Коментари

Вака се однесува македонски лидер, македонски војвода!

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва

Христијан Мицкоски:„Денес сме тука да ги поддржиме Македонците од оваа страна на границата. И да испратиме јасна порака дека ние сме Македонци коишто зборуваат македонски јазик и доаѓаат од Македонија“.

9803 2

Во неделата во Благоеврад, во присуство на стотина Македонци од сите делови на Македонија и Бугарија, беше отворен македонски културен клуб „Никола Вапцаров“. На отварањето беа присутни лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пратениците Рашела Мизрахи и Драган Ковачки, лидерот на Левица Димитар Апасиев, генералниот секретар на претседателот Миле Бошњаковски, отец Никодим Цaркњас, како и претставници на други македонски партии, дипломати од кариера,  унивезитетски професори и др.

Ниту претседателот, ниту премиерот на Македонија немаа храброст да присуствуваат на овој свечен чин за Македонците од Поринскиот дел на Македонија. Едноставно како во нив да не тече македонска крв.

Сепак лицето на Македонците го осветлија лидерите на ВМРО ДПМНЕ и Левица, како и преставниците на други македонски партии.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на отворањето упати „Честитки за отворениот македонски клуб, кој е потврда дека и од оваа страна на границата македонскиот идентитет, народ и јазик се константни. Добро е што застануваме сите обединети, гледам и други политички партии овде, гледам и претставник од кај претседателот на државата. За жал, не можам да видам никој од кабинетот на премиерот, што навистина претставува голем пропуст и понижување на македонскиот народ, но тоа е тоа, тие си знаат зошто тоа го прават и која е нивната цел“,

9803 3

Во присуство на силно полициско обезбедување, македонскиот културен клуб „Никола Вапцеров“ свечено беше отворен и покрај обидите за правокации. Закана за сериозен инцидент можеше да дојде кога македонската делегација на чело со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се упатуваше кон споменикот на Гоце Делчев. Таа беше пресретната од еден уфрлен провокатор меѓу Македонците кој навредуваше и се закануваше. На тоа лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски строго, војводски му порача: „Не ми мавтај со раката“, по што пристутните почнаа да скандираат „Македонија“, Македонија“.

Цел на напад беше и лидерот на Левица Апасиев. Бугарската полиција за да спречи посериозен инцидент го острани провокаторот, кој навредуваше и провоцираше, пушташе фашистички маршеви, по што присутните му ја исклучија музиката.

Наместо клубот да биде мост на поврзување меѓу двата народи, полициските службеници мораа да ги раздвојуваат двете страни. Од безбедносни причини полицијата не им дозволи на Македонците да положат цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, бидејќи таму беа собрани приврзаници на ВМРО-Бугарско национално движење предводени од Ангел Џамбаски кои извикуваа „предавници“.Така целата јавност имаше можност да види едно антиевропско однесување и тоа од еден бугарски европратеник, политичар кој доаѓа од редовите на ЕПП.

И покрај провокациите лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Левица и другите присутни Македонци во кои за разлика од актуелната македонска власт тече македонска крв, достоинствено се однесуваа во Благоевград, поранешна Горна Џумаја, за што добија позитивни коментари од македонскиот народ.

Граѓаните преку социјалните мрежи упатија подршка до Христијан Мицкоски и порачаа: вака се сака Македонија!, „Така се сака својот народ каде и да е по светот. Секоја чест“, „Поклон до земја“…

Да, Вака се сака сопствениот народ! И да, вака се однесува македонски лидер, македонски војвода! 

Да живее македонскиот народ! Да живее Македонија!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top