Коментари

Свекрва : Изостанува вистински одговор на анонимните дојави за поставени бомби

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

По Србија, Црна Гора, БиХ и Хрватска, во последниот месец, бран од анонимни дојави за бомби ја зафати и Македонија. Дојави за бомби пристигнаа во повеќе средни и основни училипта, хотели, трговски центри, станбени згради, скопскиот аеродром, Нородната банка и владина институција, во Скопје, Куманово. Кавадарци и Битола. Иако дојавите досега се лажни, тие создаваат страв и несигурност кај населението. Стравот е уште поизразен кога видливо е дека власта и по толку време не може да се справи за некои т.н. сајбер тероризам.

Имено, една од дефинициите го дефинира сајбер тероризмот како „криминален чин извршен преку компјутери што резултира со насилство, смрт или уништување, создавајќи терор за убедување на Владата да ја промени својата политика“. Во овој случај, сега за сега, нема ништо од тоа, освен душевен немир и економски последици. Но, власта покажува неспосбност да се справи со последиците со тероризирањето на населението.

Власта, предводена од СДС и ДУИ, која наводно не може за сега да открие кој стои зад заканувачките мејлови, сега бара  поддршка од НАТО, со образложение дека земјата е изложена на хибридна војна. Таа ја користи истата реторика како и на северниот сосед, дека всушност се работи за специјална војна која се води од надвор и внатре со цел земјата да се откаже од својата политика и да донесе одлуки под притисок и во страв.

Безбедносните аналитичари сметаат дека тука се работи за агенти на моќен центар, кои имаат за цел дестабилизација на државите на Балканот кои сакаат евроинтеграции. Во тој контекст ги ставаат, војната во Украина и најновите настани на северот на Косово, како и  дојавите за поставени бомби во државите кои се наоѓаат на линијата на огнот меѓу Истокот и Западот.

Меѓутоа, други сметаат дека е обратно. Соочувајќи се со фактот дека мнозинството македонски народ е против промена на Уставот и внесување на Бугарите во истиот, власта со своите надворешни пријатели се обидува преку внесување на страв кај населението по промената на името да изврши и други политички промени, целосно обезличување на земјата. За нив, тоа причината што „тешко“ оди и откривањето кој и од каде испраќа заканувачки електронски пораки.

Дека македонскиот народ е под тежок притисок, се гледа и од пораките на европските амбасадори, кои бараат по секоја цена влез за Бугарите во Уставот, доколку сакаме влез во ЕУ. Ако порано нин не им сметаше корупцијата во земјата, сега истите бараат борба против корупцијата. Таа, нивна дволичност, пак неминовно доведува да се запарашаме, дали повторно ќе гледаме како со користање на оваа алатка се вршат притисоци и застрашување на политичарите и пратениците за промена на Уставот.

Стравот од бомбите се вгнезди кај родителите, повеќе отколку кај нивните деца кои одат во училиште, бидејќи никој од нив не е сигурен, дали еден ден без најава, навистина нешто ќе се случи. Ако повеќе пати викате на помош бидејќи може волкот да ве изеде, еден ден навистина може и да се случи, зошто оваа власт не прави се што е потребно да го заштити населението.

Дојавите за поставени бомби освен што предизвикува голем стрес, страв кај учениците и нивните родители, потоа вработените во институциите и посетителите во ТЦ, предизвикува и економски штети. Постојаните закани ги трошат ресурсите, а се губи и дрогоцени саати.

За да се спречат човечките загуби и материјалните добра, Македонија како членка на НАТО се подготвува да се справи со разни опасности и ризици. Со помош на други членки постојано се вежбаат разни сценарија и одговор на разни закани, Но во овој случај како да изостанува вистински кординиран одговор на безбедносните институции.

Имено, постојано слушаме за секакви ризици и опасности, но нема ниту еден збор од медиа центарот на овие безбедносни институции за тоа какви превентивни активности се преземени и што се презема да се открие идентитетот на сајбер заканите..

Очигледно е дека засега граѓаните немаат некоја голема причина за страв, но напоменуваат дека тоа сепак не значи дека треба да се занемаруваат предупредувањата, бидејќи само доколку една од заканите е вистинска може последиците да бидат големи.    

Најново од: Коментари

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

To top