Коментари

На гробот на мојот Прадедо Младен во Куново

1man 1

1man 1

На гробот на Прадедоми Младен протојереј за Гостиварска и Тетовска околија во с. Куново-Гостиварско.

1man 2

Куново е родното место на мојата мајка Рафаилка, од татко Ерусалим-Русе и мајка Јоанка, а дедото  на мојата мајка, мојот прадедо се викал Младен Попоски, роден во 1857 а починал 1941 година.

Прадедоми Младен во тоа време бил протојереј за Гостиварска и Тетовска околија.

Свешеникот Младен Јовановски(1852 – 1941) потекнува од стариот род Илиевски во најголемото маало на гостиварското село Куново. Од овој род бил предокот на Младен, Ристо,многу познат човек и селски првенец од крајот на 18-тиот  и на почетокот на 19-тиот век. Од времето на Ристо, па се до почетокот на 20-тиот век за старешина на село Куново,  секогаш биле бирани од родот Илиевски. Посебно е значајано што овој род имало свештеници, државни службеници (Кузман и Младен Јовановски), борци  кои учествувале и се бореле на Солунски фронт.

Куново, село во Горни Полог, одалечено околу 15 км од Гостивар. Се наоѓа на падините на Сува Гора на надморска височина од 950 m до 980 m.

Селото е од типичен збиен тип, со ридско-планинска конфигурација на теренот, ограничено со планините Сува Гора и Буковиќ.

Интересна е местоположбата на храмовите во Куново. Имено, тие се изградени така што нивната местоположба го отсликува христијанскиот симбол, крстот. 

Крстот има правилна форма, а главниот храм „Св. Ѓорѓи“ се наоѓа во неговиот центар.

Недостасува само храмот „Св. Огнена Марија“ на западната страна. Овој храм во минатото бил опожарен, и до ден денешен не е возобновен. 

Интересно е да се напомене, Цркви кои го носат името „Св. Огнена Марија“ освен во Куново има и во с. Зубовце, Гостиварско и во Мала Преспа-денес во Албанија.

Празникот на св. Марена (Огнена Марија) како селски празник се празнува секоја година во селото Зубовце, Гостиварско. Според преданието некогаш кога фатила голема суша испукала земјата во полето. Кога сушата се заканувала со уништување на родот во полето чудотворната Огнена Марија го донесла дождот и подарила богат род. И од тогаш во чест на светицата се држел еднонеделен строг пост со верба, со надеж и со очекување годината да биде сончева и врнежлива – плодна и бериќетна.

Иселеници со потекло од Куново има во Гостивар, Скопје, Ниш, Белград, Берлин-Германија, Митрој Крсти, Горна Ѓоновица и Зубовце, Гостиварско.

1man 3

1man 8

1man 10

Фотографии: Киро Кипроски

Најново од: Коментари

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

To top