Коментари

ЗА ИСТОРИСКИТЕ НАСЛЕДСТВА И МАКЕДОНСКОТО /НЕ/ЕДИНСТВО

Martin Trenevski 1

1martin1

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ = 189)

Ako ВМРО-ДПМНЕ не се огради од Ванчо Михајлов, дали со тоа го доведува во прашање нејзиното дејствување како политички субјект, особено по измените на Законот за политички партии?

   Во недостаток на вистински теми со коишто би одговориле на оптужбите на ВМРО-ДПМНЕ за незапамтената корупција и злоупотроби на секое поле што ги прави власта во секоја прилика и Димитар Ковачевски, интрониран на функцијата сегашен премиер – во манирот на династијата Ким Ил Сунг, од патронот од Муртино, тие го лансираа ставот: “ВМРО-ДПМНЕ да се огради од Ванчо Михајлов, или го доведува во прашање сопственото дејствување како политички субјект”!?

   Овој став власта го гради од изјавата на Христијан Мицкоски дека “партијата ќе го задржи континуитетот со историското ВМРО, што според власта, би требало да се свати – демек, дека:  Партијата (ВМРО-ДПМНЕ) се идентификува и со дејствувањето на некогашниот лидер, антимакедонистот и соработник на фашистите Ванчо Михајлов, без разлика што ВМРО-ДПМНЕ многу јасно се изјасни дека не се согласува се неговите политикии постапки!!!

   Искрено ми е жал што ние во Македонија не изградивме атмосфера на меѓусебна толеранција и цивилизирана размена на ставови со аргументи, туку позицијата ја гледа опозицијата како низ снајпер, а од друга страна во секоја пригода апелира на сплотување, единство и соработка     Па господо од власта, да ве порашам: КАКО ЗАМИСЛУВАТЕ ДА ГИ ОСТВАРИМЕ ТИЕ ЗАЛОЖБИ? Како??? Со когодошлак и невистини што катадневно ги лиферувате во јавноста???

   Постојат во светската пракса безброј случаи слични, па дури можеби и идентични како проблемов што во папагалски манир го повторува позицијата катадневно?

   Еве, да посочам неколку конкретни примери.

Пример бр. 1. Војводата од Виндзор, подоцна кралот Едвард VIII (кој абдицираше заради љубовницата Волис Симпсон), важеше за голем почитувач на Адолф Хитлер и нацизмот, а фирерот му приредуваше највисоки почести при неговите посети на нацистичка Германија. Споменатиот лорд а подоцна и Британски крал беше деградиран по абдикацијата и одстранет од секакво влијание во британската политика (го пратија за генерален гувернер на Бермудите), но тој сепак е дел од Британската историја од XX вел, секако како негативна личност!

  Пример бр. 2. Францускиот маршал Филип Петен потпиша воен пакт со нацистичка Германија и практично стапи во сојуз со Адолф Хитлер ставајки го сето оружје и воени капацитети на Франција во служба на Третиот рајх. Петен е Француз и дел од француската историја на XX-oт век, но се третира и ќе биде запамтен како предавник и негативец во колективната историја на французите.

   Пример бр. 3. Сите го знаеме поимот “квислинг”, што е глобален синомник за предавник и негативец. Тој поим произлегува од Норвешкиот политичар Видкун Квислинг кој потклекна под притисоците на Хитлер и потпиша пакт за соработка со нацистите. Квислинг е несомнено дел од колективната меморија на норвежаните, но како предавник на својот народ и крајно негативна личност.

   Мислам дека од овие примери и многу други може да се извлече заклучок и за местото и негативната улога на Иван Ванчо Михајлов во современата македонска историја од XX-от век, па и од еден период од минатото на политичката партија ВМРО -ДПМНЕ. Тој е неспорен дел од тоа минато (роден во Ново Село, Штипско), а според повеќедецинската антимакедонска дејност како крајно негативна личност; непосреден егзекутор на стотици македонски патриоти и непоправливо посветен на бугарштината (кога престојував во Торонто, од извори во дијаспората чув дека и македонска УДБА организирала средва на висок нејзин функционер со Михајлов во Рим, за да го убедува – барем пред неговата смрт да се изјасни како Македонец, но тој одбил и до последен здив останал со пробугарско убедување!?).

   После изнесениве примери мислам дека се бесмислени оптужбите на власта преку сооштенија и изјави на високи функционери за невистините што и го припишува власта  на Партијата (ВМРО-ДПМНЕ) и нејзиниот став за местото и улогата на Ванчо Михајлов, ако сакаме конечн, навистина, и најодговорно заеднички да работиме на сплотување и национално единство за интересите на Македонија и нејзиниот народ!!!

   Во спртотивно – не знам каде ќе ни биде крајот!? А нашите непријатели дома и однадвор упорно и на долги патеки работат на ништење на македонската нација. Во тоа бидете сигурни!!!

Мр Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешем министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top