Коментари

АЛО БРИСЕЛ, НЕ СМЕ НЕДОВЕТНИ – ПРОЧИТАНИ ВИ СЕ НАМЕРИТЕ

Martin Trenevski 1

1martin1

Мр Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ 190)                                     

1. Како што врват месеците, се почести се посетите на ептен високо, но и на пониско, ниво од Брисел, за да не убедуваат дека членството на Македонија во ЕУ е “не е неостварливо” до 2030 година!? И што е најчудно (но неубедливо) со такви ставови настапуваат челниците на актуелната антимакедонска влада! Но најбизарно е што тие челници мислат дека им веруваме!?

   Еве една проста математика за да им  укажеме на истите тие евроемисари и нивните измеќари во Македонија дека членството на нашата земја во ЕУ до 2030 година е обична фатаморгана која постои само во главите на оие што шпекулираат со тие бројки, без ни теоретски шанси тоа реално да се случи! Конкретно, од сите членки на ексклузивниот клуб наречен ЕУ најкраток стаж во прегопворите за членство имаше Финска, и тоa нешто повеќе од пет (5) години. Шведска преговараше скоро седум (7) години и што е најинтересно таа (Шведска) како кандидат за членство и постави услов(!) на Унијата (што е единствен случај од нејзиното основање): сите привилегии што ќе ги има Шведска како членка на ЕУ да важат и за Норвешка, иако таа земја не е членка на Унијата! (Норвежаните два пати на референдум се изјаснија  п р о т и в  членство во ЕУ за го задржат ексклузивитетот за риболовот во Северното море, но и за да не даваат во буџетот на ЕУ големи придонеси од приходите ов нафтата).

   Денес сме при крајот на 11от месец од годината и преостанува само еден месец до крајот на 2022 година. Со други зборови, следи 2023 година, а до 2030 година остануваат само седум (7) години. Па почитувани, зарем некој може да си дозволи да помисли дека Македонија е на нивото на Скандинавија и ќе преговара за членство како една Финска или Шведска? Па ние сме една светлосна година далеку според сите критериуми и стандарди од тие земји! А ако некој мисли дека ќе не убеди дека таа временска рамка (прием во ЕУ до 2030 гопдина) е реална и остварлива, или не ги разбира работите, или мисли дека сме недоветни па таквите стојалишта ќе ги проголтаме и ќе им поверуваме, а за возврат ќе прифатиме се што ни наметнуваат од Брисел, во прв план промена на Уставот на Македонија и вметнување во него “како државотворен народ” една рака одродени македонци што се декларираат како бугари (Бог да чува и да брани од полошо).

   Не дами и господо од Брисел, тоа не смее и нема да ви помине!!! Премногу лаги и неостварени ветувања ни приредивте овие изминати 15 години, колку што чекаме за почеток на преговорите. Премногу!!! Или што би рекле англичаните: Enough is Enough!!!

    Впрочем, дури и хипотетички, кога би се случило тоа, промена на Уставот (далеку било), какви гаранции нуди Брисел дека приемот ќе биде во 2030 година? Па зарем да веруваме на една лицемерна Грција која не ја рафитикува ни Времената спогодба од 1995 година, а ни со прст не мрдна да ги исполни своите обврски со капитулантскиот договор од Нивице!? Или да веруваме на една Бугарија која со снајпери ликвидира 130 врвни директори и менаџери во борба со корупцијата, а брутално не блокира со еден куп вета и веќе најави дека не гарантира дека нема повторно да стави вето во текот на преговорите дури и да го смениме Уставот??? Патем, да не испуштаме од предвид дека францускиот претседател Емануел Макрон, кој во неколку наврати лично е “заслужен” за блокирањето на европскиот пат на Македонија (Меркел отиде лично во Париз да го убедува да не не блокира; тој измисли некакви “кластери” во текот на преговорите и сл.) е реизбран годинава за уште еден мандат (мандатот на Францускиот претседател трае седум (7) години). Со други години, ќе си имаме работа со Макрон до 2029 година, или речиси скоро до рокот што лицемерно и лажливо ни се лансира од Брисел за “можен” прием на РМ во ЕУ!? Дури ни војната во Украина, без сомнеж, не може да ги промени, т.е. да ги заврза процесите!

   Не дами и господо од Брисел и останати што ни доаѓате на гости за да не убедувате со лажни ветувања и демагогии и ни го згорчувате животот бидејки заради вас ни го блокираат сообраќајот во Скопје! Промена на Уставот не смее да се случи!!! Вие самите треба да се замислите дали ќе дозволите заради вашите брутални егоистични интереси (во нашиов случај: се ратисате од еден проблем каков што е /не/примањето на Македонија во членство на Унијата), да оставите дупка во регионов на Западен Балкан, а со тоа и да предизвикате негова дестабилизација што неминовно ќе ја почуствувате и вие самите кај вас дома – на вашата кожа!!!

   Затоа дами и господо Бриселчани, имате уште време до следното претседателство на Унијата да ја корегирате (како што постапивте со “Лисабонската декларација” во декември 1992 година) вашата фашизоидна преговарачка рамка што уценувачки ни ја наметнавте како услов за почеток на преговорите и ако воопшто држите до принципи и вредности, да си ја преиспитате и да ни понудите и нам исти критериуми и услови како и на другите земји што се веќе членки на Унијата, а не промена на Уставот (по ваша мерка), што е без преседан од вашето основање!!!

   Кога веќе пишувам на оваа тема, не можам а да не кажам збор-два за дилетантизмот и полтронството на Стево Пендаровски. Според него, промената на Уставот не е страшна работа и нема да ја дестабилизирало државата!? – Јас сум прв за промена на Уставот и за вметнување на бугарите во нашиот Устав, бидејќи не мислам дека тоа е страшно и дека ќе ја дестабилизира Македонија, изјави Стево во емисијата “24 часа”, и остана жив!

2. Читам и не ми се верува на сопствените очи што гледам: Ковачевски бил на разговор со Ахмети во Зајас на 17.11.2022. На средбата, наводно, се разговарало за проширување на Владата со нов партнер за зајакнување на владеачката коалиција и тоа за спроведување на уставните измени!?

    Ало, Ковачевски, па има ли некој околу тебе да те посоветува што е протокол и каде му е местото на премиерот? Во Харвард, каде демек си се усовршувал, можеби такви работи не те учеле, но дали допира до тебе значењето и важноста на димензијата на проблемот. Ти си премиер и му одиш на  визитација и службени разговори на лидер на партија (приватно да, твоја работа е, но како премиер секако не). На кој јазик разговаравте Димитар? Па Ахмети не прозборе македонски од кога е дојден од Швајцарија. И да те прашам, дали главниот град (Скопје) почна да го селиш во Зајас, па таму разговараш и се пазариш за нови партнери во твојата коалиција? И дали со Македонија наскоро ќе има влада со доминација на албански инистри, а ти како арлекин ќе глумиш премиер??? Свести се човеку, крајно време е!!! Па нема вечно да си на таа позиција на која си, но последиците од таквото твое владеење ќе ги сносат генерации по тебе и по сите нас!!!

3. До кој степен оди забеганоста и тоталното отсуство на одговорност на оваа збирштина што се нарекува Влада на Република Македонија, е цехот што владина делегација при посета на  Абу Даби го направила и платила сметка за вечера во ексклузивен ресторан за четворица во износ од 19 милиони македонски денари. Се испиле седум флаши многу скапи вина, се јадело и пиело небаре нашиве биле гости од Обединетите Арапски Емирати, а не од Република Македонија, која е меѓу најсиромашните земји во Европа.

   Тоа што во земјава заради штедење се кратат оброци на студенти, нема пари за градскиот сообраќај во Скопје, бројот на социјалци секојдневно расте, а 60% од народот е на работ на егзистенција, овие “бишкари” (што би рекле Прилепчани) не ги засегало. Важно тие си ги задоволиле своите скороевски комплекси и тоа на сметка на народот кој со даноците што ги плаќа го покрил цехот.

Бесрамници едни!!!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top