Коментари

Тихомир Каранфилов : Душата на Македонија

Tihomir Karanfilov-001

1Tihomir Тихомир Каранфилов

„Животот во ропство, немањето можност преку колективно, слободно разгледување на познатите проблеми го научија Македонецот сам да си го пробива својот пат и во најтешките часови од животот да се потпира на сопствената сила. Ова е убавината на Македонците, ова е и нивната пропаст!“ – пишува Георги Томалевски во својата книга „Душата на Македонија“ објавена во 1927 година во Софија.

Георги Томалевски (1897–1988) е писател, есеуст и публицист од Македонија. Роден во Крушово, а во неговата куќа во 1903 година била прогласена Крушовската Република. По задушувањето на Илинденското востание целото семејство се преселило во Софија. Тој е брат на познатиот македонски деец Наум Томалевск и член на Македонската младинска тајна револуционерна организација. Во 1927 година е објавена неговата прва книга „Душата на Македонија“, чие второ издание во 1941 година во Бугарија е наградено со национална книжевна награда.

Во предговорот на овој есеј авторот ќе напише дека „Напишаното во оваа книга не е историја, не е географски опис. Македонија има одамна своја историја покрај историите на сите народи… Спомнете си дека Македонија при тоа е земја на страдања и подвизи. И тие шреживеани ужаси на огнената стихија се раскажани иако не целосно од нашите браќа. За тоа знаат и македонските планини, знаат реките, кои во својот непрестаен тек, ги повторуваат легендите од изминатото време.“ Во продолжение на книгата Томалевски говори за сложеноста на природата на Македонецот, неговото духовно богаство и индивидуализмот. Во книгата можеме да ја видиме навистина македонската душа која наоѓа одраз до денешни дни.

Во подолу приложените извадоци, кои говорат за посебноста на Македонецот, авторот ќе напише:

„Македонецот, гранка на славјанското дрво, немајќи време и услови на друг начин да го изрази своето богато духовно искуство, ја нашол легендата, бајката, ги нашол дури и неискажаните зборови, начинот, воздишката како израз на самиот себе, како креативност во неговото секојдневие…

***

Природата на Македонецот е сложена. Развиорен и страшен во моментите на борба, тој е многу фокусиран, внимателен и снаодлив во време на мирни денови. Како плод на неговата вера и мистичност, како показател на неизгасливиот пламен во него се многубројните манастири, светители и свети места во Македонија. Лулка, ризница на низа духовни вредности, мајка на славјанското писмо, таа до ден-денес во своите обесчестени светилишта ги има трагите и духот на едно длабоко мистично искуство. Манастирите во Македонија најречито зборуваат за потеклото, животот и духовната култура на луѓето што ја населувале. Овие податоци можат да се преземат од спроведените и евидентираните студии на голем број научници – наши и странски. Манастирите, овие тивки духовни катчиња, кои некогаш беа складишта и жртвеници, во кои гореше пламенот на народниот дух, се најдобри сведоци кои биле господарите на Македонија и чии светци со својот духовен подвиг ги направија овие места бесмртни.

Иако ги имаме при рака овие историски информации и житијата на светителите, сигурен сум дека тие не се ништо во споредба со реалноста, во споредба со ликот на овие духовни воини, родени и зацврстени во недрата на македонската душа. За тоа може да се суди по тоа што во најтешките денови за Македонија тие го испраќаа својот зрак во темнината на ропството и секогаш беа потпорната точка, ѕвездата водилка на народот. Ова не е мал подвиг и не се обичните луѓе кои можат да го постигнат. Не за сите луѓе, туку за упатените во духовниот живот, јасно е колку мора да биде богата во своето внатрешно искуство таа земја што раѓа светци. Таков народ не може да се помине од времето, затоа што е жив. Одгласот на молкот се претопува во тишината на планината, но пламенот на народниот дух тивко и кротко непрестајно блеска во долгиот низ на векови. Токму во овој пламен мора да се бара почетокот на секоја културна манифестација и од него се разгорува виорниот оган на бунтот.

Треба да се препишат некои страници од историјата за да се разјасни оваа мисла, но бидејќи историјата се чита одделно, доволно е да се спомене името на Атон, за да се потсетиме на „Деволскиот ливан “ – за манастирот Свети Наум во Охрид. . Овој духовен извор, изграден уште во 900 година… , одиграл важна улога во животот на Македонија…

***

Македонската реалност е разновидна и интересна. И не сакам да зборувам конкретно за земјата, туку за фактот дека карактерот на оваа земја се рефлектира во психологијата на луѓето што ја населуваат. Македонија е дел од големата славјанска душа. Но, Македонецот, во споредба со славјанинот, покажува премногу карактеристични, остро истакнати карактеристики. Сличноста е во следното: она што Славjaнинот го создава на полето на човековата култура секогаш носи елемент на вечноста, на бесконечноста, на незапирливиот лет кон ѕвездите, на маката на противречноста меѓу материјата и духот. Македонскиот дух исто така го има тој полет. Каењето, љубовта, напластените противречности, борбите на Македонија сигурно еден ден ќе дадат литературен плод на полето на книжевното творештво, кој нема да биде фатаморгана на тевтонскиот еп, туку ќе даде една чудесна, тајна историја, напишана. со длабок поглед на еден Достоевски, кој прави култ од страдањето, верата и противречноста во животот. Но, да направиме едно патување, повнимателна анализа на Македонецот и да истакнеме некои негови карактеристични црти, истакнувајќи го како многу карактеристичен и оригинален на позадината на славјанската стихија.

Меѓу сите Славјани слободно може да се каже дека Македонецот е најиндивидуализиран. Имајќи многу заедничко со славјанската душа, тој на некој начин е целосна спротивност. Ова е само еден факт врз кој ќе се градат многубројните, чудни манифестации на Македонецот. Сите услови на неговото постоење придонесуваат оваа лична самодоверба кај него да се изостри до степен на болка. Природа со многуте планини, тајните шуми, високите врвови, по кои погледот се лизга за да бара решение … за најтешките задачи.

Животот во ропство, немањето можност преку колективно, слободно разгледување на познатите проблеми го научија Македонецот да си тргне по својот пат и во најтешките часови од животот да се потпира на сопствената сила. Оваа самодејност, оваа континуирана вежба во тактичност и умешност, му даваше посебна психолошка нијанса на неговиот карактер, чиј производ беше неговиот голем индивидуализам и ревносно зачувување на личната слобода. Судејќи објективно, би сакал да истакнам дека овој индивидуализам, колку и да е убав во некои аспекти, е толку опасен и фатален за исклучителните моменти во ерата на ослободителните војни. Македонецот е најсилен во личното делување. Стилизиран индивидуалист, роден да носи во душата бунт против секое ограничување, тој ја изразува оваа самодоверба дури и кога неговата егзистенција е во прашање.

Македонскиот народ не е маса. Сè можев да замислам, но никогаш не можам да помислам дека македонското племе, дури и да се удвои, дури и четирикратно да се зголеми, може да се претвори во маса, во некаква безлична, колективна целина. За да се придвижи масата потребно е да се надмине една ментална инертност и да се даде насока, но за да се придвижи таков колективитет како што е македонскиот, потребно е некое магично влијание врз поединечните елементи што ја сочинуваат, кои иако цврсто се координирани во целината. тие сè уште имаат свој мир и светоглед.

Ова е убавината на Македонците, ова е и нивната пропаст!

***

На овој начин е индивидуализирана и македонската природа. Ќе слушнете различни осврти за Македонија. Некои велат дека е рајска земја, а други – куп камења, камена пустина. Може да се каже дека двете мислења се вистинити затоа што зависи каде си во Македонија. Таму има места, ретки по својата убавина, ненадминати по нивното богатство, а има и места кои се чини дека се олицетворение на една страшна реалност – сурова и жестока како угнетувањето на ропството.“

(извор: https://www.strumski.com/books/Tomalevski_Dushata_na_Makedonija.compressed.pdf)

1tkar

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top