Коментари

Време е Македонците да ги земат работите во свои раце!

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Време е Македонците да ги земат работите во свои раце!

Настаните на северот од Косово, изјавата на првиот човек на Република Српска Милорад Додик дека е време сите Срби да живеат во една држава, како и поканата на Еди Рама до албанските партии од Македонија да дојдат на неформална средба во Тирана најавуваат жешка и тешка година на Балканот. Поради сервилноста на СДС кон ДУИ, со чија помош засега се оддржува на власт, како и политиките кои ги водат овие две партии на власт, се доведува во прашање иднината на земјата.

Меѓународното право одамна не постои. Во светот владеат двојни стандарди, политика на сила и лицемерие. Големите сили со помош на локалните вазали уништуваат држави, покоруваат народи за да ги користат нивните ресурси.

Војната во Украина ја покажа мрачната страна на глобализмот, а ОН кои живеат од средствата добиени најголем дел од големите сили е немоќен да се справи со неправдите кои се прават врз помалите и немоќни членки насекаде во светот.  

Правото на посилниот одамна се чуствува на Балканот. Тоа го почуствуваа сите држави кои  произлегоа по распадот на Југославија во деведесетите години од минатиот век. Сепак, најизложени се државите каде има славјанско православно население: Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ и Косово. Имено, виден западен политичар пред некоја година ќе изјави дека за нив поголем проблем се православните христијани отколку муслиманите.

Првото жариште на Балканот е Косово. По предновогодишните провокации на властите во Приштина и српските барикади на Северот на Косово, потоа и поновогодишните ранувања и претепувањето на српски момчиња, како и протестите во Штрпце, Србија врз основа на Кумановскиот договор од 1999 година и Резолуцијата на ОН побара да врати 1000 војници на Косово за да го заштити српското население. Меѓутоа,  КФОР на Божиќ достави одговор со кој го одби барањето. Негативниот одговор испратен на најголемиот христијански празник Божиќ, има голема симболика и доволно кажува за односот на Западот кон Србите, односно кон православното христијанско население на Косово.

Покрај Косово, потенцијално жариште за Западот е и Рапублика Српска во БиХ. Првиот човек на Република Српска Мирослав Додик, по повод 9 јануари – Денот на Република Српска и 31 година од нејзиното постоење, чие славење е оспорено, испрати повик за обединување на БиХ со Србија. Тој ќе истакне дека: „мора да го искористиме ова време за обеднивуање на српскиот народ. Дојде време кога е можно да се размислува за Србите да живеат во една држава“.

И Македонија не е исклучена од настаните на Балканот. Нејзината улога е иста како во минатото. Бидејќи немаме салам политичари и соодветен одговор за настаните во соседството, таа пак преставува монетата за поткусурување. Албанските партии во земјата наместо да му помогнат на македонскиот народ да се справи со проблемите, со поддршка од надвор ја вртат водата на својата воденица. 

Имено, случувањата на Косово, желбите на Србите во БиХ, можноста од промена на уставот или предвремени избори во Македонија, ги мобилизира Албанците. Премиерот на Албанија Еди Рама неформален лидер на Албанците во регионот ги свика на неформална средба во Тирана. лидерите на албанските политички партии само од земјата: Али Ахмети (ДУИ),  Арбен Таравари (Алијанса за Албанците), Билал Касами (Движењето Беса), Африм Гаши (Алтернатива) и Мендух Тачи (ДПА). Иако, тие велат дека се работи за новогодишна средба, отсуството на преставници на македонскиот народ мора да значи дека се подготвува нова Тиранска платформа.

На средбата беа присутни лидерите на сите политички партии на Албанците освен првиот човек на Беса, Билал Касами, кој, иако беше поканет не присуствуваше на средбата.

Целта на Македонските Албанци е јасна. Тие сакаат уставни измени и федерализација на земјата. На тоа им оди во прилог и барањата на САД и ЕУ, за промена на Уставот со цел Бугарите да влезат во него. За да ги спроведат своите цели кои се во согласнот со барањата на нивниот стратешки партнер САД, Албанците мора да се сплотат преку нова Втора Тиранска платформа. Но, доколку дојде до вакви промени во Уставот Македонија ќе има негативни последици по територијалниот интегритет. Земјата ќе се соочи со барања кои водат до поделби и може да исчезне меѓу Албанија и Бугарија.

Иако отварањето на Уставот крие опасност по македонската држава, домашните марионети упорно работат на тоа. За да ја спроведат зацртаната задача го користат странскиот фактор. Се очекува и советникот на Стејт  департментот Дерек Шоле да дојде во Македонија, наводно со фокус на борбата против корупција, енергетика и економијата. Меѓутоа, позадината може да биде сосема друга, да се озврши притисок за промена на уставот.

Сепак односот на Албанските партии најмногу загрижува, Тој е спротивен на клетвата за верност дадена уште во 1887 година.

Имено во дел од Апелот на „Албанско-македонската револуционерна лига“ се вели: „Ние не сакаме Албанија и Македонија да паднат под власта на Бугарија или Србија или Грција. Но ние сакаме на Македонија и на Албанија да им се даде автономија, дури и во тој случај ако останат тие под власта на Султанот….Во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците, макар што при тоа ќе се зачува врховната власт на Султанот. Од името на „Клетвата за верност на Албанија” ви се колнеме во точноста на се што е изложено во овој документ.“

Но, наместо погоре кажаното, денес со Македонија раководи Али Ахмети, лидерот на ДУИ, а  Македонците се нивни измеќари. Ситуацијата е скоро исто како за време на Втората светска војна. Со помош на големите сили, од една страна, притискаат Албанците од друга Бугарите.

Ваквиот фашистички притисок врз македонскиот народ бара и антифашистичка борба.

Како што имавме Трет Илинден, сега има потреба од нов Четврт Илинден, како и „Трет АСНОМ“ на кој ќе присуствуваат сите Македонци од Вардарска, Пиринска и Егејска Македонија, како и Македонците од Албанија и од дијаспората.

Време е Македонците да ги земат работите во свои раце и време е секој што им згрешил да поднесе рачун и да си ја плати сметката!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top