Коментари

Ламбе Арнаудов: СУМ ГО БРАНЕЛ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, А КОГО ДА БРАНАМ, КОГА САМО НЕГО ГО НАПАЃАТЕ?

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Прво да бидеме на чисто. Ниту формулацијата, ни содржината ниту пак суштината на забелешката упатена кон мене, апсолутно не одговара на вашите апсурдни тврдења, и е наопаку изместена и произволно смислена провокација. ЗОШТО?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ГОСПОДИНОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ е до врв комплетно формирана личност со високо морална и етичка определба, воспитан, културен, изграден од цврст непотрошлив и неуништлив не’рѓосувачки материјал, многу редок и тешко достапен денес на овие напатени простори во жална Македонија. Згора на тоа, неговиот дух исткаен од најпатриотски нишки, вроден, наследен и со голема репродукциска моќ кон останатите, едноставно го прави автономен, и како таков воопшто не му е потребна одбрана или правдање пред посните и несмасни “обвинители“.

Едноставно човекот е лика и прилика од најпознатата латинска мудрост искована за таквите, за храбрите.

“НЕ ЗА СЕБЕ, ЗА ТАТКОВИНАТА“

Но, нејсе. И да сте во право:

Според вас кого требаше да бранам? Веројатно мислите на Леонид Брежнев, вашиот и на вашите предци, татковци и дедовци, идеолошки родител, автор на озлогласената “Теорија за ограничен суверенитет на државите“.

Па, вие се надминавте и неговата теорија ја доградивте и надградивте до степен на перфекција, применувајќи во пракса распродавање на целосен суверенитет, идентитет и самостојност на сопствената татковина која не ја чувствувате за своја, МАКЕДОНИЈА, која не е само ваша туку припаѓа на целиот македонски народ и сите граѓани во неа. Насилно, без да ги прашате дали се согласуваат за тоа, односно игнорирајќи ги резултатите од референдумот со кои бевте ставени на тенок мраз од своите кои ги ставивте под останатите и немилосрдно ги казнивте.

Јас според својата духовна градба сум и неповторлив, демократски определена личност, и заради тоа не можам да ве разберам и да ја утврдам тежината на вашиот демократски капацитет.

Со денови, оркестрирано, приземно, недостоинствено, честопати и вулгарно го напаѓате ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, поединци, медиуми, портали, и гледај чудо, демократијата, хуманоста и еднаквоста при утврдени стартните ПОЗИЦИИ ИСЧЕЗНА. НЕ ВАЖИ ЗА НЕГО.

Демократијата и убавите работи се резервирани за вас, и тоа кога, кога не можејќи да ги контролирате омразата, гневот и бесот, флагрантно ги кршите и им ја одземате слободата на другите да се одбранат, да изнесат свое мислење или не дај Боже кажат збор што не ви се допаѓа.

Е, нема да ви угодуваме!

Прво сте нерелевантни. Сите, да не ве набројувам, ама сите до еден сте се опробале во политичката, во партиската професија, тука таму и во некоја друга професија и сте пропаднале. Не ве бива ГУБИТНИЦИ за пример, затоа и никој не ви приоѓа, сте сé поосамени, љубоморни и непромислени, мислите ако удрите и тоа неоправдано врз ВРЕДНИТЕ ќе ги прикриете вашите слабости.

Не, уште повеќе ќе потонете во густото блато, живата песок ќе ве покрие. И тоа многу побрзо од што мислите, затоа што панично, неконтролирано со страв претате и се прпелкате со што го забрзувате вашето неизбежно потонување.

Јас и многумина како мене кои се илјадници пати повеќе од колку што знаете или мислите дека знаете не го браниме нашиот ЛИДЕР.

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, за среќа, нé брани секогаш и успешно нас од таквите како вас, ‘рѓосани штрафчина и лагерчиња, но и од многу побрутални од вас трговци непрокопсани џамбази кои не спечаленото бадијала го распродаваат.

Ме брани мене, моето семејство, моите пријатели, комшии, познати и непознати, со кои се среќаваме на улица или се поздравуваме или не, сигурно многумина ваши познати освестени можеби и роднини и пријатели попаметни од вас, ги брани граѓаните без оглед на политичката, верска, национална или било каква друга различност.

ГИ БРАНИ СИТЕ КОИ САКААТ ДА БИДАТ ОДБРАНЕТИ.

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ВМРО-ДПМНЕ и заедно со сите чесни и честити луѓе го брани името, идентитетот, јазикот, историјата, ја чува и негува традицијата, ја гради сегашноста, ја предвидува и остварува иднината што треба да ја живеат заслужено среќни луѓето, граѓаните на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Затоа на крај ви порачувам: Немој да ги извртувате фактите.

Преобратите се вие, додека не е доцна. Времето тече и само тоа не се враќа. Во оваа држава има место за сите.

За секој за колку и за каде заслужил.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

To top