Коментари

Ламбе Арнаудов: ЕСЕНЦИЈАЛНОСТА НА ГОЛЕМАТА СЛИКА НА ВМРО-ДПМНЕ

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

“Ништо не е завршено, додека не се заврши како треба.“

Почитувани браќа и сестри ВМРОВЦИ И ВМРОВКИ!

Немој да дозволите маршот на историјата, сигурно за ВМРО-ДПМНЕ победнички, да ве заобиколи или прегази и од тебе да направи музејски безначаен експонат, едвај препознатлив, туку ПРИДРУЖИ СЕ и биди АКТЕР и учесник во создавањето на новата историја и среќна иднина на твојот народ и татковина.

Само заедно, обединети еден до друг, чесно, храбро, решително и истрајно ќе се пронајдеш и САМ во оваа света борба. Сега е прилика да се покажеш и пред пријателите и пред непријателите. Служи се со разумот свој, но и слушај го твоето срце.

Не ти требаат пари да го купиш, не се потребни жртви, нема потреба од отворање на тајни врати, не барај го кај други, обрати се искрено сам кон себе и ќе го најдеш.

Исправени сме можеби пред најголемиот предизвик што се исправил пред македонскиот народ.

Многу скоро следува период кога маршот на историјата ќе прерасне во спринт на историјата.

Спринтот на историјата е најбрза трка и само еден чекор или секунда задоцнување ќе те исфрли и ќе останеш без пласман. А, знаеш тоа што значи кога се во прашање твојот народ и татковината.

Ова не се Олимписки игри или светски и европски првенства за после 2 или 4 години да одиш на поправен. Тоа во вакви натпревари го нема.

ИЛИ ЌЕ ЈА ПИШУВАШ ИСТОРИЈАТА

ИЛИ ИСТОРИЈАТА ЌЕ ТЕ ИЗБРИШЕ

На скорешните предвремени парламентарни избори, благодарејќи на сите институции на ПАРТИЈАТА но секако најмногу и во прв план на ГОЛЕМАТА СЛИКА НА ВМРО-ДПМНЕ, нашиот лидер ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, влегуваме како големи фаворити со што ќе ја оствариме најголемата и најубедлива ПОБЕДА, толку неопходна.

Зошто споменувам ГОЛЕМА СЛИКА?

Во секое организирано општество, во секој сегмент од неговото организирано дејствување ГОЛЕМАТА СЛИКА не е само метафора туку реална организирана движечка личност која не води напред и на која се верува.

Со ГОЛЕМАТА СЛИКА на врвот се дружиме и сите, некои со малу помали слики, некои малу повеќе, но сите сме тука и сите заедно ќе се чувствуваме убаво затоа што сме биле дел од сега “историското матурско“ ТАБЛО каде што ќе престанеме да бидеме деца ами возрасни мажи и жени кои детските соништа ќе ги заменат со обврски и одговорност што ќе ги преземеме и успешно ќе ги реализираме за радост на сите.

Но, ова исто “матурско табло“ не е обично, стандардно туку нешто сосема поинакво и многу позначајно и безвремено вредно.

ГОЛЕМАТА СЛИКА историското матурско табло го презеде во моментот кога тоа беше издишан балон со само неколку матуранти, едвам видливо.

Почна со полна плуќа да дува, да се шири и расте, сликите, некои поголеми, некои помали, се множеа и растеа. Но, колку балонот беше поголем и сите слики и сите слики наши таму залепени, растеа. Растевме сите заедно. Никој не е изоставен, никој не е заборавен и никој не се намалува или останува исто голем, туку секој расте.

Затоа Ве повикувам драги браќа и сестри, сите заедно, да дуваме и заеднички да го шириме тој балон, нашиот дом во кој што сите растеме и само растеме.

Нека се шири нашиот балон ВМРОВСКИ како што се шири и расте космосот, оти твојата борба за твојата МАКЕДОНИЈА има космички димензии прелеани во чувствата на секој од нас, и радост и љубов, лојалност и патриотизам, сигурност и светла иднина што пак ќе заменат јадот, очајот, предавствата кои пак ќе им ги оставиме на жигосаните што никогаш нема да се ослободат од нив.

Сега нешто и за вас, избраните функционери, градоначалници, советници, директори.

Го осветливте образот на ПАРТИЈАТА ставајќи ја сета своја енергија и интелектуален капацитет во подобрување на животот на граѓаните. Ставивте печат, оставивте белег со кој партијата се гордее. Долго време можеби и никогаш досега во историјата на независна Република МАКЕДОНИЈА немало ваков ПРЕСВРТ во позитивна насока и остварување предизборни ветувања со надминување на ветеното за 300%, 400% и повеќе.

Денес не се бројат градоначалниците според името на градот, ами градовите се препознаваат по градоначаникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие градови со наши градоначалници се украс на љубов, знаење, умеење но и исполнување на одговорност.

Симнувам капа, потклекнувам и се поклонувам за сé што направивте за граѓаните, за градот, за Македонија, но и за афирмација на ВМРО-ДПМНЕ – посветено, неуморно во исполнувањето на обврските и предизвиците, над сите очекувања и докажавте она што постојано го тврдиме, дека не сме ИСТИ туку сме различни, дијаметрално, тие се ЛОШИТЕ, ние сме ДОБРИТЕ.

На крај. Од името мое и ветераните на ВМРО-ДПМНЕ да ВИ се заблагодарам за сé, за стореното да признаам со огромна радост во срцето, дека и во многу нешта нé надминавте и како такви вредни, достојни, извршни со уште поголем жар и елан заедно со нас ВЕТЕРАНИТЕ да ја добиеме оваа судбоносна битка и да ја оствариме нашата заедничка света цел. Да ја заокружиме еднаш за секогаш државноста на Република Македонија, да ги одбраниме но и затвориме сите историски, јазични и идентитетски прашања за на век и никому повеќе да не му падне на ум да задира во светоста на нашиот недопрен и никогаш извалкан ИДЕАЛ.

Инсистирам во овие пресудни историски моменти нашиот заеднички космички балон предводен од ГОЛЕМАТА СЛИКА никој да не посегнува, колку и да е незадоволен, бесен или гневен на некого со право или не, да го дупне а и сликата до него, пред него, зад или пред. Нема да ја задоволиш својата суета, ниту ќе заработиш некаква сатисфакција. Заедно сите ќе страдаме ако балонот наш заеднички се издише. Сите ќе се смалиме, нашите слики ќе бидат мемории до непрепознатливост без оглед колкава е мојата, твојата или нечија слика.

Сите ќе сме НИШТО.

Затоа никој нека не се обидува плуќата на ВМРО-ДПМНЕ е многу голема, полна со кислород и балонот МАКЕДОНИЈА постојано ќе биде поголем и поголем и со нови, од ден на ден, со поголеми слики и никогаш издишан.

ГОЛЕМАТА СЛИКА сите нé направи големи слики.

Никогаш не завидувај на еднаквата, поголемата, особено не на ГОЛЕМАТА СЛИКА. Следи ја и расти со неа, со неа растеш ти, твоето семејство, комшијата, пријателите, роднините, расте македонскиот народ, расте МАКЕДОНИЈА.

Само така и никако поинаку се станува Г О Л Е М А  С Л И К А

Најново од: Коментари

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

To top