Коментари

Промашени години од владеењето на СДСМ и ДУИ

1svekrva copy copy copy copy

11svekrva Свекрва

СДСМ и ДУИ доаѓаат на власт по објавувањето на нелегално прислушкуваните телефонски разговори на почетокот на 2015 година, по што во земјата дојде до „Шарена револуција“ која предизвика политичка криза за чие надминување беше потпишан Пржинскиот договор. Врз основа на договорот беше формирана техничка влада за организирање предвремени Парламентарни избори во 2016 година и Специјално јавно обвинителство со цел да се истражат наводите за криминал од објавените снимки.  

Иако, еднаш осомничен за законски прекршувања при изградбата на трговскиот центар во Струмица „Глобал“, па помилуван, потоа осомничен за примање поткуп од стримичкиот стопанственик Иван Никол

ов, Зоран Заев, лидерот на СДСМ, по изборите во декември 2016 година, формира парламентарно мнозинство помеѓу партиите на СДСМ, ДУИ, Беса и Алијанца за Албанците.

Поради прифаќањето на Тиранската платформа во март 2017 година, со која се доведува во прашање унитарноста на Македонија, дури  на 17 мај Иванов, под притисок од меѓународната заедница, му го додели мандатот на Заев за формирање влада.  

1b

По добивањето на мандатот и формирањето влада на чело со Зоран Заев, коалицијата СДСМ и ДУИ, започнаа со разградба на државата.

Прв чекор во надворешната политика беше потпишување на Договор за добрососедство со Бугарија во август 2017 година. Потоа, во јуни 2018 беше потпишан Преспанскиот договор со кој Република Македонија го менува своето име во Република „С“ Македонија. Иако референдумот одржан во септември не беше успешен, власта со сила го наметна новото име на државата.  

И на внатрешен план, Зоран Заев и СДСМ, не го испочитуваа ветувањето на претседателот Иванов дадено за да го добиат мандатот. За да се оддолжат на албанските партии кои го донесоа на власт, веќе во јануари 2018 почнаа да ја спроведуваат Тиранската платформа.  Владеачаката коалицијата на 11 јануари 2018 година го донесе Законот за употреба на јазиците кој е надвор од Уставот  и Рамковниот договор.

Врз основа на Тиранската платформа, отворено е заменичко место на премиерот за спроведување на Рамковниот договор во политички систем, се преразгледуваа судските процеси „Монструм“, „Сопот“, „Бродец“ и „Диво насеље“, а  албански политичар се вклучи во преговори за името со Грција, а подоцна и во преговори со Бугарија која го оспорува македонскиот идентитет, јазик  и историја.

За многумина тоа значеше предавство, федерализација и крај на унитарна Македонија.  Всушност, со Македонија управува лидерот на ДУИ, Али Ахмети.  

Власта откако на почетокот на владеењето ја острани 700.000 евра вредната кована метална ограда пред Владата и го острани споменикот на Андов Јанев Ќосето од пред Врховниот суд за да не ја потсетува дека раката на правдата на народот е долга, но и свесна за неговото незадоволство, за да го заплаши народот да не крева глава, повторно монтираа кордон полициска ограда, а оние кои го бранеа Уставот на РМ на 27 април 2017 година добија 211 години затвор.

Владата предводена од аболиран политичар и поранешни наводни „брци за чивекови права“, набргу стана легло на криминални дејаниа. Дури два поранешни генерални секретари блиски на Зоран Заев се обвинети. Драги Рашковски за незаконски набавки и перење на пари, а другиот Мухамед Зекири за сомнителни јавни набавки. 

МВР предводено од СДСМ и ДУИ не може да ги спречи овие појави, а според изјавите на нивни преставници, нивни инспектори, полицајци, потоа чувари на затворот, во спрега со функционери, како домашни и странски бизнисмени, се дел од добро орханизирани криминални групи кои се замешани во продажба на дрога, оружје, пасоши и др.  

По доаѓањрто на власт на СДСМ и ДУИ, Македонија од година на година се полошо е рангирана по индексот на корупција. Корупцијата е рак рана која ја уништува државата.  

Но тоа не е доволно за мафијата во власта, која продолжува да се задолжува енормно, особено за проекти кои за жал во последните години докажа дека не е способна ни да ги заврши. И покрај зголемениот буџет, таа не направи ниту еден километар автопат (автопатот од Скопје кон Кичево освен што доцни неколку години стана двојно поскап), ниту еден километар железничка пруга, не ги изгради ниту болницата во Штип, ниту клиничкиот центар во Скопје. Исто така, ниту една капитална инвестиција во енергетиката, нема ниту една зграда  и т.н.   

Нормално е човек да се запраша каде итидоа или одат парите издвоени за решавање на кризите: пандемијата со Ковид 19, војната во Украина и енергетската криза (поскапена цена на струја и гас). Но кога ќе се видат извештаите кој набавува и како лекови, кој е влезен во бизнисот со набавка на енергенси и т.н. сосема е јасно, дека нема така лесно да исчезнат корупцијата и клијетелизмот, особени не со вакво судството кое е метастазирано.

Не така одамна, во 2020 година, ни го покажа  случајот на специјалната обвинителка Катица Јанева, која за злоупотреба на службената положба и овластување  во случајот „Рекет“ беше осудена на 7-годишна затворска казна. 

Годините поминати во власта на СДСМ и ДУИ се години на промашено владеење. Високата корупцијата во земјата толку го има зафатено секој сегмент во општеството, што ја уништува земјата, а поради што народот се иселува..  

За да се извлече од состојбата се потребни коренити измени. Потребно е целата структира поставена од СДСМ и ДУИ, да замине од власта.

Само со целосна промена во законодавната, извршната и судската власт и со донесувањето на нови личности кои нема да се осудат на коруптивни дејанија, а потоа да се спроведат механизми кои ќе ги спречат на било каква помисла за незаконито богатење, можеме да ја спасиме државата.

Власта предводена од ДУИ и СДС единствено поле на кое е успешна е во креирањето криминал со коруптивни скандали на дневно ниво. 

Час поскоро Предвремени Парламентарни избори е единствениот начин за спас за државава од оваа корумпирана и антимакедонска влада.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top