Коментари

Мартин Треневски : Д И Л Е Т А Н Т И НА ВЛАСТ ВО МАКЕДОНИЈА

Martin Trenevski 1
1martin1
(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 187)
1. Во Благоевград во неделата (30.10.’22)  к о н е ч н о  македонците од Пиринска Македонија добија свое културно катче каде – да се надеваме – бугарските власти ќе им овозможат (се разбира под силен притисок од Брисел) да си ги негуваат своите национални/македонски чувства, култура и традиции. Велам “конечно”,  бидејки ќе ни требаат долги фермани за да опишиме низ какви тортури и асимилација и низ што се поминаа тие луѓе од анексијата на Пиринскиот дел од Македонија по Букурешкиот договор од 1913. година.
Радува што и многу македонски книгоиздателства и компании најавија конкретна помош на Македонскиот клуб “Никола Вапцаров” во Благоевград во чија иднина цврсто верувам бидејки зад неговото отворање сега стои самата ЕУ и 16те позитивни пресуди на Судот за човекови права во Стразбург во прилог на барањата на граѓанското здрижение на македонците од Пиринска Македонија Никола Вашцаров формирано од ОМО Илинден-Пирин.
   Но нешто што навистина многу иритира е односот на сегашнава Македонска влада кон овој чин! Иако претседателот Стево Пендаровски се одважи да испрати свој личен претставник на чинот на отворањето на клубот, а подршка со свое присуство дадоа и лидерот на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на Левица, Интегра, движењето на кумановскиот градоначелник Максим Димитриевски, пратеници и бројни граѓани од Републиката, за министерот за надворешни работи Бујар Османи најбитно било да се открие кој стои и го финанриса тоа здружение, а премиерот Ковачевски – повторувајќи го ставот не неговиот надворешен министер, измисли седница на Владата, и тоа во недела, само за да има оправдание да не појде во Благоевград!!!
Дилетанти невидени, без елементарно чувство за значењето ма чинот, кукавички задскривајки се зад евентуалната можност да не им замери антимакедонската власт во Софија и да не ги загрозеле нашите напори за почеток на преговори за членство во ЕУ!?
   Би го запрашал министерот Османи: дали постави прашање кој ги финансираше авионите за албанските гласачи што ги изнајмуваа во Швајцарија за што помасовно да дојдат во македонија и да гласаат на иззборите?
Такво нешто не се случи, ниту пак му паднало на памет! Според тоа, господо од Владата, срамот е кај вас, но чинот што се случи во Благоевград со право може да добие епитет  и с т о р и с к и   и нема враќање назад. Но ако воопшто се грижите за правата на деловите од македонскиот народ во соседството, Владата, т.е. МНР треба да отвори генерален конзулат на РМ во Благоевград, како што и бугарите имаат генерален конзулат во Битола (парите не треба да се проблем: затворете ја амбасадата во Данска или некоја друга и пренаменете ги средствата за идејава што ја предлагам); именувајте почесни конзули на РМ во Петрич, Сандански и други поголеми градови во Пиринска Македонија, што не значи мешање во внатрешните работи на Бугарија. Само со такви потези можеме да ви веруваме дека навистина се грижите за деловите од македонскиот народ од таа страна на границата. А отворање на генерален конзулат на РМ и во Корча е време да се размислува, особено во екот на обидите за бугаризација на македонското населенит=е во Албанија!!!
2. Претседателката на Европската Комосија Ерсула фон дер Лаен не почести по втор пат за само неколку месеци да не посети, а овој пат ни донесе чек од 80 милиони евра како помош за справување со енергетската криза. Од срце и благодариме и нејзе и на самата Европска Комисија бидејки гестот е за почит и колку-толку ќе закрпи некоја дупка во Буџетот. Сепак, се надевам дека не станува збор за некое подмитување (!) само за да не одоброволат да го смениме Уставот и да ја прифатиме прерговарачката рамка на ЕУ со вметнување на бугарите како конститутивен народ!?
Такво нешто не смее да се случи бидејки тоа би било прифаќање на насилието и уцените што ни ги подготви бугарскиот спонзор Франција, а сега ни ги наметнуваат како преговарачка рамка од Брисел.  Нешто слично доживеавме за промена на Устанот и името на државата со капитулантскиот договор од Нивице. Сепак верувам дека во ЕК има и нормални луѓе (а не само брутални прагматичари кои наметнуваат нешта што ним им се од интерес). Ова донекааде ми наликува на ситуацијата со Лисабонската декларација од јули 1992 година, кога на инсистирање на францускиот претседател Митеран земја кандидат за членство во ЕУ – според него – не можело да содржи во називот именка “Македонија”!? Но веќе на следниот самит на ЕУ во декември 1992 во Единбуг самата (тогај Европска Заедница) го промени тојот (францускиот) небулозен став. Очекувам нешто слично да се случи и со сегашнава преговарачка рамка (францускиот предлог) на следниот самит на ЕУ.
3. После цели четири години бугарски ембарга и блокади, деновиве се потпиша договорот со ФРОНТЕКС, за ангажирање на европски полицајци да ја чуваат македонската граница од илегални премини. Договорот е потпишан на м а к е д о н с к и  јазик, што беше повод на невидени егзалтации на власта.
    Секако дека не го намалувам значењето што практично ЕУ со овој гест и официјално го призна македонскиот јазик што нејзината членка Бугарија упорно го негира, но сепак си дозволувам да бидам поумерен во реакцијата бидејки ние немаме никаква гаранција каква што бара лидерот на опозициата Мицкоски, ниту пак некој може да ни даде, дека и во понатамошните активности и процеси на релација РМ-ЕУ тоа ќе биде редовна пракса. Та не еднаш во изминативе неколку децении се случуваше ЕУ да не испорача свои ветувања и заложби кон Македонита, зарем не!?
    Од друга страна, да не забораваме дека со овој договор ЕУ практично си штити не само македонксите, туку и  с в о и т е  интереси, т.е. граници! Па ретко кој илегален имигрант ја преминува нашата граница за да остане во Македонија! Нивна цел е Западот, конкретно Германија, Австрија и останатие развиени членки на ЕУ. Македонија им е само попатна дестинација и припадниците на Фронтекс само си ги штитат границите од своите земји од наплив на илегални имигранти, особено во овие кризни времиња и за западните економији.
   Тоа е факт од којшто нема бегање!
М-р Мартин Треневски, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top