Коментари

Битола бил прогласен за град страдалник и одликуван со орденот Воен крст на Република Франција

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва

Висока делегација од Бугарија, предводена од потпретседателката Илијана Јотова по повод верскиот празник Задушница ги посетија Бугарските воени гробишта во битолското село Цапари, каде  се погребани 214 бугарски војници загинати за време на Првата светска војна. Наместо достоинствено чествување, македонскиот народ повторно беше изложен на правокации од страна на бугарската делегација, иако овој пат поумерени.  

Самото доаѓање на бугарската делегација во Битола на 4 ноември – денот кога се слави ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор, може да се протолкува како чин на провокација, особено ако истовремено не сте се извиниле и положиле цвеќе на споменикот посветен на депортацијата на 3000 Евреи од Битола во логорите на смртта во 1943 година.  

Исто така и самите изјави на бугарските преставници дадени за време на посетата, колку и да се умерени, го негираат постоењето на македонскиот народ.

Имено потпретседателката Јотова порача дека: ,,214 синови на мајка Бугарија останаа закопани тука пред толку години со голем хероизам заштитувајќи ја Црвената Стена. Нема посилна заповед ни од цар ни од генерал,  од заповедта која ти наложува да се бориш за своите браќа и за слободата на татковината…”. 

Од друга страна пак поранешниот претседател на Бугарија Георги Прванов, кој пред повеќе од една деценија при посета на Израел прв јавно ја прифати одговорноста за прогромот на 11000 Евреи од Македонија и Тракија, за време на Втората светска војна, провокативно ќе изјави дека бугарската војска водела праведни борби, за обединување во една национална држава. 

Меѓутоа бугарските преставници забораваат дека поради дејството на бугарската артилерија за време на Прата светска војна врз Битола страдале жителите на градот. Имено Втората бугарска армија влегла во Битола на 21 ноември 1915 година, а година дена потоа на 18 фабруари 1916 година го напушта градот. Хоророт во Битола започнува по повлекувањето на бугарската армија во околината на градот, особено на Пелистер, од каде потоа нивната артилерија ја бомбардирала Битола. Во овие бомбардирања градот бил бомбардиран со гранати со голем калибар  кои предизвикувале голема материјална штета, како и со бомби со отровен гас.

Од овие „братски“ бомбардирања на бугарската армија, Битола претрпела огромни човечки и материјални загуби. Во текот на Првата светска војна во Битола биле убиени 4224 цивили, претежно жени и деца. Имало 545 ранети, 647 згради и 216 куќи станале рушевини, 696 згради и 119 куќи биле оштетени, 845 запалени.  

Најголемото  зло биле бомбите со отровен гас, од кои во еден ден биле убиени над 300 жители на градот, а само неколкумина војници. Зарем вака Бугарите се бореле да ги заштитат своите браќа во Битола, или пак сакале да го исчистат градот од Македонците и другите небугари !!!? .

По секојдневните бомбардирања кон крајот на 1916 година, за да му обезбеди на градот слободно да дише, главниот командант  на Сојузниците, Миорис Сарај, подготвил план за пролетна офанзива во 1917 година.  Така од 12 март до 26 мај 1917 година, овде се случиле едни од најкрвавите борби на Македонскиот фронт. За француската армија оваа битка е позната како Пелистерска битка, додека за Бугарите е позната како Македонска шипка или Битката за Црвени Стени.

Планот на Миорис Сарај, меѓудругото предвидувал фронтален напад северно од Битола на кота 1248. На 11 март 1917 година операцијата започнала со артилериска подготовка на теренот и напад на 76 француска дивизија на Цевени Стени западно од Битола, каде што ги освоиле рововите околу селата Магарево, Трново и Дихово. Поради добрата одбрана и лошите временски услови, нападот бил неиуспешен.

Французите дури на 18–ти ја освоиле котата 1248 како и утврденото село Крклино, при што биле заробени 1200 непријателски војници. Но непријателот успеал да ја поврати котата 1248, по што Битола повторно била изложена на артилериски оган. Бугарите повторно ги зазеле Црвени Стени на 18 мај 1917 година и победата ја споредувале со битката кај Шипка против Турците во 1877 година.

По повеќе од една година, во септември 1918 година, Сојузниците успеале да ја пробијат бугарско-германската одбрана во битката кај Добро Поле, по што Бугарија која влегла во војната привлечена дека ќе ја добие Македонија, капитулирала. 

Градот Битола врз кој биле истрелани 20.700 гранати повеќе од половина бил уништен. Битола како и Вердан, по војната, бил прогласен за град страдалник и одликуван со орденот Воен крст на Република Франција.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top