Коментари

Ламбе Арнаудов: Последниот валкан танц на КОМПРАДОРИТЕ

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Без оглед што наредбодавците се обиделе да им наденат попристојно име, компрадор – агент, посредник или нешто друго, вистинското значење на нивната антинародна бескрупулозна дејност против сопствениот народ и татковина, од ограбените народи добиле уште 41 синоним секој погрд од грдиот.

Јас ќе додадам уште еден, и сметам дека е најблиску до вистинското значење на зборот компрадор, а тоа е КРВОПИЕЦ. КРВОПИЕЦ НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД.

Драги читатели, проштевајте на изразот ама тие се ТОА и повеќе од ТОА.

Зошто? Еве зошто!

Прво, ги ангажираат сомнителните и недобронамерни компании да испитаат со какви ретки и скапоцени блага располагаат одредени земји, најчесто сиромашни. Потоа со формирање или организирање на пропагандни агенции прават атмосфера дека компрадорите се единствените кои можат тоа природно богатство, најчесто моно културно или неколку ексклузивни производи, ßl,+вредни на светскиот пазар само преку нив да се ефектуира. Со ваква економска филозофија (тешка измама) воспоставуваат наводно пријателски односи со дотичните компании и нивната добронамерност.

Следува одобрување на “поволни“ кредитни линии за експлоатација и производство и ангажирање на работна сила која умее само да копа и обработува суровини и полупроизводи евтини на пазарот.

За возврат на економско опустошените и осиромашени земји им го плаќаат долгот, прво со апстрактни, скапи но безвредни производи преку таканаречениот и познат систем на плачкосување “НОЖИЦИ НА ЦЕНИТЕ“ и по втор пат ги ограбуваат граѓаните, тука спаѓа и донирање на лекови со поминат рок, инструменти застарени и неупотребливи технологии.

Сега доаѓа на ред познатата изрека на индискиот филозоф и борец за независност на Индија од Британската круна МАХАТМА ГАНДИ но обратно применета, која гласи: “НАЈТЕЖОК ОБЛИК НА ВЛАДЕЕЊЕ Е СИРОМАШТИЈАТА“.

Економското пустошење и силно изразената сиромаштија го прави народот тотално зависен од одлуките на неколкумина ЕЛИТНИ ПРЕДАВНИЦИ кои енормно се збогатуваат на грбот на онеправданите граѓани и ги раскрчмуваат природните богатства за бадијала во корист на светскитетрговски и производствени компании. Не им е жал за ништо и никого, работат за себе и за туѓинци.

Сопствениот народ и грижата за неговата судбина, сегашност и иднина им е ЕЛИКСИР кој ги прави посилни и побескрупулозни, колку повеќе го уништат и го обесчестат својот народ толку се посреќни.

На крај излегува на виделина нивната заедничка крајна цел. Узурпација и приграбување на севкупната политичка моќ во државите преку поставување и форсирање на лично од нив одбрани кадри, тотално неписмени извршители, актуелните ПАРАЗИТИ И МРСУЛКОВЦИ, набедени лажни вредности со фалш дипломи и меѓународни сертификати.

Нова колонијална политика, комплетна зависност на судската, извршната и законодавната власт од кретени, бездушни крвопијци на сопствениот народ инсталирани од надвор а лесно пронајдливи кај нас, луѓе што ништо не им е свето освен ПАРИТЕ.

Нивната ѕвезда водилка им е изреката секаде присутна во такви средини: ПАРИТЕ СЕ ЕДИНСТВЕН ПРИЈАТЕЛ КОЈ НИКОГАШ НЕМА ДА ТЕ ИЗНЕВЕРИ. ПАРИТЕ, САМО ТИЕ ЈА ИСПОЛНУВААТ СЕКОЈА ЖЕЛБА.

Потоа следува логична последица која произлегува од нивната неограничена моќ, разорување на државата, промена на име, идентитет, историја, јазик и сé друго што значи обележје и атрибут на посебност, што најчесто доведува и до менување на границите и националната анатомија на еден старо вечен народ кој со векови опстојувал, за само неколку години на владеење на вакви политички диви пустински кучиња може да исчезне.

Почитувани читатели, искрено Ве прашувам: Препознавате ли некаква држава слична на овој опис непосредно близу или околу вас?

Јас ја препознавам, а убеден сум и Вие. Најблиску до нас, односно ние во неа сме и жалосно е ако не го гледаме очигледното. Ако сега не прогледаме ќе ОБНЕВИДЕМЕ ЗАСЕКОГАШ.

За жал тоа е нашата мајка МАКЕДОНИЈА.

На крај. Слушнете го одговорот на НАРОДОТ. ЖЕСТОК И ПОЖЕСТОК, 100 пати, 1000 пати попожесток од вашата неправда. Законот на акција и реакција е познат.

Народот знае дека неговите права никој не смее да ги загрозува. Денес Уставот и демократијата не дозволиле никој, па ни вие да ги делат луѓето на господари и робови, чорбаџии и аргати, големопоседници и безземјаши, лихвари бездушни и онеправдани должници, богати станодавци и бездомници, гладни сиромашни студенти наспроти недипломирани незнајковци директори, чесни полицајци и корумпирани началници, судии и обвинители, ограбувачи наспроти немоќни неправедно обвинети, министри, директори и државни службеници со огромни прикриени имоти наспроти без имотни…

Затоа ви доаѓа крајот. Народот собран околу ВМРО-ДПМНЕ предводен од лидерот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ќе ве реши. Знае народот што му направивте, ама и НАРОДОТ СЕГА ЗНАЕ ШТО ЌЕ НАПРАВИ ЗА СЕБЕ.

Ова е вашиот последен валкан танц КОМПРАДОРИ БЕЗМИЛОСНИ. Доаѓа време на автентичното радосно МАКЕДОНСКО ОРО.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top