, орангутаните и сите домашни и диви животни настанале од Бугарите, воедно и сите раси и религии се чисто и каченствено само Бугари.

Кога однапред се знае победникот во оваа наместена игра се прашуваме многумина дали треба да прифатиме вакви фингерајки или ќе се бориме до крај а не само на Фејсбук?

Секоја расправија, полемика и добронамерен разговор е тотално губење време и може само нервите да ги искинеме од нервози со нив. Ете и Господ да се симне и да им ја каже вистината во очи, тие пак ќе си тераат исто па исто како до сега од 1878 кога Русите вештачки ги создадоа.

Бугарските државни служби кои со помош на бизнисмени и криминалци како финансиери ги отвораат овие бугарски клубови во Македонија со фашистички имиња. Народот треба да знае дека се тие позади сето ова и апсолутно не носат ништо добро освен омраза која и така е преголема кон самото име Бугарија и Бугари.

ЕВРОПА И СВЕТОТ ТРЕБА ДА ЗНААТ ДО КАДЕ Е СЕТО ОВА ОТИДЕНО И ИЗЛЕЗ Е ПРИЗНАВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ОД АНТИКАТА И ОТВОРАЊЕ МАКЕДОНСКИ КЛУБОВИ ВО БУГАРИЈА И ТОТАЛНО ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ, ЈАЗИК, НАРОД, ЦРКВА И ИСТОРИЈА ПА ДА ИМ СЕ СМИЛИВА И ГОСПОД МАЛКУ НА НИВ.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top