Коментари

Корупцијата ќе ја уништи државата!

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Македонија тоне во корупција, а власта е неспособна или несака да се справи со неа. Високата корупција, организирана од криминалните групи заради материјална и профитна добит, најчесто се вовлечени во државно-полициските органи. Тие за да ја остварат својата цел се спремни да извршат било каков злочин и преставуваат директна закана по опстанокот на државата.

САД како стратешки партнер на земјата, согледувајќи дека корупцијата ќе ја изеде државата, испрати група за борба против високата корупција во земјата.   

Скоро секој сегмент од општествениот живот во земјата е заразен со корупција: полиција, судство, здравство, образивание и т.н. Секојдневно медиумите откриваат по некоја нова афера со елементи на корупција, која судско-полициските власти се обидуваат да ја заташкаат. Се издаваат пасоши на меѓународни криминалци и лица од црната листа. Се купуваат дипломи за завршено образование. Се штитат синови на високи фумционери кои го прекршиле законот. Се чуваат предмети во фиоки кои говорат за незаконските дејности на високи функционери од СДС и ДУИ.

Замислете, во последните две децении од кога се на власт ниту еден од функционерите на ДУИ не одговарал за криминал!!!?  

Најсрамно е што сегашната, во најголем дел корумпирана власт предводена од СДС и ДУИ, која впрочем е донесена со поддршка од меѓународниот фактор, го распродава името, јазикот, историјата и културата на македонскиот народ, односно се што преставува идентитет на Македонецот. Но, за разлика од власта во земјата, дури ни мафијата во светот, која тргува со се и сешто, има кодекс и не би се осудила да го распродава идентитетот на својот народ. 

По најавата дека САД ќе испрати група која ќе помогне во справување со корупцијата во земјата, голем број на функционери од власта се јавуваат и ја поздравуваат одлуката.  Во нивните поздрави нема ниту срам и перда, ниту осуда за власта која ја доведе земјата до оваа состојба. Некои, вината ја префрлаат на народот, заборавајќи дека рибата смрди од главата, а други пак тврдат дека Американците доаѓаат на нивен повик.  

Меѓутоа, сите забораваат дека ваквите корумпирани власти кои обично доаѓаат на власт во спрега со надворешен фактор, кој сака преку нив да ја контролира територијата, ќе бидат дадени на острел во моментот кога ја завршиле задачата или кога остапуваат од дадената агенда.  Односно, се додека не ги загрозат нивните интереси, овие групи се поддржани. Во оној момент кога се обидуваат да излезат од нивната контрола, надворешниот фактор ќе се обиде да ги замени со нови послушници.  

Во земјата постоела корупција и порано, но не како што ја има во последните години. Корумпираноста се зголеми по доаѓањето на власт на Зоран Заев, кој даде пример како се бараат пари–„Едно евро за Вицето едно евро за Црквата“ а да не се одговара. Имено, антикорупциската комисија отвори предмет „Поткуп“, но партизираното судство ја заврши својата улога.

Апелациониот суд Скопје во 2018 година ја отфрли жалбата на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште.    

Меѓутоа, на меѓународнуот фактор, која сакаше да го реши спорот помеѓу Македонија и Грција, не му требаа поштени, туку бескрупулозни политичари. Тој беше донесен на власт, го смени името на земјата, но широко ја отвори врата за влез на корупцијата во власта. 

Особено интересно е што функционерите од ДУИ, поранешните членови на ОВК, се однесуваат како шерифи. Нивните деца се семоќни., а СДС и македонскиот народ  се во нивно заложништво,

Ако правото и моралот ги одржуваат политичките заедници и ги претставуваат основните вредности, тогаш не владеењето на правото, ќе ја растури државата.

Ако поединецот во заедницата не ги почитува нормите, кои ги ограничуваат неговите желби и постапки и ако поединецот сето тоа го доживува како ограничување на личните интереси, тогаш нема да помогнат ни сите интервенции на антикорупцинерите на САД, ЕУ и НАТО. 

Едноставно Заевистите и неговата копија Ковачевски и следбениците на Али Ахмети не можат да му се спротистават на искушението, а секоја корупција започнува со попуштање пред искушението. Нивното попуштање доаѓа поради нивниот дефицит од исполнети потреби, материјални и психолошки, при што кај нив поединецот ги запоставува усвоените морални вредности. 

За од јавноста се прикријат сите овие проблеми со кои се соочува власта, која јавното добро го претвара во приватно, да се прикрие распродавањето на националните заради лични интереси, се пуштаат премногу шумови. Сведоци сме повеќе од месец дена како има дојави на лажни бомби во средните училишта, молови и други места, потоа дигање во воздух на банкомати,…

Покрај прекумерната инфлација, сето погоре наведено можеби е дел од сценариото-ќути или ќе биде полошо, за да народот прифати се што му се сервира, па и влегување Бугарите во Уставот.

Некои сметаат дека и американските антикорупционери доаѓаат со друга цел, поврзана со настаните на Косово и барањата на Бугарија. Но тие не можат да помогнат ако не се смени власта и не се формира широк семакедонски антикорупциски фронт, кој ги вклучува не само судските и полициските органи, парламентарните и владините контроли, но и банките, царинските, економските субјекти и невладини организации. Квалитетот на законите и прописите е исто така многу важен за да не остава премногу простор за флексибилно толкување.

Во борбата со корупцијата многу важен фактор е независното и некорупирано новинарство. Сето заедно со употребата на најновите технолошки достигнувањ аможе да му се стави крај на корупцијата и да се спаси државата.

Најново од: Коментари

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Најнови вести

To top