Коментари

Територијални аспирации и желби за прекројување на граници на Балканот

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Името  Македонија е големо и секој го сака тој бренд. Ако со векови сме го сочувале, ако за него сме пролиле реки крв, ако за време на Втората светска војна сме се избориле за своја држава, а не сме пошле со Бугарите, тогаш сме посебен народ кој заслужи  да го остават на мира, заради мирот на Балканот, заради мирот во светот.

Војната во Украина е само искра, која доколку се префрли во Македонија тоа ќе биде вистиски вовед во Трета светска војна.  

Војната во Украина веќе трае повеќе од 270 дена. Сирените за воздушна опасност се слушаат речиси секој ден во повеќе украински области. Оружјето од Западот не ги спречува нападите на руската армија врз електроенергетскиот систем што доведува до проблеми во снабдување со електрична енергија, вода, греење и т.н. Повеќе од 10 милиони Украинци ја напуштија земјата, а студеното време и снегот дополнително им го отежнува животот на цивилното население кое остана во земјата. И покрај големите жртви, сепак нема најави за прекинување на војната и започнување на преговори за решавање на спорот. 

И додека украинската армија се бори да ја сочува земјата, од Западот се погласни се тврдењата дека Украина се простира во границите кои не се природни и дека делови од нејзината тероторија би требало да и се вратат на Русија, Полска, Унгарија и Романија.  Односно Задкарпатје да и се врати на Унгарија, Галиција на Полска,  Буковина на Романија и т.н.

Ваквите апетити се појавија по одлуката на Русија да спроведе специјална воена операција во Украина за да ги заштити Донбаската и Луганската република,  како и Херсонската и Запорошката област, каде претежно живее руско население.

Иако Полска, Унгарија и Романија како земји членки на НАТО званично ја осудија воената агресија на Русија и даваат воена поддршка на украинската армија, сите тие воено се подготвуваат и чекаат каква ќе биде разврската помеѓу Русија и Украина, за да во погоден момент се појават со свои „легитимни“ барања за заштита на нивното етничко малцинство 

Колку подолго трае војната во Украина, толку Западот ќе испорачува повеќе оружје и толку Киев повеќе ќе се задолжива. Со разрушена економија Украина не ќе може во иднина да го исплати добиеното оружје со пари. Во тој случај побарувачот може да побара да се врати долгот со компензација, давање на дел од својата територија.

Ваквото сценарио е можно и на Балканот, каде за жал сеуште постојат територијални аспирации и желби за прекројување на граници. Потенцијални жаришта се БиХ, Србија, Црна Гира, Косово и Македонија, кон која се насочени погледите на соседите.  

Наместо Македонија да се подготви за секакви сценарија, во земјата се случуваат мнозинство настани кои одат кон раградба на земјата. Неспособната македонска власт предводени од СДС и ДУИ, наместо да се подготви за одбрана на земјата, тоа и тоа што го има го подарува. Истовремено земјата се презадолжува, се зголемува инфлацијата и корупцијата, а институциите не функционираат. Поради тоа луѓето емигрираат, а земјата почнаа да ја водат незавршени студенти или луѓе со купени дипломи, кои ни македонскиот јазик не го знаат. Така во земјата наместо македонски се повеќе се веат албански и бугарски знамиња, а бугарските клубови со иритирачки и навредливи имиња се шират како епидемија. 

Македонија е како Украина тешко болна, а корумпираната власт не сака да остапи. Големи финасиски средства се сливаат во нивните џебови. Така распродаваат: име, историја, култура,  а наскоро можеби соседите ќе бараат да им дадеме и делови од нашата територија.

Така среде Скопје ќе слушнете од бугарски званични преставници дека ова е втора бугарска држава.

Имено, бугарскиот пратеник Костадин Костадинов од политичката партија „Преродба“, кој  во бугарскиот парламент ја нарече Македонија втора бугарска држава, неодамна го повтори својот став на отварањето на бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, притоа велејќи дека треба да бидеме една држава. 

Ваквите ставови кои говорат за тероторијални претензии кон Македонија, а  ги споделуваат мнозина во бугарското општество, преставуваат опасност по мирот на Балканот. Но, додека македонскиот граѓанин реагира на провокациите, загрижува молкот на македонските власти, што само ги осилува ваквите аспирации на соседите.

Ако оваа власт продолжи со молкот и ова темпо на распродажба, Македонија наскоро ќе ја снема. Оттука, секој што е по род Македонец или припадник на турската, српската, ромската, влашката, бошњачката заедница, како и сите што живеат во земјата и ја сакаат Македонија мора здружно да работат да се смени оваа ненародна власт. Мора заедно да ја спасиме земјата, мора да ја зачуваме, својата слобода, својот суверенитет, своите корени, својата историја и својот идентитет.

Името  Македонија е големо и секој го сака тој бренд. Ако со векови сме го сочувале, ако за него сме пролиле реки крв, ако за време на Втората светска војна сме се избориле за своја држава, а не сме пошле со Бугарите, тогаш сме посебен народ кој заслужува  да не остават на мира, заради мирот на Балканот, заради мирот во светот.

Најново од: Коментари

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

To top