Коментари

Наградата „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“ 2022 за Македонскиот културен клуб во Благоевград

1Marija Kukubajska

1Marija_Kukubajska.jpg

„Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза“, Никола Вапцаров, „Реферат“, 1938

Од бесконечна љубов и почит кон мојот македонски народ, во подршка на Македонците кои живеат во Бугарија, во светот и во матичната Република Македонија, во склад со  меѓународните човекови права на ОН, за промоција на слободата на самоопределување на сопствениот идентитет, име, историја и култура, и во знак на разбирање и пријателство меѓу различните народи на Балканот, во ЕУ и во светот, ЗГ ЕМАРИ Институт Штип ја доделува наградата „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“ за 2022 на првиот Македонски културен клуб во Благоевград, Пиринска Македонија.            

По четвртти пат наградата се доделува за извонредни постигнувања, настани и личности на годината, спрема мисијата на ЕМАРИ – Штип, EMARI Washington, Arlington: Едукација, морални вредности, академски истражувања, историја на културата.

Наградата е меморијална, во чест на мојата ќерка Емилија (1979-2006), Македонка со американско државјанство, од македонски родители, родена во Либија и воспитувана во духот на космополитски, современи и традиционални човекови вредности и доблести.

Ако болестите, војните, уништувањата и смртта претставуваат ѕид меѓу потребното и невозможното, постигнатото и одземеното, слободата и тиранијата, ако неодржливото и неразумното креваат нови ѕидови, а рушат постоечки патишта кон мирот, благосостојбата и напредокот на народите и земјите, тогаш највисока чест и должност е да се подржи заложбата на еден народ, македонскиот народ, за признавање на негово постоење и непречен развој во соседните држави со различни народи, како во овој случај со Бугарија. 

Кога постана граѓанин на САД, на Емилија Кукубајска не и’ се оспори националноста и потеклото од Македонија. Кога се роди во Либија, владата на Гадафи не и’ побара да се откаже од македонското државјанство, а кога беше крстена во Коптската црква на Александрија во Бенгази, македонското потекло не беше оспорено ниту на новороденчето, ниту на нејзините родители, денес универзитетските професори на УКИМ Скопје и УГД Штип, Дончо Донев и Марија Емилија Кукубајска.  

Наградата „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“ изнесува 1.000 долари, мала сума за голема и праведна цел.

Последните три години беше доделена за високи академски постигнувања на апсолвенти по медицински науки, денес докторите Стефан Коцев и Александар Лонгуров, Универзитет Гоце Делчев – Штип, https://youtu.be/cm_o5PsW5SY за оригинални толкувања на ковид пандемијата на проф. д-р Вело Марковски, Универзитет Гоце Делчев – Штип, https://youtu.be/lki5SYmU2N4 и за неоспорни археолошки докази за Античка Македонија, на проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, Универзитет Кирил и Методиј, Скопје https://youtu.be/0ev0vHZVq4U.

Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска, претседател, ЗГ ЕМАРИ Институт, Штип                                  

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top