Коментари

Фотографии: 25 ГОДИНИ ЧЛЕН НА ВМРО-ДПМНЕ, ДЕНЕС Е ВЕТЕРАН !

Aerodrom vo Skopje- pred formiranjeto na VMRO-DPMNE 3

Aerodrom vo Skopje- pred formiranjeto na VMRO-DPMNE 3

Јуни 1990 година-Аеродром Скопје

Да се потсетиме на неколку клучни моменти, без желба за докажување и без особен интерес за претставување и себепромовирање.

Да оставиме историјата да зборува за сите нас. Да се потсетиме на некои моменти од таа историја: Во 1963 год. се формира Македонската Организација  ОКМ (Ослободителен комитет на Македонија). Во 1972 год. ОКМ, се трансформира во ДООМ (Движење за ослободување и обединување  на Македонија).

1doom13 1

Драган Богдановски беше претседател на ДООМ и главен уредник на списанието „Македонска нација“ до 1977 година кога беше киднапиран од УДБА во Парис-Франција и одлежа 11 година Македонска зандана.

Blagoja Sambevski vo Berlin. 4

Благој Шамбевски Генерален Секретар на ДООМ. на ѕверски начин убиен од УДБА, ноќта меѓу 31 јули и 1 август 1974 г. во Минхен-Германија. Шамбевски исто така беше осуден на Петнаест години строг затвор за „антинародна” и „антидржавна дејност“ во Македонија.

КОИ СЕ ОСНОВАЧИТЕ А ДЕНЕС ВЕТЕРАНИ НА ВМРО–ДПМНЕ?

Сигурно е  едно, да не беше Драган Богдановски и да немаше ДООМ  (Движење за ослободување и обединување на Македонија) немаше да има ниту ВМРО-ДПМНЕ.

Сите кои се членови од самото формирање 17.6.1990 до 31.12.1997 година, денес се Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ,

На основачкото  сообрание на 17.06 1990 година му претходеа  средби на Драган Богдановски како иницијатор за формирање Партија, во Берлин и Минхен.

Средбите во Берлин и Минхен пред формирањето на ВМРО-ДПМНЕ со присуство на Драган Богдановски се одржаа на почетокот на јуни 1990 година.

Да не беше Драган Богдановски немаше да се случат средбите во Берлин и Минхен, исто така, да не беа средбите во Берлин и Минхен, немаше да има ВМРО-ДПМНЕ и самостојна Македонија.

Основачко собрание на ВМРО-ДПМНЕ се одржа на 17.06.1990, во салата на Дом на млади во Скопје.

Драган Богдановски  не дојде на основачкото Собрание на 17 јуни 1990 г. затоа што немаше патна  исправа.

Dinkata-Dragan

Драган Богдановски и Костадин Диневски-Динката по излегувањето на Драган Богдановски од Македонска зандана во која одлежа 11 години строг затвор.

Да беше жив КОСТАДИН ДИНЕВСКИ- ДИНКАТА, (македонски десидент, кој лежеше во затвор 4 години за „непријателско“ организирање) близок пријател и истомисленик на Богдановски, лично тврдам дека Тој ќе беше првиот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

22 2

Средба во Берлин-13.06.1990г. Неколку дена пред основачкото Собрание на ВМРО-ДМНЕ-

17.06.1990_osnivacko_sobranie_na_vmro-dpmne_6_-_Kopie.jpg

17.06.1990 osnivacko sobranie na vmro-dpmne 8

17.06.1990 osnivacko sobranie na vmro-dpmne 1

17.06.1990 osnivacko sobranie na vmro-dpmne 5

17.06.1990 osnivacko sobranie na vmro-dpmne 9

Основачко Собрание на ВМРО-ДПМНЕ-17.06.1990 г.

КОЈ ИМА ПРАВО ДА СЕ ЧУСТВУВА ДЕКА Е ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ А ДЕНЕС ВЕТЕРАН НА ВМРО-ДПМНЕ?

ИДЕОЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ПОКОЕН ДРАГАН БОГДАНОВСКИ;

УЧЕСНИЦИТЕ НА СРЕДБИТЕ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН;

СИТЕ КОИ БЕА ВО САЛАТА 25 МАЈ – ДОМ НА МЛАДИ НА 17.06.1990 година

СИТЕ ИНИЦИЈАТИВНИ ОДБОРИ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВМРО-ДПМНЕ ВО : МАКЕДОНИЈА, ЕВРОПА, АМЕРИКА, АВСТРАЛИЈА И КАНАДА;

ОСНОВАЧИТЕ НА ЗАДГРАНИЧНИТЕ КОМИТЕТИ НА ВМРО-ДПМНЕ;

СИТЕ КОИ СО ЗБОР И ДЕЛО ЈАВНО И НЕДВОСМИСЛЕНО ДЕВЕДЕСЕТИТЕ ГОДИНИ ЗАСТАНАА НА СТРАНАТА НА МАКЕДОНСКАТА КАУЗА.

ВЕТЕРАНИ СЕ И СИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАА НА МИТИНЗИТЕ ЗА САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА, ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ДИЈАСПОРАТА;

СИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАЛЕ НА ОСНОВАЧКОТО СОБРАНИЕ ОД МАКЕДОНИЈА И ДИЈАСПОРАТА НА 17.06.1990 И СЕ ЗАЧЛЕНЕТИ ДО 31.12.1997 г. ДЕНЕС СЕ ВЕТЕРАНИ;

СИТЕ КОИ СЕ 25 ГОДИНИ ЧЛЕНОВИ НА ВМРО-ДПМНЕ, ДЕНЕС СЕ ВЕТЕРАНИ.

СИТЕ ПОГОРЕ НАБРОЈАНИ  ИМААТ ПРАВО ДА СЕ НАРЕКУВААТ ОСНОВАЧИ А ВОЕДНО И ВЕТЕРАНИ НА ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, е идеологија, формирана во исклучителен историски момент, се претвори во стеблото на МАКЕДОНСКИОТ непокор, сплотена и цврста, со братска искрена љубов и подадена рака со добра мисла, опстојува како гарант на МАКЕДОНСКАТА иднина, сега и засекогаш, АМИН!

ДА НИ Е ВЕЧНА ОРГАНИЗАЦИЈАТА!

Фотографии: Кире Кипроски

2. UV Verni na Organizacijata

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ-Верни на Организацијата

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top