Коментари

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МЕТО И ОМД: ДА СЕ МОБИЛИЗИРАМЕ ВО ОДБРАНА НА МАКЕДОН(ИЗМОТ)ШТИНАТА

Martin Trenevski 1
1martin1
М-р Мартин Треневски, Поранешен министер за иселеништво и амбасадор
ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МЕТО И ОМД:  ДА СЕ МОБИЛИЗИРАМЕ ВО ОДБРАНА НА МАКЕДОН(ИЗМОТ)ШТИНАТА
Мето, голем поздрав од Скопје!
Повеке пати ти пишав, но не ме удостои со било каков одговор и затоа се одлучив вака, јавно, да ти се обратам тебе и на членовите на ОМД.
Од мојот прилог објавен во МАКЕДОНСКА НАЦИЈА  (види во порталот: http://www.mn.mk/)  можеш да согледаш дека овде, дома, во Македонија се соочуваме со невидени притисоци за промена на Уставот на РМ и вметнување на Бугарите – замислите: како конституивен народ во преамбулата на нашиот устав!? Многу е јасно дека значајна (ако не и  к л у ч н а улога) во тие притисоци има STATE DEPARTMENT-от, претставен преку амбасадорката во Скопје Н.Е. Анџела Агелер (се поочигледно станува дека таа можеби и ќе го надмине Jess Baily со потезите што ги прави во името на Стејт Департменот за промена на Уставот на РМ и ништење на македонштината!!!
Cпоред мое видување, тоа се прави пред се во интерес на Грција која не може да прифати дека на планетава земја постои нација што се нарекува М А К Е Д О Н Ц И, а во последно време и на Бугарија која сега гледа шанса за остварување на СанСтефанските соништа!!!
Колку за потсетување: Една од првите изјави на грчкиот министер за надворешни работи Дендијас кога дојде на таа функција беше: “Ќе ги примораме Скопјаните да се откажат од македонизмот низ процесот на преговори за членство во ЕУ”. Потоа следеше и изјавата на Бугарскиот претседател Радев на конференција во Берлин: “Не смееме да дозволитме македонизмот да навлезе во ЕУ”. Појасно од ова мислам не може да биде!
Нејзината екселенција амбасадор на САД отиде лично во Мала Речица, за таму – во седиштето на таа партија – владин коалиционен партнер, лобира: партиите на Албанците во Македонија да се мобилизираат и преку своите пратеници во Собранието на РМ да гласаат за промена на Уставот нa РМ. По таа средба и Албанскиот премиер Еди Рама ги покани лидерите на партиите на Албанците во РМ во Тирана, кобожемски на пост-Новогодишна средба, но со јасни сигнали дека и тој – во улога на патрон на сите Албанци во регионот, вклучувајки и во Македонија и воедно мешајки се во внатрешните работи на нашата земја, се ангажира сите албански пратеници во Собранието на РМ да гласаат за промена на нашиот Устав.  
Збор-два за Грција. Таа има многу силно лоби во САД. Имаа потпретседател на САД Грк (Спиро Егњу), имаа кандидат за претседател на САД (Мајкл Дукакис), имаат многу голема иселеничка заедница и крупни бизнисмени кои даваат подршка и на републиканската и на демократската партија (типично византиски стил – и на едниде и на другите и која партија е на власт Грците имаат свое влијание во неа), а тука е и  подршката од Грчките бродосопственици и крупниот бизнис од Грција, кои сесрдно влијаат и на надворешната политика на САД, креирана и егзекутирана преку Стејт Департментот.
Вметнувањето на Бугарите како конститутивен народ во нашиот устав ќе значи на долга патека – според мое видување, реализација на СанСтефанските соништа на Бугарија и тоа со силна политичка (и не само политичка) подршка на САД и Европската унија. Со други зборови, она што Бугарите не можеа да го остварат во војна – со оружје (анексија на Македонија), сега имаат (не дај Боже, далеку било) голема можност да го остварат со политички притисоци и средства.
Мето, верувам ОМД како организација имате некои сенатори и конгресмени во Вашингтон што би го покренале  прашањето за нас – како верни и лојални сојузници на САД: да се спречи                 Американската подршка за овој геноцид врз нас – кои останавме во татковината и секаде каде не има ширум светот, што се обидуваме со сите сили да ја одбраниме Македонија и Македонската нација!?
Апелите во стилот осуди, деманти и сл (Ваше соопштение: ОМД: МНР и МВР да ги прогласат Џамбаски и Каракачанов персона нон грата), што често ги правите се од полза, но има и други – поефикасни методи. Не ни помислувам да се мешам во вашите методи на работа и да делам лекции, но само како сугестија: пишувајте писма, апели и сл. и во Американските медиумите, па белким ќе помогне некои работи ќе се корегираат. Освем тоа, користете ги искуствата на грчката “невладина” организација ПАНМАКЕДОНИКИ која не е ништо друго до гласноговорник на владата во Атина! Со други зборови, се што Грчката влада од разни причини не е во позиција јавно да објави или покрене, тоа многу гласно го прави нејзината дијаспора главно преку споменатата и слични организации!!!

A за нашата подршка на САД, колку за потсетување:  Македонија учествуваше во  “Заливската војна” како сојузник на САД; од самиот почеток учествуваше во мисијата ИСАВ во Авганистан со свои 160 војници (Грција имаше само 30 војници тогаш и тоа главно медицински персонал и обавештајци), нашите војници во Кабул ја чуваа амбасадата на САД и командата на операцијата ИСАВ и да не набројувам понатаму.
  
А да ве прашам драги мои сонародници, Aмeринакци со македонски корени: Kaко е можно САД да не жртвуваат нас заради Бугарија и воопшто да и веруваат на Бугарија?
Па Русите два пати им направија држава – еднаш царска Русија, вториот пат советска Русија, а Бугарите први им свртеа грб! Што мислат во Стејт Департментот, зарем тоа нема да им го направат еден ден и ним?
Па почнувајки од нивниот претседател Румен Радев, до најголем дел од политичари и офицери во Бугарија се Руски воспитаници! Тоа во Вашингтон не го сваќаат???
Со сигурност знам (од времето кога бев амбасадор во НАТО) дека Стејт Департментот беше длабоко инволвиран за скицирање на антимакедонско сцеранио (силно подржано од ЕУ), за промена на уставното име на Македонија. преку разни “шарени револуции” и слично!!!
Впрочем, Поранешниот Американски амбасадор во Македонија Џес Бејли јавно го призна тоа со изјавата што ја даде по големиот притисок на македонската јавност: “Се што правам овде (во Републиката) е според инструкциите што ги добивам од Вашингтон”.
Господ и Св. Климент, а се разбира и ОМД нека ни се на помош!
Во Скопје, 24 јануари, лето Господово 2023.
 П.С. Како идеја: Можете слободно да го преведете ова мое обраќање и да го препратите на сите членови на Сенатот и Конгресот. Веројатно кај некого ќе допрат моите пораки како бивш министер во две македонски влади и повекекратен амбасадор на Република Македонија.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top